Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.371
Поени од реакции
4.903
Да не му се наоѓаат на некого обработени песни од Петре М. Андреевски ?? :smir:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.960
Поени од реакции
24.161
Ми треба книга. Страданието на младиот Вертер-Јохан Волфганг Гете. Се работи за докомплетирање на колекција. Изданието е од 1989-та корицата на книгата задниот дел е портокалова боја (нешто потемна од веб страницава на форумов) а на предниот дел има слика и на плава позадина со црни букви го пишува насловот. Кннигата да е добро сочувана.

За возврат ја нудам истата книга нова неотворена уште спакувана во целофан или паричен надомест. Ако ја имате атачирајте фото да ви потврдам дали е таа.

Благодариме однапред
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Имам писмена на тема Парите се отепувачка? Некој идеа да ми даде што да пишувам одприлика или нешто ако имат на нет.....
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
540
Поени од реакции
72
Дали некој би се нафатил да ми преведе мало текстче на француски за скопје, ептен е кратко, ми треба итно за утре нешто... Немора да биде ептен без ниедна грешка, или којзнае како...

Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латниски: Scupi).
Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi на албански, Скопље на српски, Scupi на латински, Скопье на руски, Σκόπια на грчки, Scoplie на романски јазик, Üsküp на турски.Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнешниот период градот подпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.371
Поени од реакции
4.903
Одаде и отаде
Ти дојдов дека сонив два сона набашка
(сега сонувам cè ти што сонуваше
и сонувам како ме сонуваш),
едниот сон за мене, другиот за тебе,
но не било за така: во двата ти ми помина
со главата в раце, со очите пред себе,
a пo тебе булуци јагниња и јариња
да блекаат и мекаат, да ѕвонат и да греат.
Дојдов да те прашам да не ти треба нешто,
да не нешто те носам на душа,
па грешките и гревот да ми ги оправдаш
и одаде животот и отаде смртта,
оти грешен е оној што не дава проштење,
a не оној што проштење бара.
Не знам што правам, a доправам нешто
што е само сеќавање на тоа нешто
и плачот ми е спомен од некое минато плачење
и зборовите ми ce одѕив
на некои други зборови.
Te барав секаде кај што мислев дека ќе поминеш,
од кај што изгрева до кај што заоѓа сонцето,
но ниедно светло до тебе да ме допрати.
Барем негде сенката да ти ја најдев заспана,
пред некоја градска чешма, во некоја градина,
да можам да ја покажам,
да ја прекажам, да ја раскажам.
Не можеше да ме почекаш заедно да остариме,
не ce разбра со животот,
набрзиш ја потроши брзината негова
и пушти над главата трева да ти расте,
плот и темен темел да и’ бидеш нејзе.
Дали ти беше мал народот, мала земјата,
дали ти беа малку зборовите, тесно во песната
за да те собере сиот, за да те разберат сите?
Еве, сега пак те тажам и плачам
и, прости дека тоа полека
ми станува и радост, единствена свеченост


некој да ми поможе при обработкава на поемава ??
ми треба барем една стислка фигура и мотивот..
благодарам од напред..
 

Mudkipz

newfag
Член од
3 март 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ми треба текст/есеј/истражување во врска со дизајнот во 70тите, пожелно е да е на македонски јазик пошо стварно ме мрзи да преведувам, но веќе ако не знаете каде би нашол на македонски јазик, во ред е и на англиски јазик да е пишувано. Фала однапред.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
30
Поени од реакции
1
ке ве замолам за помош

имено ја барам книгата "Краљ Алкохола " Од Џек Лондон дали на српски или на македонски не е битно , ако знае некој линк за да ја симнам , или па од кај да ја купам или у краен слуцај да не ја има некој дома па да ја ископирам
ПОЗЗЗ и фала ви однапред
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
30
Поени од реакции
1
proveriv vo edna biblioteka no ja nemase a za drugi nenzma kaj ima
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.701
Поени од реакции
13.357
Ако си од Скопје, обиди се во библиотеката „Браќа Миладиновци“ што се наоѓа на самата „Партизанска“ веднаш до Градежниот факултет.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Дали знае некој дали ја има Mein Kampf (на македонски ми треба-Мојата Борба е преводот) во некоја од книжарниците во Скопје? Бев во Икона, Три, Табернакул, Просветно Дело ја немаше никаде. Единствено не бев во Икона што е во Рамстор. Инаку, можно е да ја има по бибилотекиве? Фала однапред :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
Дали знае некој дали ја има Mein Kampf (на македонски ми треба-Мојата Борба е преводот) во некоја од книжарниците во Скопје? Бев во Икона, Три, Табернакул, Просветно Дело ја немаше никаде. Единствено не бев во Икона што е во Рамстор. Инаку, можно е да ја има по бибилотекиве? Фала однапред :)
Издание на Ѓурѓа е.
Имаат штандови на плоштад и во ГТЦ често, прашај таму.
А за во библиотеки не знам, би требало да ја има.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Издание на Ѓурѓа е.
Имаат штандови на плоштад и во ГТЦ често, прашај таму.
А за во библиотеки не знам, би требало да ја има.
Знам дека е нивно издание ама прееска кога бев на штандот на плоштад празно беше, немаше никој таму. Ок, фала во секој случај. :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Мене ми треба информација дали некој го спремал, положил или макар се распрашувал за лекторскиот испит. Било која информација е корисна зошто цел месец голгота преживувам со институциите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom