Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Black Swan

With Chelsea Forever
Член од
19 јули 2006
Мислења
101
Поени од реакции
0
Дали има некој нешто за Трајко Прокопиев? Конкретно ми треба нешто како зашто е значаен,кои му се најзначајни дела и сл.
 

Black Swan

With Chelsea Forever
Член од
19 јули 2006
Мислења
101
Поени од реакции
0
Побарав таму, но таму го има само најосновното. Мене ми требаат и за музиката што ја пишувал,какво значење имал за мак музиката,позначајни дела,кога биле изведувани,за делото негово воопшто
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Pravel li nekoj proekt za deloto Krpen Zivot od Stale Popov, seminarska ili slicno. Ve molam ako imate nesto?Anyone? Thanks!
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
POMOS!!!
-Nekoj ako moze da najde na internet za toa kako se hranat ping pongarite
.... mi treba za uciliste za eden proekt... ako nekoj moze toa da go najde neka pise...
Blagodaram odnapred:) :) :) :)
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
DoN DjElAtImUs напиша:
POMOS!!!
-Nekoj ako moze da najde na internet za toa kako se hranat ping pongarite
.... mi treba za uciliste za eden proekt... ako nekoj moze toa da go najde neka pise...
Blagodaram odnapred:) :) :) :)
Ziti se, kako se hranat ping-pongarite, koj ti dade vvakov proekt stvarno? :uvo: :uvo:
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
eci^^^ напиша:
Ziti se, kako se hranat ping-pongarite, koj ti dade vvakov proekt stvarno? :uvo: :uvo:
haha...profesorot po fizicko...
Abe imame proektni aktivnosti vo skoloto i jas se zapisav na ping-pong i sega trebalo da napravam proekt za toa kako se hranat ping-pongarite...
ako mozes nekako pomagaj..bidejki rabotata ne odi na dobro..hahaha :) :) :)
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Llele aman veke od tie proektnite aktivnosti. Jas bi mozela da najdam nesto vo vrska so ishranata na sportistite, poso edna drugarka izrabotuvase takov proekt, pa ko ke go najdam, ke ti go pratam po pp vazi?
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
не барам ништо ама иам семинарска по вовед во право ако му треба на некој нека каже.
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
има некој проект за водопадите во струмица
околу 10 страни ми треба, колку можете да помогнете толку
(го знам тоа од википедија, друго по можност)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Помош! Семинарска работа

Епа вака се мислев да отворам тема или не. Ми треба семинарска за било кој филозоф 10-15 страни да биди. Ги прашав овие што мислам дека имаат одлични познавања од филозофијата(по постовите како што видов) но никој нема, па затоа го молам тој што има да пиши тука или по ПП. pls нож до коска е дојдена работата


pozdraFFF....
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Михаил Бакунин



Михаил Александрович Бакунин (руски - Михаил Александрович Бакунин, Michel Bakunin - на гробот во Берн) (18 мај 1814 – 19 јуни1876) познат револуционер и еден од „татковците“ на модерниот анархизам.
Рани години

Во пролетта 1814, Михаил Александрович Бакунин е роден во аристократско семејство во селото Прјамухино (Прјамухино) помеѓу Торжок и Кувшиново, во Тверска губернија, северозападно од Москва. На возраст од 14 години тој оди во Петроград, каде што се здобива со воена обука при Универзитетот за Артилерија. Ги завршува студиите во 1832 година, а во 1834-та бил назначен за помлад офицер во Руската Империјална Гарда и бил испратен во Минск и Гардинас во Литванија (денес Белорусија). Тоа лето, Бакунин се најде во семејна расправија, каде што ја зазема страната на сестра си, која се бунтува поради несреќниот брак. И покрај желбите на татка си да продолжи во воената или цивилната служба, Бакунин оди во Москва со надеж дека ќе студира философија.

Интерес во философијата

Во Москва, Бакунин брзо се стекнува со пријатели кои се поранешни универзитетски студенти, и се ангажира во систематска студија за идеалистичката философија, групирана околу поетот Николај Станкевич,„ храбриот пионер кој го отвори широкиот и плоден континент на германската метафизика кон руската мисла“ (E. H. Carr). Философијата на Имануел Кант од почетокот зазема централно место во нивните студии, потоа следел Шелинг, Фихте и Хегел. Во есента 1835, Бакунин започна со формирање на философски кружок во неговиот роден град Прјамухино. Во 1836, Бакунин се враќа во Москва, каде што објавува преводи од Фихте како Some Lectures Concerning the Scholar's Vocation и The Way to a Blessed Life, која патем стана негова омилена книга. Со Станкевич тој исто така го чита Гете, Шилер, Жан Пол и Хофман.
Тој имаше големо влијание од Хегел. За време на овој период тој се запознава со социјалистите Александар Херцен и Николај Огарев, како и славофилите Константин Аксаков и Пјотр Чадаев. Во овој период тој почнува да ги развива своите пансловенски погледи.

Студирање во Германија

По долги расправии со својот татко, Бакунин оди во Берлин во 1840 година. Неговиот тогашен план беше да стане универзитетски професор („свештеник на вистината“, според него), но тој набрзо им се придружи на радикални студенти на таканаречената “Хегелијанска левица”, со што се придружи и на социјалистичкото движење во Берлин.
По три семестри изминати во Берлин Бакунин оди во Дрезден каде се спријателува со Арнолд Руге. Тука го чита делото Der Sozialismus und Kommunismus des heutigen Frankreich на Лоренц фон Штајн со што ја разгорува страста за социјализмот. Тој ги напушта своите интереси во академската кариера, посветувајќи се повеќе време на промовирање на револуција. Руската влада, која станува свесна за неговиот радикализам, му наредува да се врати во Русија. По неговото одбивање, неговата сопственост била конфискувана. Тој отишол со Георг Хервег во Цирих, Швајцарија.

Швајцарија, Брисел и Париз

За време на шест месечниот престој во Цирих, се поврза со германскиот комунист Вилхелм Вајтлинг. Се до 1848 тој остана во добри релации со германските комунисти, повремено нарекувајќи се себе си комунист и пишувајќи статии за комунизмот во Schweitzerische Republikaner. Се пресели во Женева во западна Швајцарија кратко по апсењето на Вајтлинг. Неговото име често се споменувало во материјалите на Вајтлинг кои беа запленети од полицијата. Овие извештаи стигнаа до царската полиција. Рускиот амбасадор во Берн, му нареди на Бакунин да се врати во Русија, но наместо тоа тој тиде во Брисел, каде запозна многу водечки полски националисти, како Јоаким Лелевел. Тој се судри со нив за нивното барање за историска Полска со границите од 1776, тој го бранел правото за автономија на не - Полјаците во истите територии. Тој исто така не го подржувал нивниот клерикализам, а пак тие не ги подржуваа неговите повици за еманципација на селанството.
Во 1844 Бакунин оди во Париз, во тоа време центар на европскиот радикализам. Тој остварува контакти со Карл Маркс и со анархистот Пјер Жозеф Прудон, кој го импресионира многу.
Во декември 1844, царот Николај I потпишува декрет за укинување на привилегиите на Бакунин како благородник, забранувајќи му ги граѓанските права, конфискувајќи ја неговата земја во Русија и прогонувајќи го во доживотен прогонство во Сибир, ако го фатат. Тој реплицира со долго писмо во La Réforme, каде го нарекува царот деспот и бара демократија во Русија и Полска. Во Март 1846 во друго писмо во the Constitutionel ја брани Полска, следејќи ги репресиите од католиците таму. Некои полски бегалци од Краков, по поразот од востанието таму, го поканија да зборува на состанокот во ноември 1847 по повод полското востание од 1830 година. Во неговиот говор Бакунин повикува за сојузништво помеѓу полскиот и рускиот народ против царот. Како резултат на сето тоа, тој бил избркан од Франција, со што повторно отиде во Брисел.

Панславизам и револуцијата

Обидот на Бакунин да ги вовлече Александар Херцен и Висарион Белински во заговорничка акција за револуција во Русија беше неуспешен. Во Брисел, Бакунин ги обнови контактите со револуционерните Полјаци и со Карл Маркс. Тој одржа говор на состанок организиран од Лелевел во Февруари 1848 за големата иднина на Словените. Во меѓувреме руската амбасада пушта гласини дека Бакунин е руски агент. Како што револуционерното движење избиваше на површина, Бакунин е екстатичен, и покрај разочарувањето од фактот дека малку работи се случуваат во Русија. Бакунин обезбеди средства од социјалисти како Фердинанд Флокон, Луј Блан, Александар Огуст, Ледри Ролан и Алберт Ловриер, за проект за Словенска федерација и ослободување на оние кои беа под пруска, австро-унгарска и турска власт. Тој ја напушта Германија патувајќи преку Баден до Франкфурт и Келн. Тој ја подржа Германската Демократска Легија предводена од Хервег. Тој ги влоши односите со Маркс, поради последната критика на Маркс за Хервег. Многу подоцна, во 1871, Бакунин ќе запише: „Јас морам отворено да признаам дека во оваа контроверзна ситуација Маркс и Енгелс беа во право. Тие го напднаа Хервег на лична основа кога тој не беше таму да се брани. Се конфронтирав со нив лице в лице, каде жестоко го бранев Хервег, и тогаш започнаа нашите заемни антипатии”. Тој отиде во Берлин, но беше спречен од полицијата да оди во Посен, дел од Полска кој беше окупиран од Прусија, каде што се будеше националната свест на народот таму. Така Бакунин отиде во Лајпциг и Бреслав, потоа во Прага каде зема учество во Првиот Пансловенски Конгрес. Тој се врати во Бреслав, каде Маркс го реобјави тврдењето дека Бакунин е царски агент, тврдејќи дека Џорџ Сенд имал доказ. Маркс ја повлекува изјавата по одбраната на Џорџ Сенд на Бакунин.
Бакунин го објавува неговиот Апел до Словените есента 1848, каде предлага на обединување на револуционерите Словени со Унгарците, Италијанците и Германците со цел да ги отфрлат трите главни автократии во Европа како Руската Империја, Австро-Унгарската Империја и Кралството Прусија.
Бакунин одигра важна улога во Мајското Востание во Дрезден 1849Рихард Вагнер и Вилхелм Хајне. Го заробија во Хемниц и го држеа тринаесет месеци пред да биде осуден на смрт од страна на властите во Саксонија. Бидејќи беше баран и од властите на Австрија и Русија, пресудата се смени во доживотен затвор. Во Јуни 1850, го предаваат на властите од Австрија. Единаесет месеци подоцна, тој повторно е осуден на смртна казна и повторно казната се менува во доживотен затвор. Конечно во Мај 1851, Бакунин е предаден на властите во Русија. година, помагајќи да се организира одбраната на барикадите од пруските војски, заедно со

Затвор, признание и егзил

Бакунин е однесен во тврдината св.Петар и св.Павле. Беше посетен од страна на грофот Орлов, емисар на царот, кој му предлага да напише изјава која ќе го стави Бакунин, како духовно така и физички, во рацете на Руската држава. Бакунин му пишува на царот: „ Го сакате моето признание. Но, мора да знаете дека грешникот не е обврзан да ги открива не-делата на другите. Јас ја имам само честа и совеста дека никогаш не сум ги предал оние кои ми веруваат, и ете затоа нема да ви дадам имиња.
Читајќи го писмото царот Николај I забележува: „Тој е добар човек, полн со дух, но е опасен и ние не треба да престанеме да го набљудуваме.“ Ова признание е прилично контраверзно. Постојат и поинакви интерпретирања на истото. По три години во занданите на тврдината св.Петар и св.Павле, тој поминува уште четири години во замокот Слиселбург. Тука, тој пати од болест на забите кои му паѓаат како резултат на исхраната. Тој подоцна вели дека нашол одредено олеснување од ментална гледна точка во легендата за Прометеј. Ужасните услови во кои се наоѓа, како и долгото време поминато во затвор, имплицираат да тој побара од брат му да го снабди со отров. По смртта на НиколајI, новиот цар АлександарII лично го брише од листата за амнестија. Во Февруари 1857, неговата мајка молејќи го царот успева да го прогонат во перманентен егзил, во сибирскиот град Томск.


 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Животот во Сибир

За речиси неполна година по пристигнувањето во Томск, Бакунин се жени со Антонија Квијатковска, ќерка на полски трговец. Во Август 1858 Бакунин е посетен од негов втор братучед, грофот Николај Муравјов-Амурски, кој е гувернер на Источен Сибир десетина години. Муравјов бил либерал, а Бакунин како негов роднина му станал омилен. Во пролетта 1859, Муравјов му помага на Бакунин за работа која ќе му овозможи на Бакунин да се пресели со сопругата во Иркутск, главен административен и културен центар на Источен Сибир во тоа време.
Тоа му овозможува на Бакунин да биде дел од круг на луѓе чии политички дискусии се позиционирани во колонијалниот штаб на Муравјов. Негодувајќи од третманот на Петроград према колонијата, која се користи како отпад за бунтовници од страна на бирократите во Петроград, се појави предлог за Соединети Држави на Сибир, независни од Русија, како примерот со Соединетите Американски Држави. Во тој круг на луѓе беа: Кукел кој е шеф на персоналот на Муравјов, инаку поврзан со Петар Кропоткин и кој ги има сите дела на Александар Херцен, потоа цивилниот гувернер Изволски, заменикот и можен наследник на Муравјов генералот Александар Додуков-Корсаков. Кога Херцен го критикува Муравјов во The Bell, Бакунин ревносно го брани Муравјов.
Благодарение на влијанието на Муравјов, Бакунин заработуваше 2000 рубљи годишно без да работи нешто конкретно. Сепак, Муравјов беше присилен да се повлече од позицијата како генерален гувернер, делумно поради неговите либерални погледи, делумно поради стравувањата на Петроград дека тој може да му донесе независност на Сибир. Така на таа позиција доаѓа Корсаков, кој на Бакунин му дава писмо за да може да патува на било кој брод на реката Амур под услов да се врати кога ќе пристигне мразот.

Бегство од егзил и враќање во Европа преку Јапонија и Америка

На 5 Јуни 1861,, Бакунин го напушти Иркутск како сибирски трговец кој патува до Николаевск. Веќе на 17 Јули тој се наоѓа на рускиот воен брод Стерлок, а на пристаништето Олга, Бакунин ќе успее да го убеди американскиот капетан на бродот SS Vickery да го качи на бродот. На 6 Август тој се наоѓа во Хакодате на јапонскиот остров Хокаидо, а потоа оди во Јокохама. Во Јапонија Бакунин се најде со Вилхелм Хајне. Тој исто така се сретна со германскиот ботаничар Филип Франц фон Зиболд кој пак беше инволвиран во отворање на Јапонија кон европејците, особено кон Русите и Холанѓаните, но беше и пријател на Муравјов.
Тој ја напушта Јапонија од Канагава како еден од деветнаесетмината патници на бродот SS Carrington меѓу кои беа Хајне, П. Ф. Кое и Жозеф Хеко. Хеко изигра многу важна улога осум години подоцна во советување на Кидо Такајоши и Ито Хиробуми за време на отфлањето на феудалниот шогунат Токугава. Тие пристигнаа во Сан Франциско на 15 Октомври. Во периодот пред да се изградат транс-континенталните железнички пруги, најбрзиот пат до Њу Јорк беше преку Панама, по тој пат Бакунин пристигна во Њу Јорк. Во Бостон тој ја посети Керол Форстер, партизан на Лудвик Миерославски за време на револуцијата од 1848 во Париз, а се сретна и со Фридрих Кап кој исто така беше ветеран од таа револуција. Тој потоа отплови за Ливерпул од каде пак продолжи за Лондон за да се види со Херцен.



Враќање кон револуционерниот активизам

По пристигнувањето во Европа, Бакунин веднаш се поврза со револуционерното движење. Тој во 1863 се придружи на револуционерната експедиција што требаше да ја помогне полската инсурекција против царот, но по поразот Бакунин оди во Шведска. Во 1864 тој допатува во Италија каде почнува да ги развива неговите анархистички идеји. Тој го зачна планот за формирање на тајна организација на револуционери кои ќе продолжат со пропагандата и поготовките за директна акција. Тој регрутираше Италијанци, Французи, Скандинавци, Словени во Интернационалното Братство, познато и како Алијанса На Револуционерни Социјалисти. До Јули 1866Шведска, Норвешка, Данска, Белгија, Англија, Франција, Шпанија, Полска и Русија. Во неговото дело Револуционерен Катехизам од 1866, тој се спротивставува на религијата и државата, и предлага: „ апсолутно отфрлање на секаков авторитет вклучувајќи го и оној каде што се жртвува слободата за сметка на државата. тој ги информираше Херзен и Огарев за плодовите на својата работа за претходните две години. Неговото тајно друштво имаше членови од



Лига за Мир и Слобода

За време на периодот од 1867 до 1868, Бакунин одговори на повикот на Емил Аколас со инволвирање во Лигата за Мир и Слобода, за која напиша подолг есеј наречен Федерализам, Социјализам и Антитеологизам. Тој тука предлага федерален социјализам, и се базира на делата на Прудон. Тој ја подржува слободата за здружување и правото на сецесија на секоја единка од федерацијата, но потенцира дека:„ Слободата без социјализам е привилегија, неправда; социјализам без слобода е ропство и бруталност.
Бакунин одигра проминентна улога на Женевската Конференција (Септември 1867) и влезе во Централниот Комитет. На оснивачката конференција присуствуваа околу 6000 луѓе.
На конгресот на Лигата во Берн 1868 тој како и социјалистите Елизе Реклу, Аристид Реј, Жаклард, Џузепе Фанели, Н. Јуковски, В. Мрачковски и некои други го сочинуваа малцинството. Тие се отцепија од Лигата и ја создадоа Интернационална Алијанса на Социјалистичка Демократија која имаше усвоено револуционерна социјалистичка програма.

Категорија: Анархисти




извор

 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
фала тина само ова не знам како да го преведам немаш убаво копирано овај дел во Враќање кон рев. активизам:


.....Шведска, Норвешка, Данска, Белгија, Англија, Франција, Шпанија, Италија како и Полски и Руски членови во неговиот Револуционарен Активизам 1866------и сеа ова како да го преведам
” absolute rejection of every authority including that which sacrifices freedom for the convenience of the state.[10] ” целосно одбивање на каков било авторитет вклучувајќи го онај кој ja жртвува слободата за напредок,предност на државата.
тоа convenience не знам како да го преведам за да има смисла реченицата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom