Вака, да го стесниме изборот.
Астрата со 140 кс ако е за 14 500, тоа е супер понуда, градска ќе јаде минимум 10 Л, што е многу.
Лансерот е 13 480 со плин, ама хечбек. Не знам дали би добил Лансер седан со плин за истата цена. Би јадел и тој градска 10 Л, али плин, што е многу битно. На koli.com.mk имаше многу лоша рецензија за Лансерот, а пак, мене ми се свиѓа уште од кога излезе.
Голфов го фалат сегде и странски и наши, но 15 000 еур за основниот мотор со старлајн пакет е прескапо (80 и неколку коњи за таа каросерија е премалце), плус во град и тој јаде околу 10 Л.
Рено меган, стварно добра линија, посебно купето.
Шкода октавија, новата понуда дизел 110 кс ТДИ со амбиенте плус за 15.800. Стварно добра понуда и штедливо, но иако е поголема од сите други, ми е некако премногу “старска“, можеби за десетина години би земал (со фамилија, ово оно
).
Крузот - многу поделени мислења слушам, иако и тој ми е фаворит.
Киа-та и Леонот ми беа поранешни фаворити, ама сега некако ми бледнеат.
Навистина, не може да ми се фати крајот со изборов
Секако ќе направам тест возење на сите овие и ќе побарам понуди со максимален попуст колку што можат да дадат. Се мислев и на една друга варијанта Поло 1.6 TDI, змивче, малце троши, но цената 15.500, а колата е мала.
:S