Друже значи да се разбереме. Јас не навредив никого дека е глуп, туку ми се види многу пристрасно, за сите фирми хлавоспевки а за АМЦ ругање како којзнае што да ви имаат направено. Ако е така, ете моето лично искуство со сервис на ПЦ е најдобро со Риверсофт. Неколку пати пред неколку години сум носел ПЦ и дечките се што рекле ќе направат, го направиле, за колку дена рекле секогаш било направено и тоа е тоа. Ама ете изгледа не им оди, пред затворање се чинам, кога последен пат бев во нивната продавница, тука во Козле, пола рафтови празни. А за АМЦ коментирав баш преку случајот со брат ми, и после ми стана по форумот интересно. Значи кога одевме со него да бираме лаптоп ги поминавме сите ИТ фирми низ Скопје. Во АМЦ 250 лаптопи избор, одиме во СЕТ на половина од тоа, одиме во овие на ќошето ТНТ, таму 10-15 лаптопи, одиме во Анхоч 5 лаптопи, 5 тастатури и 8 мауси. Па логично е и да има во бројка повеќе корисници незадоволни од АМЦ отколку од Анхоч. Ако АМЦ според понудата продаваат 1000 лаптопи месечно, 5% да јават проблем се 50 незадоволни луѓе, а ако Анхоч продаде 100 лаптопи месечно кај него со тој процент ќе дојдат само 5 души незадоволни. И ми фати само око „жарот“ со кој се напаѓа некоја фирма, не сум пристрасен кон никого. А дека има по форумите, не само за ова, и за други работи, луѓе платени да зборуваат против својата конкуренција, сигурно дека има, и тоа си е легитимно право на фирмите, така функционира и интернетот. Ок смирувам топка, еве не коментирам веќе во таа насока, па на крај на краиштата и АМЦ нека си платат некој да ги брани по форумите, како што очигледно имаат другите такви фирми.