Помош за Илија Јосифовски - потребна се итни испитувања во Нирнберг поради ОДМОР на нашите ‘доктори‘

Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Младиот Илија од Охрид тешко боледува од леукемија, потребна му е итна операција во Германија


Седумнаесетгодишниот Илија Јосифовски од Охрид боледува од леукемија, а за да преживее, потребна е итна операција во германскиот град Нирнберг, која чини 255.000 евра.

Фондот за здравство ќе покрие 80 отсто од трошоците, а 20 отсто паѓаат на грбот на семејството на Илија. Само за да биде примен во болницата, мора веднаш да се платат 20.000 евра, за да почне постапката за негово примање во нирнбершката болница. Семејството во моментов има собрано само 16.000 евра и очајно моли за помош за да го спаси животот на своето чедо.
„Очаен сум и не знам што да правам. Успеавме да собереме само 16.000 евра и итно мора да најдеме уште 4 до 5 илјади евра за да можеме да го однесеме Илија на операција. Картите за Нирнберг ни беа резервирани за утре, но ние не успеавме да ги собереме потребните пари. Ги молам сите хумани луѓе што можат некако да ми помогнат за да го спасам животот на син ми“, вели Миле Јосифовски, таткото на Илија.
Семејството Јосифовски се надева дека коскената срж на братот на Илија ќе биде добра и дека успешно ќе му се пресади на младото момче.
За жал, во Македонија не успеавме да направиме испитување на коскената срж, односно дали имунолошки ќе се совпаѓа кај Илија. На одделението за имунологија ни рекоа дека лекарите биле по одмори и дека ќе сме морале да чекаме до 6 август. Сега тоа испитување ќе мора да го направиме на клиниката во Нирнберг. :tapp: Времето ни е многу кратко, состојбата на Илија се влошува, а во моментов тој не прима никаква терапија. Мораме што побрзо да ги обезбедиме тие 5.000 евра што ни недостигаат“, вели таткото на Илија.
Илија е болен веќе две години. Десет месеци минал на детската болница во Скопје примајќи хемотерапија, а потоа терапијата продолжил да ја прима преку таблети. Состојбата по терапијата му се подобрила, но пред две недели болеста повторно се вратила. Моментално тој не прима никаква терапија и се наоѓа во многу лоша состојба.
Сите хумани граѓани што сакаат и имаат можност да помогнат паричните средства за спасување на животот на Илија може да ги донираат на следнава жиро-сметка во
Тутунска банка – филијала Охрид:
210 – 700000598044
на име Миле Јосифовски со назнака за хуманитарна помош за Илија Јосифовски од Охрид.
Хуманите граѓани може да донираат и преку свртување на еден од следниве телефони:
Vip > 077 143 413,
One > 075 143 350,
T-Mobile > 070 143 111.







Пошо сум запознаен со случајов можам да потврдам дека се е вистина и дека господата наши доктори во Охрид и Скопје со месеци го влечат детево од една до друга клиника/одделение, а родителите се депримирани и разочарани од нивниот однос.
Барем по еднаш донација на мобилен од секој член на Кајгана би било доволно да се покријат тие 4 илјади евра во минус. Бидете хумани!
 
M

Moon Child

Гостин
Незнам што да кажам, срамота и греота е ова што се работи. Треба како за случајот со Кристијан да притисне народот за да има некаков ефект.
Бтв, донирано.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Каде се политичкине полтрончиња на ФБ да пустат некој линк, у да им е..
Порано не донирав, ама со едно до две пива помалку испени месечно ништо не ми менува, а верувам и на другите.
Иначе гласот на Ведрана е, што вели благодарам за донацијата?:гомце: Мора да ја сменат.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Каде се политичкине полтрончиња на ФБ да пустат некој линк, у да им е..
Порано не донирав, ама со едно до две пива помалку испени месечно ништо не ми менува, а верувам и на другите.
Иначе гласот на Ведрана е, што вели благодарам за донацијата?:гомце: Мора да ја сменат.
Оф- топик : На ВИП си?Ако да, стварно е некако намќорка таа типката, никогаш не ми текнало дека е Ведрана...ама ептен е намќореста :)

Он-топик : Донирано.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
не бе топ е здравствово што ви е, кинески донации имало :tapp::tapp::tapp: Донирано, држиме среќа
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.384
Донирано, со среќа. Споделувајте со копчето „Препорачај“ долу.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Донирано,му посакувам сета срека на светот да се опорави.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Оф- топик : На ВИП си?Ако да, стварно е некако намќорка таа типката, никогаш не ми текнало дека е Ведрана...ама ептен е намќореста :)

Он-топик : Донирано.
Да, на вип сум. Мислам дека е она.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Да се плукнам и на споменици и на врби, мостови и музеи, да се плукнам и на плажите и фонтаните, уште повеќе да се плукнам и на реформите во здравството.
1 млад човечки живот да моли по народот за ја гледа светлината на денот, а нашава државичка се расфрла со скапи автомобили, уредување на своите канцеларии и слично.
Под ИТНО е потребен посебен фонд кој ќе собира пари за ваквите случаи, дете на кое му е потребна операција НЕМОЖЕ и НЕСМЕЕ да зависи од милоста на граѓаните, туку државата е таа која треба посебно да се грижи за ваквите случаи.
Господа, една фотеља помалку, 2-3 службени ручеци месечно помалку, 1 патување месечно помалку, за вас нема да сменат многу, но можеби ќе спасат некој млад живот.
Во тек на изборна кампања само за рекламен материјал, одење од села до села, од градови до градови,исплата на пеачи и пеачки за забава, се трошат милионски суми, а со тие пари што се фрлаат на маички, пенкала и 300 глупости, 10% од сумата да се донираат во хуманитарни цели барем некој ќе види некаква корист.

Среќно, чекаме добри вести
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Ќе донирам сега, инаку го искористив медиумското влијание (не дека е премногу големо, но колку-толку го има) и влијанието на фејсбук и го проширив ова, па се надевам тоа ќе придонесе кон собирање на потребната сума. Со среќа нека му е и што побрзо да оздрави.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Едно ретко добро дело на полицајците во соработка со локалниот Црвен Крст
И охридската полиција во акција за спасување на младиот Илија



Охридските полицајци од денеска се вклучија во акција за помош на седумнаесетгодишниот Илија Јосифовски, кој боледува од леукемија и на кого му е потребна итна операција во Германија.
Велосипедските полициски патроли од утрово делат флаери на кои се испишани телефонски броеви за донација за помош на младиот Илија. Полицајците флаерите ги делат насекаде низ Охрид, во чаршијата и низ сите плажи сè до Свети Наум.
Флаерите ги изработи македонскиот Црвен крст, а полицијата се вклучи во хуманитарната акција за помош на младиот охриѓанец. Ова не е првпат охридската полиција да се вклучува во хуманитарни акции за помош на граѓани. Охридската полиција и лани летото му помогна на младиот Илија со организација на голем хуманитарен концерт, кој се одржа во Домот на културата, а на кој учество тогаш зедоа сите познати музички имиња од Македонија.
Илија Јосифовски има само 17 години и е тешко болен од леукемија. Неопходна му е итна операција во Нирнберг, Германија, која чини 255.000 евра. Фондот за здравство ќе покрие 80 отсто од трошоците, но 20 отсто мора да обезбеди семејството. До вчера семејството Јосифовски имаше обезбедено само 16.000 евра, а за да биде примен нивниот син во болницата во Нирнберг им требаат нешто повеќе од 20.000 евра.
Е.З.
Донирано.​
 
M

Moon Child

Гостин
Можно ли е од странство да се донира? Не прашувам за телефонските броеви, него за на жиро сметката од Тутунска банка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom