Помош: Барам еден филм!

Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Филмов вртеше долго време на MGM, онаа програмата што идеше после 12 на Cartoon Network.

Се сеќавам само на сценава, може е малку но ептен ми остана во главата, верувам и на тие што го гледале филмот им останала.

Значи филмов беше со еден чоек кој бегаше од еден друг, ќелавиов беше со шешир и го бркаше овој другиот, овој бегаше и влезе во една просторија, таа просторија беше округла и имаше факели со огин во неа, овој што влезе во неа се надеваше дека ќе му избега на другиот (ќелавиот) ама не беше така, двајцата влегоа во просторијата. И тука почнаа да се бркаат, ќелавиов сакаше да го убие oвој другиов, арно ама тој другиот откри нешто интересно, дека овој ќелавиов е робот, му застана до еден од факелите кој што беше запален и овој ќелавиов не можеше да го види поради огинот, односно му сметаше, овој го забележа тоа дека неможе да биде виден и го искористи тоа и го отепа тој ќелавиот.

Само ова го памтам, одамна ми е гледан филмов, па ако се сеќава некој а сигурен сум дека многу од вас го имаат гледано. :)
Westworld (1973)
http://www.imdb.com/title/tt0070909/
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Батка барам еден филм...

... сеа памтам многу малце детали, али ко што можам поубаво ќе ги опишам. Филмот е стар, го гледав апла ко копиљ. Се работи за еден типац кој кога бил дете имал некоја несреќа. Имено, со фамилијата (он, братчето, таткото и мајката) возеле негде со кола, и со братот се карале нешто за јадицата/трската за риболов, и тегнејќи ја лево-десно, му го закачиле окото на таткото кој возел, па овој излетал од патот. Колата се превртила, само типот избегал иако брат му го молел за помош, од некоја икс причина овој не му помогнал и избегал. И сега по многу години, брат му се враќа да го утепа. Од друга страна пак, типот има некоја романса ваљда со една типка, која има како некаква визија. Не знам како ги добива, дали е сеќавање или визија, појма немам, али и нејзе и се десило нешто, само не знам што. У визијата ја даваат таква, со плава позадина, како има фигура од човек која во текот на филмот само се оформува. И сега прашањето е кој од браќата е човекот во визијата. Едно време ќе заличува на главниот брат (за погрешно наведување на публиката), али кога ќе се појави вториот брат ќе испадне дека уствари тој е во визијата. Главниот брат ќе биде у затвор од некоја причина кај што ќе го чува еден полицаец/шериф, сам и тоа, пошто ваљда се дешава у мало гратче. Вториов брат ќе му дојде у "посета", со цел да го убие, али шерифов стар и излуфтен нема да знае, па дур се врти да му ја отклучи келијата, овој ќе стави ракавици, ќе извади пиштол со пригушувач и ќе го упука у грб. И нешто ќе има epic fight, за чие време визијата на типкава скроз ќе се оформи публиката ќе дознае дека другиот брат е лошиот и у таа ситуација, и толку знам.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.127
Поени од реакции
15.951
Постар филм, негде доцни 80ти или рани 90ти.
Се работи за млад дечко, кој доаѓа во мало гратче за да им се реваншира на оние кои му ги убиле родителите. Покажана е и сцената каде ги убиваат, тој ко што се сеќавам бил скриен во шкафот, али им ги видел лицата на убијците. Сега еден по еден ги убива. Но, кога ќе стигне до тој последниот, се затрескува во ќерка му, една плавуша, али накрај пак мислам дека го убива.
Глумецот е мислам низ цел филм во црно облечен, црна коса има, прилично симпатичен.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Филмов што го барам е прилично стар, го гледав коа бев 3-4 одделение.Младо дете е обвинето дека убил некој и има судење.
Покажуваат и како го нарекуваат детево убиец и му шкртаа по куќата и слично.
Глумецот поттесеќа на млад Леонардо Ди Каприо, млад Мет Дејмон.. Плав актер...
Armed and Innocent (1994) ?
Постар филм, негде доцни 80ти или рани 90ти.
Се работи за млад дечко, кој доаѓа во мало гратче за да им се реваншира на оние кои му ги убиле родителите. Покажана е и сцената каде ги убиваат, тој ко што се сеќавам бил скриен во шкафот, али им ги видел лицата на убијците. Сега еден по еден ги убива. Но, кога ќе стигне до тој последниот, се затрескува во ќерка му, една плавуша, али накрај пак мислам дека го убива.
Глумецот е мислам низ цел филм во црно облечен, црна коса има, прилично симпатичен.
Kid (1990)
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Филмов што го барам е прилично стар, го гледав коа бев 3-4 одделение.

Младо дете е обвинето дека убил некој и има судење.
Покажуваат и како го нарекуваат детево убиец и му шкртаа по куќата и слично.

Глумецот поттесеќа на млад Леонардо Ди Каприо, млад Мет Дејмон.. Плав актер...
Овој да не е?
 

Unstoppable

Баниран
Член од
27 јануари 2007
Мислења
702
Поени од реакции
0
Не е овој, малку беше во стил на Рамбо т.е. сам е на мисија. Ако добро се сеќавам во првите 10-15 минути ќе се спушти со подобран на неасфалтиран пат од страните со ред дрвја, и друга сцена што ми останала во меморија е дека од далеку ќе ги набљудува негативците. Сепак фала. :)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Пред некој ден на национална географија гледав документарец (за 90те години) за двајца ученици - психопати кои убиле преку десет соученици и неколку професори, случката во Америка, Колумбјана се викаше школото мислам и кажаа дека ќе се снима филм за тоа, епа се снимало или ?
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.726
Поени од реакции
1.485
Вака ми текнува на една сцена од филмот типот по дождливо време ќе си го шета кучето и ќе му удри гром во чадорот и мислам дека тој после ќе беше во кучето или така нешто.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Пред некој ден на национална географија гледав документарец (за 90те години) за двајца ученици - психопати кои убиле преку десет соученици и неколку професори, случката во Америка, Колумбјана се викаше школото мислам и кажаа дека ќе се снима филм за тоа, епа се снимало или ?
http://www.imdb.com/title/tt0363589/
http://www.imdb.com/title/tt0310793/
http://www.imdb.com/title/tt0365960/

Сигурно има и многу други.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Вака ми текнува на една сцена од филмот типот по дождливо време ќе си го шета кучето и ќе му удри гром во чадорот и мислам дека тој после ќе беше во кучето или така нешто.
Dogmatic (1999)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom