Знам што подразбира кастрацијата. Дали ќе му го исечат или преку лекови ќе му го смалат тестостеронот е неважно;
поентата е што ќе му го одземат правото на репродукција, што е природно право на секој човек.
Исто како што и правото на живот е природно право на секој човек кој го ставаат на електрична столица.
Ставот околу ваквите прашање ми е тој.
Доживотен затвор значи дека ќе има основни (а не и минимални) услови за живот, интеракција со други затвореници, исполнување на основни потреби. Казна, тоа е. Ниедна казна не е хумана ако така гледаме, ама зошто сме свесни дека МОРА да се казнат престапниците за да би владеело ред, нешто мора да се избере, а најблага, а истовремено најправична казна е токму затворот.
Ова решение е барем 10 пати похумано од тоа да го кастрираат, убијат и слични такви казни.
Му го оставаат правото на живот и функционалноста на сите негови телесни функции. А сепак го казнуваат за стореното злодело.
И уште ова... „И секогаш постои опција да избега од затвор.“
Епа постои и опција да не ги голта апчињата што ќе му го убиваат тестостеронот (под претпоставка дека по пат на апчиња ќе иде тоа), да ја забоде сестрата што ќе го „третира“ или да те удри шлепер сабајле кога ќе излезеш по цигари (пример е, не ти мислам ништо лошо
). Тоа се сајд ефекти, што секогаш се можни, но невозможно е да се земат во предвид, зошто
не би требало да се случат.
И доста реплицирам више, си го кажав мојот став, ќе остане непроменет, сакам хумано општество, а не враќање на Инквизицијата.