Па да ти кажам искрено, јас како тотален скептик кој ваквите суеверија и народни приказни ги смета за купишта глупости, имав огромни проблеми со парализа во сон, меѓу народот позната и како "јавување сеништа". Тоа е една многу непријатна состојба, кога си буден,слушаш се околу себе,гледаш се а очите ти се затворени и не можеш да мрднеш ни со прстето и од паника те фаќа тахикардија. Трае кратко,можеби не повеќе од 20 секунди, но за тебе е цела вечност. Е сега, креветот ми беше така поставен што навистина главата ми беше поставена накај запад. Тој период ми траеше некои две години и поима немав што значи, на крајот да заврши со некои паранормални работи за кои пишував на форумов во "Дали ви се случиле натприродни работи".
После тоа го сменив распоредот и ги снема проблемите и оттогаш сум немал проблем со тоа. Сериозен сум, не е сарказам во прашање.