Имам, но причината за поставувањето на оваа прашање е поради еден разговор со еден пријател. Затоа прашав тука, за да каже некој кој знае, а не дека ќе правам полномошно со извод на родени.лична карта немаш ли ?
A зошто би правел полномошно кај нотар???Колку пари кошта полномошно да извадам кај нотар за да може друг да ми ја вози и регистрира колата?
Затоа што ако некој друг сака да го вози неговото возило во СТРАНСТВО, на граница ќе му побараат Одобрение за управување туѓо моторно возило (популарно наречено Полномошно), а тоа може да се извади во АМСМ или Здружение на возачи, цената е околу 500 ден.A зошто би правел полномошно кај нотар???
Колега, за првиот дел од одговорот си во право, за несопственик да вози туѓо возило во странство потребно е полномошно кое се вади од АМСМ, додека за управување на туѓо моторно возило во државава доволно е и обично полномошно составено од било кого (нема потреба од нотар) и потпишано од сопственикот на возилото. Инаку и ваквото полномошно е задолжително.Затоа што ако некој друг сака да го вози неговото возило во СТРАНСТВО, на граница ќе му побараат Одобрение за управување туѓо моторно возило (популарно наречено Полномошно), а тоа може да се извади во АМСМ или Здружение на возачи, цената е околу 500 ден.
Инаку, мислам дека за управување на возилото во границите на Р. Македонија, нема да му биде потребно никакво полномошно!
Да, можеби таквото полномошно законски е задолжително, меѓутоа во пракса не е неопходно. Возилото што го возам веќе 4 или повеќе години СЕУШТЕ гласи на име на БРАТ МИ (бидејќи во договорот за продажба на возилото ТОЈ е наведен како купувач), па кога и да ме сопрела полиција за контрола (додуша тоа мнооогу ретко ми се случува!!!), веднаш му велам „сопственикот на возилото ми е брат“ и никогаш не ми правеле проблем околу тоа зошто немам полномошно за управување на возилото!Колега, за првиот дел од одговорот си во право, за несопственик да вози туѓо возило во странство потребно е полномошно кое се вади од АМСМ, додека за управување на туѓо моторно возило во државава доволно е и обично полномошно составено од било кого (нема потреба од нотар) и потпишано од сопственикот на возилото. Инаку и ваквото полномошно е задолжително.