Полномошно

  • Креатор на темата Креатор на темата Muki-20
  • Време на започнување Време на започнување

Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Возраст
33
Веб-сајт
sezabiznis.blogspot.com
Ме интересира, дали полномошно може да се издаде со Извод на Родени како документација на полномошникот.
 
лична карта немаш ли ?
Имам, но причината за поставувањето на оваа прашање е поради еден разговор со еден пријател. Затоа прашав тука, за да каже некој кој знае, а не дека ќе правам полномошно со извод на родени.
 
Со лична карта се дава полномошно, а дали може со извод, тоа не знам.

п.с. Среќен празник
 
само со пасош, лична карта и возачка може (доколку не се истечени, се разбира) ....
 
Неможе со извод на родени, само со лична карта, пасош, возачка и ако не им е пројден рокот на истите.
 
Колку пари кошта полномошно да извадам кај нотар за да може друг да ми ја вози и регистрира колата?
 
A зошто би правел полномошно кај нотар???
Затоа што ако некој друг сака да го вози неговото возило во СТРАНСТВО, на граница ќе му побараат Одобрение за управување туѓо моторно возило (популарно наречено Полномошно), а тоа може да се извади во АМСМ или Здружение на возачи, цената е околу 500 ден.
Инаку, мислам дека за управување на возилото во границите на Р. Македонија, нема да му биде потребно никакво полномошно!
 
Колега, за првиот дел од одговорот си во право, за несопственик да вози туѓо возило во странство потребно е полномошно кое се вади од АМСМ, додека за управување на туѓо моторно возило во државава доволно е и обично полномошно составено од било кого (нема потреба од нотар) и потпишано од сопственикот на возилото. Инаку и ваквото полномошно е задолжително.
 
Како тоа од било кого? Можам и јас да го напишам? Конкретно проблем е што на возилото му истекува во Понеделник рег. а јас нема да бидам тука за да го рег. а возилото сега исто така не ми е тука и не можам да го рег. така да сакам да му го дадам на другар ми тоа да го направи во Понеделник бидејки после тоа него ке му треба колата додека јас не сум тука, а не рег. не може да ја вози нели.
 
Колега, за првиот дел од одговорот си во право, за несопственик да вози туѓо возило во странство потребно е полномошно кое се вади од АМСМ, додека за управување на туѓо моторно возило во државава доволно е и обично полномошно составено од било кого (нема потреба од нотар) и потпишано од сопственикот на возилото. Инаку и ваквото полномошно е задолжително.
Да, можеби таквото полномошно законски е задолжително, меѓутоа во пракса не е неопходно. Возилото што го возам веќе 4 или повеќе години СЕУШТЕ гласи на име на БРАТ МИ (бидејќи во договорот за продажба на возилото ТОЈ е наведен како купувач), па кога и да ме сопрела полиција за контрола (додуша тоа мнооогу ретко ми се случува!!!), веднаш му велам „сопственикот на возилото ми е брат“ и никогаш не ми правеле проблем околу тоа зошто немам полномошно за управување на возилото!:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom