За сите што прашувате кога ќе се знае победникот, доколку резултатите се навистина тесни како што предвидуваат прогнозите, тешко дека пред четврток кај нас би можеле да имаме официјално прогласен "President-elect". Она што е речиси сигурно дека вечерва американско време (утре сабајле македонско) е дека Трамп би имал добро водство пред Камала во речиси сите свинг држави (наводно немал пак предвреме да прогласува победа, мада чисто сумњам). Тоа е бидејќи гласовите во малите места и гласовите од изборниот ден први се бројат во најголемиот број на држави. Е веќе од утре попладне македонско време (претпоставка, не ме држете за збор) би можело да се знае дали Камала ќе има доволно гласови од раното гласање, како и гласањето по пошта за да ја надомести таа разлика.
Претходниот циклус прогнозата ми беше точна (единствено Флорида и Џорџија ги погрешив), за оваа буквално е лотарија, има премногу можни сценарија. Јас некако се одлучив за оваа варијантаЧ
Ако Ен Селзер и овој пат погоди за Ајова, макар и тесна победа за Трамп не поголема од 3% колку што е маргина на грешка, тогаш таа жена треба да ја прогласат за светец. Каков политички земјотрес беше саботата вечер, тоа беше шоу. Од МАГА хероина до пред само неколку дена, Трампистите бараа да оди во затвор.
Во однос на Северна Каролина, единствено разликата во трката за гувернер е преголема за да се претпостави дека би имало толку "split tickets", и покрај што речиси сите прогнози му даваат минимална предност на Трамп. Невaда ќе ми беше црвена, како и Ајова, ама прогнозата на Ралстон во последен час ме премисли. Во Пенсилванија можно е да биде потесно и од пред 4 години кога Бајден тепаше со само 1.2%. Мичиген можат Муслиманите со нивната опсесија со Палестина да ја зезнат Камала и да гласаат за Џил Стајн (или да не излезат воопшто). Додека Висконсин со исклучок на Обама победите, од 2000 наваму секогаш била разликата помала од 1%: