- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.489
- Поени од реакции
- 18.516
Многу работи се против неа, еве уште една, еднаш лузер секогаш лузер.Не знам зошто излегуваш од претпоставка дека нејзината најава не била претходно договорена со таборот?
Одлуката за нејзината кандидатура е направена најмалце една година порано од нејзиното официјализирање, доволно е да ја земеш во предвид нејзината досегашна агенда и активност, тогаш станува јасно со која цел сето ова време беше најизложен дел од партијата.
Прашање на време беше коа ќе почнат муабетиве со Македонија. Мислам никој не ви брани да си правите филмови ама американската надворешна политика не се приспособува на новите претседатели, туку обратно. Претседателите се само егзекутори на јасно испланирана долгорочна државна стратегија.
Затоа САД се тоа што се, а не партиска подружница ко нас.
Сегашниве анкети се тоалетна хартија. Демокративе можат да победат само ако се сите либерални групи обединети, а Хилари не обединува ни половина.