Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.428
Поени од реакции
7.805
Твојот недостаток на аргументи те прави тебе падобранец - падобранец кој се џитка надвор од дискусијата во недостаток на контра-аргументи.

Еве се разбравме дека социјализмот не чини - и јас велам дека не чини, и верувам дека дедо Бојни е најобичен циркузант кој нема што реално да им понуди на американските гласачи.

Но колку ги плаќаш ти твоите работници и колкав дел од твојата нето добивка делиш со нив ?
Како тоа немам аргументи... Затоа велам дека си падобранец, ќе се појавиш, се џиткаш ласта и шљап.
Прочитај наназад, ќе видиш некои аргументи.

Јас давам од донесеното 40% бруто.
Ти колку ...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.081
Поени од реакции
12.630

Даваш колку што имаш контра-аргументи.

Ти си падобранецот тука, а не јас.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.428
Поени од реакции
7.805
Даваш колку што имаш контра-аргументи.

Ти си падобранецот тука, а не јас.
Не отекувај мадиња, ако имаш нешто да напишеш, повели, ако не, продолжи со ластата.
Не кажа колку ти даваш.... Значи си од оние што сакаат на другите да има кажуваат.

Берни не чини, Трамп не чини, Хилари не чини, има некој што ти чини или си вечна опозиција :P
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.081
Поени од реакции
12.630
Не отекувај мадиња, ако имаш нешто да напишеш, повели, ако не, продолжи со ластата.
Не кажа колку ти даваш.... Значи си од оние што сакаат на другите да има кажуваат.

Берни не чини, Трамп не чини, Хилари не чини, има некој што ти чини или си вечна опозиција :P
Јас сум вечен критичар бидејќи не верувам во совршеност, и секогаш активно критикувам и власт и опозиција, без разлика кој е власт, а кој е опозиција и во која држава.

А кога сме кај моите вработени, јас сум самовработен и водам сопствен приватен бизнис кој зависи исклучиво и само од мене. Јас сум единствениот вработен и 100% од добивката завршува кај мене.

Но еве, ќе ти признаам - речиси сите работни средства и алати кои ги користам се произведени во Кина, што значи дека финансиски индиректно ја поддржувам социјалистичката диктатура во таа држава. Ама од друга страна некои од работните средства и алатите се произведени во Тајван, што значи дека финансиски индиректно ја поддржувам и тамошната капиталитичка власт, па од тука следува заклучокот дека ги финансирам и едните и другите, па затоа не планирам да ги поштедам ниту едните, ниту другите од критика.
 
Па ако не веруваш во совршенство, зашто воопшто критикуваш :cautious:
Која е поентата :toe:

П.с добивката НЕ иде 100% кај тебе, сигурно делче ти задржува државата, за да го подели на сиромашните :zloo:
 
Во право си, требаше да кажам 100% од нето добивката.

Поентата на критикувањето е да се потенцираат предностите и недостатоците на индивидуата која е предмет на критиката, бидејќи без критика воопшто не ни има потреба од дебата.
 
Ајде да речеме дека под индивидуа истовремено мислиш и на систем, бидејќи системот е битен.
Е сега кој систем бил подобар, оној во САД од пред 300г па до 1950, или на другите. САД од обична пустелија, станале бр.1, а монархии и држави со традиции стотици години, се влечат позади.
Тие што учествувале во водење на државата не си делеле плати, субвенции и бонуси, ФЕД се грижела за економијата, а не за политичарите. Секако имале кризи, ама од секоја криза се појаки излегувале, ги учеле грешките и се труделе да не ги повторат.
Ако социјализмот/комунизмот беше добар, УК први ќе го прифатеа, а не да им го дадат на другите, како тројански коњ.

Никој не бара одговорност од политичарите, спремни се да ги бесат тие со џипови. Не прашуваат од каде му е на секој политичар/државен раководител после 2години кариера пари за станови и коли. Тоа е нормално за интелектуалциве на форумов.

40% од платата ни зема државата, а што добиваме ... и гробот треба да си го платиме :popce:
Автоматски споено мислење:

Заборавив, и од нето добивката државата пак ќе ти земе 10% на делот кој сакаш да си го подигнеш, иако ти си го заработил и си платил данок на добивка. :D
 
Последно уредено:

Чисто информативно, кои биле главни трговски партнери на САД по нивното осамостојување - републики или монархии ?

Каква улога имаше Управата на Федералните Резерви на САД во светската економска криза од 1929 година, и кои допирни точки со капитализмот ги има извршната наредба 6102 на Франклин Делано Рузвелт издадена во април 1933 - на помалку од месец дена после неговата прва претседателска инаугурација, а со која им го конфискува златото на сите граѓани на САД ?

Или ај во поново време, какви допирни точки со капитализмот имаа финансиските пакети кои владите на Џорџ Буш Помладиот и на Барак Хусеин Обама ги субвенционираа големите банки во САД после светската економска криза од 2008 година ?

Да не си ги изнакупија џиповите со парите од тие субвенции ?
 
Што сакаш да постигнеш со прашањава ... :cautious: одговорите на дел се веќе дадени на темава, а и други теми.
Зашто мешаш/пишуваш капитализам во време на Буш и Обама, кога 100 пати сум кажал не е тоа капитализам..

ФЕД на почетокот функционирале исклучиво со откуп на корпоративни ХВ и не биле централизирани. Односно за каматните стапки и ликвидноста одлучувале според пазарните услови, кога на истокот имало експанзија, ги кревале стапките, ама на запад си останувале непроменети и обратно. Сега се централизирани и важат за цела територија, а и за цел свет се грижат.

Конгресот во Прва светска војна им наредува да купуваат државни хартии, ветувајќи само неколку години и после ќе укинат. Секако не го сториле тоа. Во Втора СВ имаш иста ситуација, само за време на Корејската ФЕД не знам точно како, ама одбиле послушност.

Светската криза, започнува од Австрија, а бидејќи во тоа време ФЕД веќе се под контрола на државни политичари, нормално касно регираат. Во мемоарите на Хувер 1931 детално и поткрепено со факти е кажано дека власта и нивните одлуки се причина за во САД да се прелее кризата. И повторно после таква криза тие испливуваат и се уште помоќни

Што има врска кои им се партнери... сигурно не е некој од Марс, притоа зашто капиталот од сите тие монархии и држави бега во САД ...
Зашто и сега истото се случува ... Сега имаме реприза од тој период 30те.
 
Што има врска ?

Па има врска со се` и сешто, бидејќи нели парите го движат светот, па затоа Конго како држава богата со злато, сребро, платина, литиум и безбројни други богатства, сепак не е економски и општествено богата и развиена држава, но затоа ене ти го Илон Маск да продава муда за бубрези со неговите приказни за електрични автомобили, без притоа да потенцира од каде доаѓа литиумот за батериите за тие електрични автомобили, и уште поважно - колкаво загадување предизвикуваат процесите за производство на тие батерии и колкаво загадување предизвикува производството на струјата потребна за тие батерии.

И не раскажувај приказни за капиталот кој бега од други држави кон САД, тоа ти е меч со две острици, бидејќи и Епл, Фејсбук и на нив сличните исто така го кријат својот капитал во Ирска и други држави, најверојатно бидејќи американските банки немале место за нивниот капитал бидејќи биле преполни со избеганиот капитал од странство.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.428
Поени од реакции
7.805
Па има врска со се` и сешто, бидејќи нели парите го движат светот, па затоа Конго како држава богата со злато, сребро, платина, литиум и безбројни други богатства, сепак не е економски и општествено богата и развиена држава, но затоа ене ти го Илон Маск да продава муда за бубрези со неговите приказни за електрични автомобили, без притоа да потенцира од каде доаѓа литиумот за батериите за тие електрични автомобили, и уште поважно - колкаво загадување предизвикуваат процесите за производство на тие батерии и колкаво загадување предизвикува производството на струјата потребна за тие батерии.
Претпоставував од прашањата дека ќе ми наметнеш мислење кое не е мое, напротив спротивно од сите мои.
Затоа те викам падобранец, прочитај прво што како сум пишувал по темиве и за Маск и за сегашните системи, и за други, па после дојди објаснувај ми.
Верувај на иста бранова должина сме, само што ти поповршно си ги читал работите.

За електричните автомобили иди објасни им на пациентите кои сметаат дека тоа е еколошки ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.081
Поени од реакции
12.630
Претпоставував од прашањата дека ќе ми наметнеш мислење кое не е мое, напротив спротивно од сите мои.
Затоа те викам падобранец, прочитај прво што како сум пишувал по темиве и за Маск и за сегашните системи, и за други, па после дојди објаснувај ми.
Верувај на иста бранова должина сме, само што ти поповршно си ги читал работите.

За електричните автомобили иди објасни им на пациентите кои сметаат дека тоа е еколошки ;)
Тешко ми е да верувам дека сме на иста бранова должина, бидејќи како што гледам на тебе некако не ти се допаѓаат негативните критики упатени кон САД и кон западниот свет, додека на мене лично воопшто не ми е гајле во каква состојба се денес и во каква состојба ќе бидат во иднина денешните агресори. Истото важи и за Русија и за Кина, ама некако не ги гледам нив да вршат агресија врз трети држави во последно време.

Воопшто не сум пишал дека ти си поддржувач или обожавател на Илон Маск, туку само го спомнав како пример за лицемерието на (не)капиталистичкиот систем кој ти го браниш - ако САД се толку напредна и успешна држава, нека си го вратат производството на своја територија, нека зависат исклучиво од сопствените ресурси на домашна територија, и исклучиво од американска работна сила, а не од евтина работна сила увезена од Латинска Америка, па да ги видиме колку ќе истераат.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.428
Поени од реакции
7.805
Тешко ми е да верувам дека сме на иста бранова должина, бидејќи како што гледам на тебе некако не ти се допаѓаат негативните критики упатени кон САД и кон западниот свет
Епа да си ме читал, ќе си прочитал дека 1000 пати сум напоменал, западот одамна го прифати социјализмот и сега се во надолна линија @jamajka ќе ти потврди.
Овој запад (од пред 40тина год.) никаде не сум го подржувал.
Во темата Брегзит, јас сум против ЕУ, како тогаш би бил за западот, зашто би ги критикувал Клинтонови, Обама, Буш, а и Трамп дека не го суши мочуриштето (купува време)...

Западот секогаш сум го фалел за нивните почетоци, како од ништо успеале да создадат многу. Како може една УК да стане империја и да се одржи толку години... Шведска Финска Данска сите тие дозволиле капитализам, па откако направиле капитал, преминале на социјални програми, претходно умирале по улици. Јесте технологијата ја искористиле за геноциди и освојување, ама па оти на другите не им помогнала таа технологија, или сите иделе печалба во САД, а на исток...
Ај да не се повторувам. Затоа не се фрлај ласта одма :D
 
Како што гледам ти си тој кој се фрла ласта одма, ептен брзо и лесно се потпалуваш. :D

Но добро, сега кога ни стави до знаење дека всушност си носталгичар за убавите времиња од Студената Војна, барем знаеме дека немаш вистинска визија за тоа во кој правец треба да се движи општеството, не само во САД, туку и во останатите општества низ светот.

И битно се разбравме дека не ти пречи геноцидот како нус производ на технологијата.
 
Пак сам ми ставаш заклучоци кои не се мои. Ок е, јасно е дека сакаш да препираш, ама пробај со факти, а не рекла казала.

Значи напишав почетоците, а ако почетоците за тебе се студената војна, толку знаеш економска историја, а и претходно кажав до 1950.
Пробај повторно, можеби ќе успееш од 10та

Геноцид сум оправдувал :pos: Неколку пати сум напишал дека сме сеуште варвари во свеста, само со модерно оружје. За да ме сфатиш, ќе треба да го прочиташ Walter Russell, т.е. Да Винчи од нашето време, Н.Тесла му рекол дека јавноста не е спремна за неговите знаења.

Зашто Кина, Русија, Конго не создале општество моќно како САД :toe: или евреите решиле таа вукојебина од нула да ја изградат...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom