Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Бил Нелсон беше сенатор на демократите во Флорида, а имаа и градоначалник, кој има силно влијание. Тука не се работи за тоа, се работи за супервизорите кои го надгледуваат процесот. Бренда Снајпс е демократ, другиот супервизор исто, има и еден републиканец, за останатите не знам, но најсилно влијание има Снајпс. Истово се има случено и во 2000 год., во еден од овие 2 региони, а истото се случуваше и на претседателските избори каде од тука се пумпаа гласови за Килари.

Како и да е републиканците имаат 52 сенатори, демократите 45 и 2ца се независни, а на 1 место ќе има повторно избори, но тоа треба да е лесна победа за републиканците.
51 на 45 (плус 2 пошто и двајцата независни се дел од групата на демократите). Остануваат Флорида со рекаунтот, Аризона - каде што демократите имаат водство во моментот и местото во Мисисипи кое што републиканците скоро сигурно го земаат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Сандерс е лепенка, другиот не. Таму и републиканците и демократите имаа свои кандидати, но ќе дејствува како опозиција. Аризона 100% ќе им припадне на демократите. Гледај само од каде нема резултати, од едно место до 1-2.000 гласови и 2 помали до 10.000 и тоа стандардно сини региони. Така Аризона е завршена приказна. Ќе видиме како ќе се одвива кражбата во Флорида. Кај гувернерите нема зошто да има пребројување, разликата е голема. Отворено е само сенаторското место, кое мислам дека ќе им припадне на републиканците.
 
Дали е кражба или не, нема да се убедиме никако. Нејсе, почнаа со официјален рекаунт и за двете места така што ќе видиме што ќе биде. Не верувам дека нешто ќе се смени ама who knows.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Дали е кражба или не, нема да се убедиме никако. Нејсе, почнаа со официјален рекаунт и за двете места така што ќе видиме што ќе биде. Не верувам дека нешто ќе се смени ама who knows.
Нема тука убедување, фактите говорат сами по себе. Од 55 разликата падна на 12, сега се очекува уште повеќе да падне, нешто како што беше и во Центар, идентично ќе беше само ако поништеа неколку црвени зони, колку да биде поинтересно. :)
 
Член од
25 мај 2016
Мислења
419
Поени од реакции
663
Нема тука убедување, фактите говорат сами по себе. Од 55 разликата падна на 12, сега се очекува уште повеќе да падне, нешто како што беше и во Центар, идентично ќе беше само ако поништеа неколку црвени зони, колку да биде поинтересно. :)

Ни во Аризона ни во Флорида нема докази за тоа што го тврдиш. И тоа го вели довчерашниот РЕПУБЛИКАНСКИ сенатор, Фјек.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Значи му се запна и стварно го смени Бејли со ова твоиве мемиња ...
Не бе, Иванов му рекол на Трамп во Обединети Нации кога се видоа.
3 месеци порано, а може и више ;)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ептен ќе те бендиса новата амбасадорка, да не почнете само пак да се глупирате и да ја прашувате дали Трамп знае за нејзините потези и ставови.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Ни во Аризона ни во Флорида нема докази за тоа што го тврдиш. И тоа го вели довчерашниот РЕПУБЛИКАНСКИ сенатор, Фјек.
Ништо не трвдам за Аризона, таму е статус кво и не е возможно да има пребројување затоа што разликата е веќе 2%. Во петокот беше 0,6-0,7, па имаше отворена можност, денес не. Работата таму е веќе завршена, демократите победија, а некаде се останати уште околу 10-15.000 гласови, кои нема да направат некоја разлика, макар и сите да припаднале на републиканскиот кандидат. За Флорида ти тврдам дека е вмровска украдена политика, обид да се украде и гувернерското место (кое и според СиЕнЕн му припадна на републиканскиот кандидат и веќе гувернер) и на републиканскиот сенатор кој имаше 55.000 гласови по пребројани 100% од гласовите. Разликата кај гувернерите беше 80.000, па сега направи споредба со сегашните резултати.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Ептен ќе те бендиса новата амбасадорка, да не почнете само пак да се глупирате и да ја прашувате дали Трамп знае за нејзините потези и ставови.
Ти па ко да навиваш да не малтретираат америте.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.134
Чисто процедурална кратка забелешка-Можеме (оправдано) да се заебаваме на сметка на Трамп до утре сабајле, ама сеуште нема бомбардирано (тоа шминкерските бомби во сириската пустина не му ги бројам) или извршено инвазија врз друга земја, за разлика од многу негови претходници. Така да од аспект крв на раце и луѓе на душа за сега е најнелош :D.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.582
Чисто процедурална кратка забелешка-Можеме (оправдано) да се заебаваме на сметка на Трамп до утре сабајле, ама сеуште нема бомбардирано (тоа шминкерските бомби во сириската пустина не му ги бројам) или извршено инвазија врз друга земја, за разлика од многу негови претходници. Така да од аспект крв на раце и луѓе на душа за сега е најнелош :D.
Ма какви, некој друг и` продава американско оружје и муниција на Саудиска Арабија во вредност од 350 милијарди американски долари, и некој друг им пружа американска воена помош и логистика на Саудијците во нивната воена агресија и изгладнување на населението во Јемен.

https://off.net.mk/vesti/svet/pentagon-kje-gi-kazni-saudijcite-so-toa-shto-kje-im-ja-sekne-naftata

Пентагон ќе ги казни Саудијците со тоа што ќе им ја секне нафтата

13 Ноември 2018 - 12:34

Не само што САД им продаваат оружје на Саудијците за да го дотолчат и онака утепаното население на Јемен, туку и директно учествуваат во воздушните напади на земјата снабдувајќи ја саудиската авијација со гориво во лет за овие да не се прекинуваат сред бомбардирање.

За да ја покажат својата чувствителност американските власти одлучија да го прекинат ангажманот на американски војници во најнепотребната хуманитарна катастрофа на денешницата, и на Саудијците да им го укинат снабдувањето со гориво сред лет.

Ова не значи дека Саудијците се комплетно беспомошни на темата, туку само дека за тоа ќе треба да ги користат сопствените капацитети. Да не биде дека некој ним им раскинал Саудијците објавија соопштение во кое објаснуваат дека тие побарале прекин на соработката, бидејќи веќе развиле сопствени капацитети за воените авиони да ги снабдуваат со гориво во лет.

Американската авијација три години ги снабдува Саудијците со гориво во нивните операции за бомбардирање на Хути бунтовниците во Јемен.

Во еден од воздушните напади саудиската авијација летово бомбардираше цивилен автобус, а според Високиот комесар за човекови права на О.Н. до сега во судирот се настрадани илјадници цивили.

До сега ставот на Пентагон беше дека со полнењето гориво на саудиските авиони и обезбедување разузнавачки информации, тие всушност се грижеле и помагале нападите да бидат попрецизни и да има помалку цивилни жртви.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom