Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.582
Златен социјализам, кога државата си го пика носот во приватните бизниси, последиците се` повеќе од познати.

Сојузната американска држава Калифорнија станува првата сојузна американска држава во САД во која со закон секоја корпорација ќе биде обврзана да има минимум 1 (ЕДНА) жена член на својот одбор на директори, најдоцна до крајот на 2019 година. Од 2021 година па понатаму, бројот на жени членови во одборите на директори на калифорниските корпорации ќе мора да изнесува минимум 2 или 3 - во зависност од големината на одборот на директори, а казните за неисполнување на ваквите законски обврски за корпорациите ќе се движат помеѓу 100.000 американски долари и 300.000 американски долари.

Денес државата си го пика носот во одборот на директори на корпорациите, утре ќе бара заменик-генералниот директор да биде жена или трансексуалец, или па можеби барем еден од членовите на одборот на директори да биде припадник на некое етничко или религиско малцинство, или да биде имигрант или прва генерација американски државјанин чии што родители биле имигранти, или безброј други законски обврски со кои државата ќе си го пика носот во приватните компании.

California’s Publicly Held Corporations Will Have to Include Women on Their Boards

California just became the first state to require women on corporate boards

California is 1st state to require women on corporate boards

California Becomes 1st State To Require Women On Corporate Boards

California becomes first state to require women on corporate boards

Малку неразбирливо е зошто идиотот Џери Браун - актуелниот гувернер на сојузната американска држава Калифорнија - би преминал кон вакви популистички потези пред одржувањето на редовните парламентарни и сојузни избори во САД, кои треба да се одржат на 6 ноември 2018, кога Браун не може да се кандидира за трет последователен мандат по ред, односно 5-ти непоследователен мандат, а и онака е општо познат фактот дека Калифорнија со децении е` гарнизон на Демократската Партија на САД.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Сакав да пишам за двојните стандарди на западните демократии на чело со САД, Британија и Франција. Немаше ниту еден презентиран доказ дека извесен поранешен руски агент бил отруен на британска територија од руски агенти. Санкции и протерување на дипломати по серија обвинувања. Сега имаме исчезнување и потенцијално убиство, на американски државјанин, во конзулат на Сауди во Турција и 0 реакции! Само Турција се обидува нешто да наметне и да промени. Пред околу еден месец имавме убиство на деца во Јемен, таргет беше училишен автобус, 0 реакции. Нивната плагијат борба за демократија е всушност борба за моќ односно власт над светските ресурси.

Меркел е популарен лидер во Европа, но веќе не е популарен лидер во својата земја. Денес има избори во Баварија. Ако изгуби партијата на Меркел, ова ќе биде официјално и крај на нејзиниот мандат како канцелар. Тука се правеше значителната разлика избори наназад, ако сега историјата не се повтори, Меркел е историја.

Интересни ќе бидат овие избори во САД, кои ќе бидат почеток на кампањата за претседателските избори во 2020. Мислам дека републиканците ќе ја изгубат Флорида, а демократите Невада. Републиканците на претседателските ќе одат повторно со Трамп, алтернативата е Џеф Флејк, но и тоа зависи од овие што се ближат.

Факт е дека републиканците ќе го задржат мнозинството во сенатот. Берни повторно како независен, демократите таму немаат кандидат. Демократите бранат 26 места од 35. Тука републиканците имаат полесна задача. Трките во Индијана и Мисури и С. Дакота ќе бидат доста интересни. Републиканците немаат шанси во Калифорнија, додека демократите немаат шанси во Тексас каде потрошиле досега најмногу пари за кампања во оваа држава во историјата. Изборите се на 6 ноември. Покрај Сенатот, има избори и за гувернери и за Претставничкиот дом. Тука пак републиканците имаат значително потешка задача. Очекувањата се дека ќе имаат мала предност т.е. да изгубат доста места, но сепак и тука да ја сочуваат предноста која ќе биде тесна. Тоа е стандард што веќе се претвара и во своевидна традиција за нивниот систем, партијата на претседателот да губи места и да се фокусира на сенатот. Позицијата се зацврстува најчесто после претседателските избори. Значи и тука процесите се поврзани.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Меркел е популарен лидер во Европа, но веќе не е популарен лидер во својата земја. Денес има избори во Баварија. Ако изгуби партијата на Меркел, ова ќе биде официјално и крај на нејзиниот мандат како канцелар. Тука се правеше значителната разлика избори наназад, ако сега историјата не се повтори, Меркел е историја.
Најлоши резултати на партијата на Меркел од 1950... Добила 35% од гласовите и го губи апсолутното мнозинство.. втора е екстремната десница Алтернатива за Германија, која првпат добива претеници. Е сега ова не се изгубени избори, но се доста слаби резултати. Ќе видиме што ќе се дешава.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Немаше ниту еден презентиран доказ дека извесен поранешен руски агент бил отруен на британска територија од руски агенти.
:pos:

https://www.mkd.mk/svet/vesti/rusite-osomnicheni-za-truenjeto-vo-anglija-nie-sme-samo-turisti-video
https://www.mkd.mk/svet/vesti/otkrien-vistinskiot-identitet-na-eden-od-osomnichenite-od-skripalj-polkovnik-anatolij
https://www.mkd.mk/svet/vesti/tajnite-sluzhbi-otkrija-tret-ruski-agent-vkluchen-vo-truenjeto-na-skripalj

Мислам дека на Путин срам му падна што вака дозволи да се бламира.
Овие од ГРУ да ја извршеа работата професионално, да го убијаа предавникот, ќе беше прав показател на руската надмоќ. Сега западов знае дека овие од ГРУ не и се ни до колена на бивша КГБ :D
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
:pos:

https://www.mkd.mk/svet/vesti/rusite-osomnicheni-za-truenjeto-vo-anglija-nie-sme-samo-turisti-video
https://www.mkd.mk/svet/vesti/otkrien-vistinskiot-identitet-na-eden-od-osomnichenite-od-skripalj-polkovnik-anatolij
https://www.mkd.mk/svet/vesti/tajnite-sluzhbi-otkrija-tret-ruski-agent-vkluchen-vo-truenjeto-na-skripalj

Мислам дека на Путин срам му падна што вака дозволи да се бламира.
Овие од ГРУ да ја извршеа работата професионално, да го убијаа предавникот, ќе беше прав показател на руската надмоќ. Сега западов знае дека овие од ГРУ не и се ни до колена на бивша КГБ :D
Мислиш дека ако имале ниет Русите да го убијат, ќе се обрукале? Не збориме за Зимбабве....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Мислиш дека ако имале ниет Русите да го убијат, ќе се обрукале? Не збориме за Зимбабве....
Е па тоа е проблемот овие од ГРУ тотално се посраа.

Ја напрскале кваката од врата со парфем во кој што имало Новичок и потоа го фрлиле во блискиот парк. Таму маж го најдува и го дава на жена си која се мириса и во суштина е единствената жртва во случајов. Мислам можеле деца да го најдат парфемот и да си се прскаат, можело катастрофа да биди. И баш преку парфемот успеаваат да им ги пронајдат трагите назад до хотелската соба кај што биле сместени.

Да ти кажам толку е дилетантски ова што го направиле што мислам да не им си во кожата на овие Александар Петров (Александар Мушкин) и Руслан Боширов (Анатолиј Чепига) и нивните претпоставени, затоа што мислам дека поблага казна ќе добијаат во Британија, отколку тоа што ќе им го направи Путин.

Така да сега овие од запад знаат дека овие од ГРУ не можат ниту вода да му носат на славната КГБ од советско време.
 
Аха, значи сериозно го мислиш ова...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Аха, значи сериозно го мислиш ова...
Абе да беше само тоа, последниве месеци, акција за акција му пропаѓа на ГРУ.

Мислам на што ти личи тебе да им ги откријат имињата на извршителите, и каде живееат и каков стан имаат и каква кола возат и тоа сето по сите големи и мали медиуми по цел свет ? :)

Тоа е проблемот со Путин што направија мајмун од него, а каква медиумска кампања со лажни вести имаше, дури отиде до таму да ги покажува на телевизија.
 
Ок бе, твое мислење си е тоа...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
:pos:

https://www.mkd.mk/svet/vesti/rusite-osomnicheni-za-truenjeto-vo-anglija-nie-sme-samo-turisti-video
https://www.mkd.mk/svet/vesti/otkrien-vistinskiot-identitet-na-eden-od-osomnichenite-od-skripalj-polkovnik-anatolij
https://www.mkd.mk/svet/vesti/tajnite-sluzhbi-otkrija-tret-ruski-agent-vkluchen-vo-truenjeto-na-skripalj

Мислам дека на Путин срам му падна што вака дозволи да се бламира.
Овие од ГРУ да ја извршеа работата професионално, да го убијаа предавникот, ќе беше прав показател на руската надмоќ. Сега западов знае дека овие од ГРУ не и се ни до колена на бивша КГБ :D
Види и УДБА вршела ликвидации ширум светот, која не била ни до колена на КГБ, Мосад или ЦИА. Па и едни Штази биле пред нив. Не знам за случај каде атентаторот бил фатен, па тука ако навистина имало напад ќе прателе способни луѓе, сепак тоа е мисија од црвен аларм, а не полупрофесионалци кои не знаат да одговорат на просто прашање или уште помалку луѓе кои не се добро обичени и информирани.
Башка сеуште нема ниту еден доказ. Нула докази. А ако ова дојде до суд, ќе бидат осудени со цел Британија да поентира.

Сега до каде сме со реципроцитетот?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.682
Поени од реакции
38.869
ГРУ не беше воено разузнавање? Истата ГРУ постоела и во СССР и нема врска со КГБ, денешното КГБ се вика ФСБ.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
ГРУ не беше воено разузнавање? Истата ГРУ постоела и во СССР и нема врска со КГБ, денешното КГБ се вика ФСБ.
За ГРУ си во право иако има некои измени по падот на СССР, не е баш исто.
Од КГБ произлегуваат две служби, едната е ФСБ која ја преземе и славната Љубјанка и е надлежна за државната безбедност и контраразузнавање, и втората служба е СВР која е исклучиво надлежна за разузнавање надвор од границите на РФ.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Види и УДБА вршела ликвидации ширум светот, која не била ни до колена на КГБ, Мосад или ЦИА. Па и едни Штази биле пред нив. Не знам за случај каде атентаторот бил фатен, па тука ако навистина имало напад ќе прателе способни луѓе, сепак тоа е мисија од црвен аларм, а не полупрофесионалци кои не знаат да одговорат на просто прашање или уште помалку луѓе кои не се добро обичени и информирани.
Башка сеуште нема ниту еден доказ. Нула докази. А ако ова дојде до суд, ќе бидат осудени со цел Британија да поентира.

Сега до каде сме со реципроцитетот?
За реципроцитетот обрати му се на Иванов тој е стручњак за калимеро политика и исправање на криво право во меѓународни односи...

Инаку за првиот дел од муабетот, си кажа нешто колку да се речи дека си кажал, еден куп не поврзани работи.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998

Kajgana Shop

На врв Bottom