Не се разбираме. Ова што го тврдиш за напредокот на Кина е точно, не велам дека не е така. Бев и јас на кратко туристичко патување пред некој месец, навистина импресивно.
Она што треба да се раздели е причина и последици. Ова сега што се случува, тие полтики што се водени и што се водат, доаѓањето на Трамп итн, се последици. Последици на систем кој е базиран - Кина и останатите произведуваат, ние трошиме, парите ни се враќаат назад така што тие што продаваат ќе купат наши хартии од вредност, ние ќе имаме силен долар и ќе живааме од рента (ова е крајно упростено, во пракса е многу покомпликувано). Додека траеше беше добро, сега веќе не е одрживо. Мора да се смени. Се разбира дека Трамп не може ова да го реши, јас немам никаква доверба во него, за мене тој е старец и ова е преголема задача за него.Се уште мислам дека Бајденовата економска политика ќе ја постигнеше целта полесно (настрана неговите грешки со миграциите и што пушти премногу пари во оптек и се направи инфлација, но тоа почна да се решава). Кина ќе мора да попушти во тоа да не извезува толку многу, повеќе да троши на домашниот пазар. Ако сите се затворат, тогаш и тие ќе имаат проблем.
Ето во тоа се разликуваат нашите размислувања.