[QUOTE="~>}VOJVODATA~~LAVOT{
Тоа е морално и етички премногу дегутантно да се праша, но гледам стално го поставуваат. Особено во контекст на односите со Албанците. Демек, зошто се бунам против тоа што го прават Албанците, кога мене лично ништо не ми направиле. Или пак, кога се бунам против тоа што го прават, гарант мене лично нешто ми згрешиле, нема друго.
Поставката дека имаш право да се буниш само ако тебе лично те засега е морално и етички дегутантна.
First They Came на Мартин Ниемилер токму за тоа збори.
И покрај тоа, ова не е таков случај.
Еве ти само еден конкретен пример (а има уште):
Имам пријател новинар. Иде на брифинзи у америчка амбасада. Не знам точно како ги викаат тие средби со амбасадорот, што се дешаваат еднаш годишно. Неговиот впечаток е дека амбасадорот тие средби вообичаено суптилно ги користи за притисок врз новинарите да ги тинтраат невладините. На последниот ваков состанок тоа не било случај. Јас не го обвинувам американскиот амбасадор за вртење капа, тој треба да ја следи политиката на својата земја. Да ја претставува својата земја.
А ако треба да ти објаснувам зошто ми е битно невладините да бидат на мета на новинарите и на мета на целиот јавен наратив, тогаш немаше ни потреба ни све ова претходно да го пишам.[/QUOTE]
Каква врска има брифинг во амбасада и што работел твојот пријател со тоа што те прашав? Ајде прочитај го уште еднаш прашањето, напи се една чаша вода и пробај да одговориш.
Sent from my iPhone using Tapatalk