- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.455
- Поени од реакции
- 18.456
Види што ќе се случи ако го прифатиме предлогот.Како точно го прави овој предлог тоа? Бугарија секако ќе ни стави вето ако не прифатиме некаков предлог.
Ќе добиеме една заедничка владина сединица со ЕУ и толку. Тоа нема да биде почеток на преговори. Преговорите ќе почнат дури откако ќе се направат уставни измени и ќе се внесат Бугарите во уставот. Тоа би било некаде за една година, блиску до следните праламентарни избори.
По, следните парламетарни избори СДСМ ќе биде опзиција и тоа најверојатно очајна со мал број на пратеници, ако гледаме што се случи со локалните избори.
На новата власт ќе и остане овај преседан со кој што ќе останиме блокирани со години, затоа што нема спремност кај македонското ткиво за задоволување на бугарските барања, а од друга страна самите сме го озакониле ова непринципиелно барање на Бугарија.
Во меѓувреме тензиите меѓу македонците ќе кулиминираат и на секам да помислам што може да се случи т.е. некој и ќе си го однеси.
Башка секогаш се тука меѓуетничките односи кои дополнително ќе го оптоварат животот.
Така да зошто да го озаконуваме ова НЕЛЕГИТИМНО барање на Бугарија. Ова е ПРЕСЕДАН.
Во крајна линија, не само што во ЕУ не гарантираат членство, туку одделни земји како Франција заговараат да нема прширување додека не се реформира Унијата.
Разбираш зошто е дилетантска грешка да го прифатиме ова?
Последно уредено: