Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
https://infomax.mk/wp/видео-митева-дoдeкa-скопје-нeмa-кaпитaлни-и/
во ред е што се ставаат такви даски, ама не е во ред 500 евра клупа :mad: ...такви даски и јас купив за правење клупа, не се скапи, а не треба ни фарбање ни лакирање...башка на таа количина ќе ти ги донесат сечени на мера....железната конструкција исто не е толку скапа, оваа работа комерцијално не би чинела повеќе од 150евра, 500евра е ЖИВА корупција
 

Овој закон за државјанства во комбинација со купот изводи кој знае како издадени ќе кулминира со т.н попис а сево ова во суштина се елементи на демографски инженеринг.

Има работи кои едноставно не може да бидат предмет на дискусија, ваквите теми метафорично кажано, се муабети од типот на тоа со каков калибар сакаш да бидеш застрелан во главата од непосредна близина.
 
Последно уредено:

Овој закон за државјанства во комбинација со купот изводи кој знае како издадени ќе кулминира со т.н попис а сево ова во суштина се елементи на демографски инженеринг.

СДС и ДУИ сум сигурен дека примарна цел им е да си "создадат" нови гласови за претстојните локални избори зошто посебно на СДС им се потребни нови ефтини гласови зошто едноставно нема доволно пари во државата за да можат да идат со истата тактика од минатите избори со масивен поткуп. Нови 20-50к гласачи кои они ќе можат да си ги распоредат каде сакаат ќе им дојдат како на будала шамар.

АА се само идиотите кои ќе им ја спроведат агендата мислејќи дека ете ќе имаат што да покажат дека направиле нешто.

Попис сум скоро 100% сигурен дека нема да има воопшто зошто тоа ќе биде ептен жежок костен за одма пред локални избори. Гарант некој судија или некој неименуван бирократ ќе го одложи, ниедна од париите освен АА нема да го спомне и тоа ќе биде тоа.
 
..., ниедна од париите освен АА нема да го спомне и тоа ќе биде тоа.
па нели приметувате дека сега највеќе се збори (од есенските ствари) за школото дали и како ќе почне и за локалните избори
никој ни да писне за пописот
 
па нели приметувате дека сега највеќе се збори (од есенските ствари) за школото дали и како ќе почне и за локалните избори
никој ни да писне за пописот

Јас искрено не ни гледам некој нешто да збори ни за локалните избори. СДС ми изгледа само како да ја почнуваат кампањата уште од сега али сепак сеуште не им е медиумски агресивна, а тоа што ја почнуваат 4 месеци пред избори кажува доволно околу нивната ситуација. Јас мислам дека и СДС и ДПНЕ се во комплетна дупка, каде што ниту едните ниту другите не можат да обезбедат некаква убедлива победа додека пата-пата не им одговара ниту на едниот ниту на другите зошто така само тивко заедно ќе испоцркаат. Еве останува уште на ДПНЕ да се види големото "обединување" за да се види и они колку се очајни. Али од тоа што го имаат до сега прикажано очекувам некој дебели вадења од нафталин на некој и од дома што не ги знаат дека се бават со политика.

Али најголемиот проблем е што еве веќе година дена помина од последните избори и од центарот и од десно барем јас од тоа што го гледам не се појави ниту една озбилна огранизација за да се спротистави на СДС и ДПНЕ. Ова е по мене недопустливо. Пример се појави дека СДС и ДПНЕ можат да крвават и година дена после уште да се фракционираат на 300 огранизации и друштва е искрено срамота. Значи до сега требаше да има барем една десна партија која ќе беше способна да земе некој 10-20к гласови на локалниве избори.
 
Последно уредено:
Ok, нема договор до 22 јуни, ерго нема датум.
И со што планираат СДСМ да излезат на избори?

Има доста опции трговецот со лубеници и пиперки. Не му е првпат да е до грло во проблеми али на крајот сепак да се протне.
  1. Граѓанска Коалиција помеѓу социјал демократите , елените и една албанска партија ( СДС+ ДУИ +БЕСА), плусдоговор за подршка во втор круг со АА.
  2. Нови 20-50к гласови од законот за државјанство на АА.
  3. Договор со ДПНЕ за да не се дозволи трети групи да освојат нешто и заедничко правење фалсификат во корист на двете страни во втор круг.
  4. Ново задолжување од некој 500 милиони + продажбата на земја и ете ти едно милијарда евра за да купат некој 50-80к гласа.
И секако за крај ја има нуклеарната опција. ДПНЕ ги бојкотира локалните избори поради некоја банална причина.

Има опции муртинецот. Он е без никаков сомнеж најнемилосрдниот и најспособен политичар на Балканот во последните 30 години. По секоја логика он требаше да гние по зандани уште од пред 10 години. Али контстантното потценување на истиот секогаш завршува да он некако се протне, се извлече и уште да има и подобри карти одколку што имал претходно.

Чисто за пример он владее со Македонија веќе една година со парламентарно мнозинство од 62 пратеника. Тоа не треба да е ВОЗМОЖНО.
 
Пошто ова се локални избори и СДСМ и ДПМНЕ и сите треба да излезат со понуда за решавање на локалните прашања и проблеми во секоја општина. Знам дека кај нас секогаш првично се гласа за партија а не за човек или програма, но барем треба да се трудат за локални да не е така и кампањата да биде фокусирана на прашања од областа на локалната самоуправа.
 
Пошто ова се локални избори и СДСМ и ДПМНЕ и сите треба да излезат со понуда за решавање на локалните прашања и проблеми во секоја општина. Знам дека кај нас секогаш првично се гласа за партија а не за човек или програма, но барем треба да се трудат за локални да не е така и кампањата да биде фокусирана на прашања од областа на локалната самоуправа.
Каде тоа во Алиса во земјата на чудата? во северенфиром секако не.
Пак ќе излезете сите севернофиромјани и ќе гласате за истите криминалци дибеци кој ве ребрат 30 години.
 
Многу ми се јаки политичарчинава наши, мислат дека во Австралија,Америка и ред други земји шо се развини живејме, за да не се загадвал воздухот такса на дизелот, мајката ни ја ебаја на народот, ние немаме политичари ние имаме ПОЛИТИЧАРЧИНА така колку за занимација да си играт со народо :)
 
Ok, нема договор до 22 јуни, ерго нема датум.
И со што планираат СДСМ да излезат на избори?
Има време до 22 јуни, заев решил многу проблеми и овој ќе го реши, јас не би бил изненаден ако успее да најде начин за договор во наредниве дена иако анти западнава опозицијава му прајт опструкции.
 
Според новиот нацрт закон за пасишта пчеларите ќе треба да плаќаат пашарина затоа што пчелите ќе паселе на државно земјиште. What a time to be alive!

@Natemago

:lolzz:
Следно е да воведат такса за прелет на пчелите (како за авионите).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom