Реалноста е дека ние денешните Македонци немаме ништо со античките.
Сме пробале крајот на 19 и почетокот на 20век да се одвоиме од Бугарите и да формираме наша нација по географска област, што иначе воопшто не е спорно, али кога зимаш назив од грчка област , а притоа си Словен и немаш никаква допирна точка со грчката култура и јазик, е тоа е малку проблематично, јебига.
Па самиот збор Македонија е грчки, на нашиот јазик нема никакво значење нити потекло, исто е и со имињата Александар и Филип.
Последниве неколку години почнав објективно да гледам на историја и политика наместо да прифаќам што ми сервираат, и сфатив дека тешко дупење на мозок ни прават, не е ни чудно што сме овде кај што сме.
Ако еден Англичанец може да стане Американец/Австралиец/Кананѓанец, ако Австриец може да не е Германец, ако Баварците сакаат да се одвојат од Германија, исто како и Каталонците од Шпанија, Црногорците и Бошњаците од Србија, зошто да не можеме и ние од Бугарија?
Убеден сум, дека доколку искрено постапивме од 91ва па наваму, наместо да глумиме антички, фино лепо да кажеме кои сме што сме, од кај потекнуваме и на кај сакаме да тераме, да не крадеме туѓа историја, туку од темел да почнеме да градиме наша, до сега ќе бевме многу посериозна држава која веројатно ќе беше и во ЕУ, и многу повеќе почит ќе имавме во цел свет, наместо вака да се “пазариме и ценкаме“ за знаме,име,химна,историја итн. Бедно изгледа од страна, али баш бедно.
Не знам зошто мислевме ако сме антички дека тоа ќе гарантира некој наш успех? Погледнете ги сите јужни словенски држави денес, од Бугарија до Словенија. Тие што имаат најбогата историја (Србија и Бугарија), и единствени кои имале свои средовековни држави, денес се во многу полоша ситуација од, на пример, Словенците и Хрватите кои никогаш немале ни свое кралство.
Илузијата дека ако успееме да се надоврземе на таа некоја “стара античка слава“ ќе гарантира просперитет, треба веќе еднаш за секогаш да се отфрли.
Од 91ва па наваму живееме во некои илузии, си правиме авантури, најиронично од се е тоа што Заев на крај ќе излезе најнормалниот и реалниот во цела оваа приказна, тоа што човекот излажа се што кажа и отиде против волјата на народот, е приказна сама за себе.
Од една страна, Бугарите не чинат, иако они се создавачи на ВМРО кое е мерка единица за македонштината денес, ох иронијата.
Од друга страна не чини ни Тито и Југославија која од турски вилает не внесе во модерниот свет, и комунизмот лош за чие владеење добивме црква, јазик ,држава со јасни граници и инфраструктура од која опстануваме и ден денес, дека ни таа не сме способни да ја одржуваме како треба.
Не знам , мене би ми било срам после 33 години фијаско, продавање и менење на се што се бараше од нас, да продолжувам да тврдам дека сум антички Македонец.
Па самиот факт дека прифативме секакви компромиси е доволен доказ дека не сме, еден од најратоборните народи во човечката историја сигурно не би дозволил таков курташак да си играат со него, поготовно не заради едно членство у некоја си организација.