Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 јуни 2024
Мислења
4
Поени од реакции
23
Не можам да дефинирам дали Македонскиот народ навистина верува во оние предизборни кампањи и програми ( и дали воопшто имаат прочитано една реченица од програмите ) на двете најголеми политички партии во Македонскиот блок или не верува но сепак гласаат само од инает кон другата партија да не биде повеќе на власт?

Многу граѓани веќе се изјаснија како '' повторно излажани '' од новата власт во доаѓање иако сеуште фактички не се на власт . Во ред е таа констатација со оглед на тоа што во предизборната кампања се зборуваше како тоа немало да го применуваат новото име , ќе ги репреговарале договорите со Грција и Бугарија и Македонија ќе била повторно горда и ''наша'' , а сега гледаме сосема спротивни ставови како тоа дека сепак ќе го почитувале договорот од Преспа во име на добрососедските односи и напредокот на Македонија на патот кон ЕУ . Што значи едно е од опозиција да се лае и да се зборува што на ум тоа на друм бидејќи на крајот од денот нема никаква одговорност за кажаното а друго е од позиција на власт кога секој збор се мери и се надгледува со максимална посветеност и заинтересираност .
Се сеќаваме на 27-ми Април кога токму гордите патриоти од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во собранието на Република Македонија затоа што Џафери беше назначен за спикер . Тогаш ним им пречеше тој чин и не сакаа да слушаат претседавање на Албански јазик . Но сега они самите назначуваат Албанец кој ќе зборува на Албански јазик во собранието и тоа е сосема во ред од нивна страна па и дури од страна на нивните симпатизери кои сега бараат изговор во исказот '' мора така да биде нема друг начин '' . Кое ниво на лузерски менталитет е тоа ?

Дефинитивно ние Македонците сме народ со кратка меморија. Зарем заборавивте дека со заеднички сили СДС и ВМРО-ДПМНЕ ни го променија името , си изгласаа апанажа , си изгласаа покачување на платите од 78% и ред други шверцерски закони ? Не знам колку време е потребно за ние да сфатиме дека политичарите од двете партии повеќе од 30 години ја водат Македонија кон амбисот со една заедничка цел а тоа е стекнување на ботаство за себеси и своите најблиски . Иако гледано од правно-политички аспект СДС немаат конкуренција во нанесувањето зло на сопствената земја .

Воведување на една изборна единица и отворени листи се спасот за политиката на Македонија. Што повеќе партии во парламентот толку подобра држава и политика ќе имаме бидејќи ќе нема апсолутно мнозинство. Видовме што се случи последниве 8 години кога една партија ќе земе сила и почнува да го губи компасот па ниту самите себеси не можат сега да се оправат и затоа подолго време СДС ќе биде избришана од политичката сцена иако посакувам тоа да биде засекогаш поради злото што го нанесоа на нашата Македонија . Тоа треба да биде пример како не треба да се води држава и особено надворешна политика но да видиме дали новата власт ја научила таа лекција или и они како и СДС ќе извршат политичко самоубиство. Бидејќи да бидеме јасни , оваа поддршка што ја доби ВМРО-ДПМНЕ е крик на незадоволството на Македонскиот народ од претходната власт . Затоа со памет и учете од грешките на другите затоа што веќе голем број од луѓето се разочарани со првите повлечени потези иако сериозните предизввици допрва доаѓаат

И за крај една порака до сите Македонци - Не жалете се и не кукајте , народот носи на власт политичари но народот и ги симнува од власт . Затоа вашата кратковидна меморија заменете ја со аналитичка меморија што значи анализирајте го секој добар и лош потег на партијата која ја симпатизирате оти не може тоа што не чинело претходно сега да чини само затоа што партијата која вие ја поддржувате е на власт. Поради таквиот менталитет ќе си ги гледате на вибер вашите браќа , сестри , деца , внуци , пријатели...

Искрено посакувам и верувам дека оваа власт ќе има капацитет да се справи со сите предизвици и конечно да видиме нешто различно и да поверуваме дека навистина сме на вистинскиот пат. Лично познавам неколку млади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе добијат министерски и директорски места и знам дека се одлични кадри но прашање е колку ќе им биде дозволено да одработат .
Со среќа и чекаме добри резултати и имаме искрена надеж за подобро утре ! Повелете истакнете се!
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.396
Поени од реакции
3.404
Дали имаме нова проширена криминално учкарска коалиција ?
- Зголемување на бројот на министерства
- Гласање во 3 ноќеска по забрзана постапка

Плус..
За да ја има поддршка од дел од опозицијата, во текот на вчерашниот ден ВМРО-ДПМНЕ постигна договор со ДУИ со кој, како што беше објаснето, за возврат ќе се формира ад хок комисија во Собранието која ќе ја следи правичната застапеност во органите на државната самоуправа. На чело на ова тело ќе биде пратеник од опозицијата.

Наместо да ја прифати понудата на Левица за една изборна единица во замена за гласање на реорганизацијава, оти нели и они ветуваа пред избори една изборна единица они „патриотиве“ на батерии гледај ги што прават. Уште во старт исполнување на учкарски желби
 
newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
396
Поени од реакции
283
Сега да има избори тврдам со глава Вмро нема да има 50 пратеника, уште од старт го разочараа дел од членството и гласачите кои гласаа за “горда” Македонија, многу брзо ке ја изгубат власта, кој идиот треба да си на 27 април да ти пречи албанец преседател на собрание луѓе да лежат затвор поради тоа, а сега со свој камен по глава, треба сега тие патриотите што лежеа затвор да излезат и на Мицко глават да му скршат. По лошо почнат мандат нема во историјата на Македонија.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846

Борис Крмов ќе го цитираме само .

„До вчера плачеа дека Талат Џафери злоупотребувал процедури, а сега помеѓу комисиите нема ни паузи и се одржуваат во истата сала со истите службеници само претседателот го менуваат! Алал вера. Ниво на фабричка ефикасност! Излезете на мегдан да ги соочиме аргументите? Што е проблемот јунаци? Ич да не се секирате, ќе седиме цела ноќ ако треба ама раатот ќе ви го земеме“, кажа Крмов за време на паузата.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.369
Поени од реакции
16.568
масовно предавство, со ова изгубија 40 пратеници, на следните парламентарни избори наредниот месец Левица со 61 мандати. Нема више пушење, само шмукање.
Не, туку Вмро ќе добие 120 зашо со Гаши работаат за доброто на народот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.096
Поени од реакции
41.402
Не, туку Вмро ќе добие 120 зашо со Гаши работаат за доброто на народот.
сеа Гаши стана соучесник на ВМРО? Нели он против ВМРО работеше? Или малце наративот го помешавте. :D
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.396
Поени од реакции
3.404
Сега да има избори тврдам со глава Вмро нема да има 50 пратеника, уште од старт го разочараа дел од членството и гласачите кои гласаа за “горда” Македонија, многу брзо ке ја изгубат власта, кој идиот треба да си на 27 април да ти пречи албанец преседател на собрание луѓе да лежат затвор поради тоа, а сега со свој камен по глава, треба сега тие патриотите што лежеа затвор да излезат и на Мицко глават да му скршат. По лошо почнат мандат нема во историјата на Македонија.
Поголемиот дел од народов за жал е прост има кратко памтење или се шитка за ситни интереси, така да не биди толку убеден во прогнозиве. Не гледаш дека и Гаши почнаа да го бранат, за некое време и бугарите во устав ќе ги бранат дпмнеовците :rolleyes:
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.369
Поени од реакции
16.568
сеа Гаши стана соучесник на ВМРО? Нели он против ВМРО работеше? Или малце наративот го помешавте. :D
Од пуста возбуда што Гаши работи за доброто на народот па не знаеме што збориме.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.252
Поени од реакции
37.020
...со 6 министерства, прет.на собрание и 400 директори, Х.Мицковски требаше да им ,,ја закачи" на ВРЕДИ и обврската за наоѓање на уште толку колку му фали за дво третинско мнозинство.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.096
Поени од реакции
41.402
Од пуста возбуда што Гаши работи за доброто на народот па не знаеме што збориме.
вие нон стоп лупате само безвезна пропаганда и ништо не погодувате. Ќора кокошка повеќе има шанса да клукне нешто од вие да погодите.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.846
Поголемиот дел од народов за жал е прост има кратко памтење
Народов има долго сеќавање и тоа добра меморија има но народов едноставно е орда , глуп е народов . ОРДА .
Неорганизирано племе кое само работи во склоп за една материјална цел а тоа е да преживее и да најде работа .
Нема ни лидер, нема ни пастир,буквално сме орда .
Клиентелизмот затоа е како последица .
ВМро да фатеше и да направеше сериозни длабоки резови и реформи и да тргнеше партиското клиентелистичко работење , ќе видиш како народов ќе го пркнеше кон подобро однесување .
Работење во државна администрација без партиско членство и внатрешна контрола е од есенцијално значење .
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.369
Поени од реакции
16.568
вие нон стоп лупате само безвезна пропаганда и ништо не погодувате. Ќора кокошка повеќе има шанса да клукне нешто од вие да погодите.
Ќе те читаме тебе, гаѓаш у цел ко стрела у гз.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.096
Поени од реакции
41.402
Ќе те читаме тебе, гаѓаш у цел ко стрела у гз.
јас ако приметуваш никаква пропаганда не споделувам, ни претпоставки како вас. Не ме занима тоа. Јас ќе ги сумирам заклучоците понатака у зависност од како ќе се работи. Ако се работи добро, вие ќе имате улога на кловнови, ако не ќе имаат смисла вашите муабети.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom