- Член од
- 8 јуни 2024
- Мислења
- 4
- Поени од реакции
- 23
Не можам да дефинирам дали Македонскиот народ навистина верува во оние предизборни кампањи и програми ( и дали воопшто имаат прочитано една реченица од програмите ) на двете најголеми политички партии во Македонскиот блок или не верува но сепак гласаат само од инает кон другата партија да не биде повеќе на власт?
Многу граѓани веќе се изјаснија како '' повторно излажани '' од новата власт во доаѓање иако сеуште фактички не се на власт . Во ред е таа констатација со оглед на тоа што во предизборната кампања се зборуваше како тоа немало да го применуваат новото име , ќе ги репреговарале договорите со Грција и Бугарија и Македонија ќе била повторно горда и ''наша'' , а сега гледаме сосема спротивни ставови како тоа дека сепак ќе го почитувале договорот од Преспа во име на добрососедските односи и напредокот на Македонија на патот кон ЕУ . Што значи едно е од опозиција да се лае и да се зборува што на ум тоа на друм бидејќи на крајот од денот нема никаква одговорност за кажаното а друго е од позиција на власт кога секој збор се мери и се надгледува со максимална посветеност и заинтересираност .
Се сеќаваме на 27-ми Април кога токму гордите патриоти од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во собранието на Република Македонија затоа што Џафери беше назначен за спикер . Тогаш ним им пречеше тој чин и не сакаа да слушаат претседавање на Албански јазик . Но сега они самите назначуваат Албанец кој ќе зборува на Албански јазик во собранието и тоа е сосема во ред од нивна страна па и дури од страна на нивните симпатизери кои сега бараат изговор во исказот '' мора така да биде нема друг начин '' . Кое ниво на лузерски менталитет е тоа ?
Дефинитивно ние Македонците сме народ со кратка меморија. Зарем заборавивте дека со заеднички сили СДС и ВМРО-ДПМНЕ ни го променија името , си изгласаа апанажа , си изгласаа покачување на платите од 78% и ред други шверцерски закони ? Не знам колку време е потребно за ние да сфатиме дека политичарите од двете партии повеќе од 30 години ја водат Македонија кон амбисот со една заедничка цел а тоа е стекнување на ботаство за себеси и своите најблиски . Иако гледано од правно-политички аспект СДС немаат конкуренција во нанесувањето зло на сопствената земја .
Воведување на една изборна единица и отворени листи се спасот за политиката на Македонија. Што повеќе партии во парламентот толку подобра држава и политика ќе имаме бидејќи ќе нема апсолутно мнозинство. Видовме што се случи последниве 8 години кога една партија ќе земе сила и почнува да го губи компасот па ниту самите себеси не можат сега да се оправат и затоа подолго време СДС ќе биде избришана од политичката сцена иако посакувам тоа да биде засекогаш поради злото што го нанесоа на нашата Македонија . Тоа треба да биде пример како не треба да се води држава и особено надворешна политика но да видиме дали новата власт ја научила таа лекција или и они како и СДС ќе извршат политичко самоубиство. Бидејќи да бидеме јасни , оваа поддршка што ја доби ВМРО-ДПМНЕ е крик на незадоволството на Македонскиот народ од претходната власт . Затоа со памет и учете од грешките на другите затоа што веќе голем број од луѓето се разочарани со првите повлечени потези иако сериозните предизввици допрва доаѓаат
И за крај една порака до сите Македонци - Не жалете се и не кукајте , народот носи на власт политичари но народот и ги симнува од власт . Затоа вашата кратковидна меморија заменете ја со аналитичка меморија што значи анализирајте го секој добар и лош потег на партијата која ја симпатизирате оти не може тоа што не чинело претходно сега да чини само затоа што партијата која вие ја поддржувате е на власт. Поради таквиот менталитет ќе си ги гледате на вибер вашите браќа , сестри , деца , внуци , пријатели...
Искрено посакувам и верувам дека оваа власт ќе има капацитет да се справи со сите предизвици и конечно да видиме нешто различно и да поверуваме дека навистина сме на вистинскиот пат. Лично познавам неколку млади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе добијат министерски и директорски места и знам дека се одлични кадри но прашање е колку ќе им биде дозволено да одработат .
Со среќа и чекаме добри резултати и имаме искрена надеж за подобро утре ! Повелете истакнете се!