Не знам што толку ви смета Ванковска, па ја напаѓате? Не мислам дека е толку лош избор за кандидат, баш фино женче е, идеолошки скроз компатибилна со Левица. Кој друг би кандидирале Левица, а да е компатибилен со нивната политика и идеологија!? Веројатно не очекувавте некое ќосе да кандидираат, да мафта со мачета од говорница.
Баш! Многу веројатно е дека многу луѓе не ја поднесуваат од икс причини (ги блокирала на ФБ, рекла за Тарчуловски па овие не се согласуваат, зборела многу за Газа, се правела паметна, не им пишала добра оценка, бла бла). Ама факт е дека е најнеискварен кандидат од сите седум и факт е дека си се држи кон она нејзиното кое го зборува со години (антимилитаристички ставови, мултиполарен свет) и баш е на таа иста бранова должина со Левица.
Е сега повеќето не ги интересира Палестина (колку и да е во право, сепак Македонија си има свои проблеми и тука треба да е фокусот). Второ Левица ако сака поголем успех, ќе мора повеќе да ровари на терен, и тоа не само во градовите (Максим тоа го правеше доста успешно, иако и поголеми пари се фрлија во ЗНАМ).
Од друга страна мило ми е што Гога го уби во поим Стево со разликата. А мислам дека е најдобар кандидат што досега ВМРО кандидирал (а и тоа не е тешко, со оглед кој се бил кандидат или претседател порано). Се надевам дека и во втор круг лесно ќе победи!
Не ми е јасно само како толку луѓе го гласале Пендаровски? 180 илјади е многу за него и за партијата нивна.
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)
По кој основ!???