Дај не се глупирајте со лицемериево. "Бог да го прости", а всушност се ситите што умрел некој што имал поразличен став од вашиот. Ни е политичар човекот, ни директно влијаел на некоја штетна одлука, ни па има врска смртта негова со некаква си господова казна како што си замислувате.
Зависи од тоа како гледаш на работите и од која перспектива/гледна точка гледаш на истите.
Покојниот на мене лично ништо не ми има згрешено, поради што ниту имам кавги и/или било какви нерасчистени спорови/сметки со него, ниту пак имам причини за да му посакам било што лошо.
Бог да го прости традиционално се користи како изрека за опростување со покојниот/покојната, а со тоа и со сите негови/нејзини позитивни и негативни карактеристики и дела.
Јас лично не познавам луѓе кои се согласуваат 100% со мене, односно кои сите свои ставови ги имаат поистоветено со моите ставови, и фала му на Бога бидејќи е така, бидејќи не сакам да живеам во едноумие.
Но тоа не значи дека ако некој умрел по автоматизам треба да се заборави за што се залагал.
Едно е да бидеш расист од типот на Винстон Черчил кој ги третирал британските колонии како територии кои не би можеле да опстојат без британската контрола и окупација, а колонизираните народи ги сметал речиси за не-луѓе - всушност разликата помеѓу Черчил и Адолф Хитлер е многу тенка, малкумина го знаат ова и обрнуваат внимание на ова - а друго е да бидеш фанатичен анти-семитист од типот на Хитлер и нацистите кои активно повикуваат на истребување на Евреите од лицето на Земјата, а кога ќе им се пружи шанса за да ја спроведат таквата идеја на дело ја искористуваат таквата шанса до максимум.
И едниот и другиот не смеат да бидат заборавени за да послужат како примери за човештвото.
Кристално истото важи и за тазе покојникот чии што ставови се` анти-македонски и не смеат да бидат заборавени.
Разликата помеѓу него и корисните идиоти кои ги делат неговите ставови е во тоа што покојниот бил платен за да ги шири таквите ставови, а корисните идиоти кои ги делат неговите ставови не се платени за тоа - секако дека има исклучоци кои исто така не смеат да бидат заборавени.
Јас од друга страна не сум платен од никого, не спроведувам ничија агенда или пропаганда, имам мои ставови и ги почитувам луѓето кои имаат спротивни ставови на моите, но ретко ги прифаќам нивните спротивни ставови, а спротивните ставови на овој тазе покојник нема да ги прифатам до гроб.
Токму разликата помеѓу платениците како него и неплатените корисни идиоти го прави него личност чии што живот и не-дела не смеат да бидат заборавени. Тоа не е ситење на нечија смрт, туку поука за сегашните и за идните генерации.