Повеќе од доволен аргумент ти е што сега си у НАТО и преговараш за почеток кон ЕУ. Огромен достиг за државата.
Дај те молам, не се губи.
Јас основно училиште завршив во СР Македонија. Ми се нема случено да ми недостасува учебник или работни листови по ниту еден предмет. Сите свидетелства ги зедов навремено, уште во јуни.
Тогаш немаше домашни компјутери, немаше домашни печатачи, немаше Интернет, печатниците беа малубројни, книжарниците исто така, а енциклопедиите беа многу скапи.
Кој напредок го имаш сега, кога при Интернет и широкораспространети ласерски печатачи во боја за домашна употреба, твоите пулени не се во состојба да испечатат учебник цела година и свидетелства навремено?
Приватна американска компанија во твојата држава ти забранува да објавиш договор во кој самата држава ќе плаќа пенали од парите на своите даночни обврзници. Тука немаш суверенитет, туку вазалска положба во однос на приватна компанија.
Заради интересите на истата, на мала врата се обидувате да протнете феудален закон со 60-часовно работно време. Кој ги брани нив да си вработат повеќе работници и да си донесат повеќе механизација, за да го завршат проектот за 5 години?
И тоа пази пет години. За пет години, кинеска компанија не само Коридорите 8 и 10, туку ќе ја направи и Вардарската Долина пловна и ќе изгради метро во Скопје. Едни Индијци за пет дена направија автопат од 75 km.
https://auto.hindustantimes.com/auto/news/nhai-aims-new-record-to-build-75-km-highway-in-108-hours-41654320483282.html
https://www.rajpathinfracon.com/Encyc/2022/6/8/New-Guinness-world-record.html
Каков и да е квалитетот, сигурно ќе издржи барем пет години, колку што беше гаранцијата на реконструираниот автопат Миладиновци-Куманово.
Oвие твоите за тоа време, не можат стометарски сокак да асфалтираат.
Знаеш ли пред 40-тина години, колку возови идеа за Велес, Гевгелија, Битола, Куманово, Бељаковце, Кичево, Штип?
Знаеш ли колку идат сега?
Знаеш ли дека денес имаш градови во Источна Македонија оставени и без автобуски превоз?
Објасни колку е добро за државата функционерите кои само нанесуваат штета и чија способност се сведува на дигање рака и притискање тастери, да добијат 78% покачување на својот личен доход, наспрема 8% за обичниот народ.
Објасни колку е добро што премолченото крадење на струја од твоите Албанци го финансираме сите преку своите сметки како загуба при пренос на ел. енергија (мрежарина), која е поголема од основицата, т.е. потрошената електрична енергија?
Дај да ги прочитаме твоите рационални одговори.