Паа, Талибанците тогаш не држеле ни 70% од Авганистан, сега имаат скоро целосна контрола над цела територија.
Тие трилиони што ги спомнуваш, најголемиот дел се вратени назад во Американската економија, како плати на војници, соработници, производство на оружја и слично. Не се фрлени во вода. Нормално дека дел од нив ќе завршат како профит на корпорациите, но горе долу повторно ќе кружат во економијата.
Во последните години не трошеа дури ни 6-7% од годишниот буџет на армијата така да прашањето е зошто воопшто го напуштија Авганистан? Територија која се граничи со пола население на планетава, 3 нуклеарни сили, една што сака да биди и една во близина, битен дел од идни трговски рути итн, со други зборови доста клучно стратешко место...
Моја претпоставка беше дека ќе соработуваат со кој и да соработуваат таму само да држат неколку воени бази активни.
Ако беше поентата како треба да биде во некој си идеален паралелен универзум, веројатно ќе беше во право, но муабетот ќе требаше да почне со: што уствари Американците бараат у Авганистан..Не е муабетот во тоа дали и колку пари ќе се врат низ америчката економија, муабетот е за магијата на претварање на државни пари во приватни. И како што споменав не е само војската, тука се уштекаа и уште којзнае колку сектори, па чак излегоа и некои нови.
Не треба да размислуваме за државитге како за монолитни општества. Еден мал кброј државјани на САД ќе се нафатираат дебело заедно со уште помал број афгански вазали како екс-претседникот, дел ќе се офајдат помалку, дел многу малку (војниците) а дел ќе загубат многу или ќе бидат на нула.
Тие трилиони можеа да останат целосно во америчкиот систем и да ги употребуваа да најмат милиони работници да копаат дупки во дивина а други работници да ги затрупуваат ископаните дупкиТака барем немаше да има којзнае колку мртви, ранети, осакатени, ментално пореметени...како и секоја војна и при оваа опашките ќе се влечат со децении.
А ова било пази, најдолгата војна во историјата на САД.
Афганистан не излегува на море, нема пловни реки, нема железничка мрежа, патната мрежа била дно, не знам кога и како би бил битен дел од трговски рути кога никогаш не бил досега (освен за хероинот)?
Тие пари секако ќе беа потрошени на нешто и ќе циркулираа низ Американската економија и исто така ќе имаше профитери и добар дел ќе завршеа кај приватници и слично без разлика дали тоа ќе беше војската, здравството или не знам што.Не е муабетот во тоа дали и колку пари ќе се врат низ америчката економија, муабетот е за магијата на претварање на државни пари во приватни. И како што споменав не е само војската, тука се уштекаа и уште којзнае колку сектори, па чак излегоа и некои нови.
Не треба да размислуваме за државитге како за монолитни општества. Еден мал кброј државјани на САД ќе се нафатираат дебело заедно со уште помал број афгански вазали како екс-претседникот, дел ќе се офајдат помалку, дел многу малку (војниците) а дел ќе загубат многу или ќе бидат на нула.
Тие трилиони можеа да останат целосно во америчкиот систем и да ги употребуваа да најмат милиони работници да копаат дупки во дивина а други работници да ги затрупуваат ископаните дупкиТака барем немаше да има којзнае колку мртви, ранети, осакатени, ментално пореметени...како и секоја војна и при оваа опашките ќе се влечат со децении.
А ова било пази, најдолгата војна во историјата на САД.
Афганистан не излегува на море, нема пловни реки, нема железничка мрежа, патната мрежа била дно, не знам кога и како би бил битен дел од трговски рути кога никогаш не бил досега (освен за хероинот)?
Субјективно е да речеш загубена војна. Ништо не направија Американците во последните 20 години за да мислиш дека целта им беше да останат вечно таму. Не мислам дека не можеа да се справат со племето, туку прашањето е дали сакаа. Како што образложи малце подетално @Human погоре, парите САД не ги фрлија на буниште, повеќето пак завршија во нивната економија.Потрошените трилиони долари, за да изгубат војна од лесно вооружена, исламистичка, милитантна и пред нивната интервенција, политички маргинална група, која после 20 години, буквално, чекање противникот да се измори, ја добија на тацна гео-политички најзначајната територија во Централна Азија, го прави повлекувањето од Авганистан, гео-политичка катастрофа за САД, а не само гео-политичка грешка.
Некои го нарекуваат Суецка криза момент за Американската империја. Јас не би одел дотаму, ама ова "повлекување" дефинитивно носи со себе историска симболика.
Ова е прв пат, после крајот на 17ти и почетокот на 18ти век, како Западна, англо-саксонска империја, нема foothold во цела Азија. Со оглед на тоа што присуството на САД и во Ирак е безначајно, а администрацијата на Бајден најави повлекување и од таму.
Имаат сојузници и партнери, но никој од нив нема ниту интерес, ниту мотив, безусловно да ја координира својата надворешна политика, со онаа на САД.
Азија е оставена to its own devices, на почетокот на векот, кога Азија (особено Источна и Југоисточна Азија) ќе стане економски и политички центар на светот.
Можат колку сакаат да пробуваат, да го претворат ова во внатрешно-политички поени, ама останува фактот дека Буш, Обама, Трамп и Бајден, со оваа екскурзија, си обезбедија неколку страници во историските книги.
Пораз е. Без разлика каков наратив ќе употребат, како состојка на пр обландата со која се обидуваат да го обвиткаат овој дебакл. Ниту една од целите, кои ги поставија пред интервенцијата во Авганистан, не е остварена 20 години подоцна. Талибанците се пак на власт, со навидум уште поголема контрола на теренот, тероризмот кој потекнува од исламски милитантни не е победен, а и најголемата будала не верува дека Авганистан некогаш бил функционална демократија во овие 20 години. Плус, Талибанците не беа ни блиску до целосно уништување, дури подршката за нив континуирано растеше во некои делови од Авганистан. Кога целите на некоја воена операција нема да се остварат, тоа е пораз на тој што ја изведува операцијата. No ifs, ands or buts. Уствари, пак ќе кажам, не е само пораз, катастрофа е.Субјективно е да речеш загубена војна. Ништо не направија Американците во последните 20 години за да мислиш дека целта им беше да останат вечно таму. Не мислам дека не можеа да се справат со племето, туку прашањето е дали сакаа. Како што образложи малце подетално @Human погоре, парите САД не ги фрлија на буниште, повеќето пак завршија во нивната економија.
Не е можно да не знаеле дека Талибан за многу кратко ќе го завземе цел Авганистан. Ниту пак дека не биле свесни дека цело оружје што им го продале на претходната влада, ќе заврши кај Талибанците. Едноставно све е влезено во пресметките, дури и на крај соработуваа со Талибанците при повлекувањето и како што гледаш уште не застанале на здрави нозе Талибанците имаше најави за соработка од западните земји.
Така да во случајов пораз е многу тежок збор за повлекувањето на Американците од Авганистан.
Па мислам дека веќе и на малите деца им е јасно дека тоа што декларативно стои позади целите на оваа инвазија е далеку од вистинската причина за инвазијата. Ако ти навистина си мислиш дека Америка војува за да донесе демократија и добробит во земјите во кои војува, или дека сакала да го уништи тероризмот и Талибанците стварно си во најмала рака наивен. Или па да си помислиш дека биле неспособни во обидите да ги уништат Талибанците.Пораз е. Без разлика каков наратив ќе употребат, како состојка на пр обландата со која се обидуваат да го обвиткаат овој дебакл. Ниту една од целите, кои ги поставија пред интервенцијата во Авганистан, не е остварена 20 години подоцна. Талибанците се пак на власт, со навидум уште поголема контрола на теренот, тероризмот кој потекнува од исламски милитантни не е победен, а и најголемата будала не верува дека Авганистан некогаш бил функционална демократија во овие 20 години. Плус, Талибанците не беа ни блиску до целосно уништување, дури подршката за нив континуирано растеше во некои делови од Авганистан. Кога целите на некоја воена операција нема да се остварат, тоа е пораз на тој што ја изведува операцијата. No ifs, ands or buts. Уствари, пак ќе кажам, не е само пораз, катастрофа е.
Фрлени се трилиони долари на американските даночни обврзници во вода, за воен (политички) проект, кој исто како да не се случил. Барем да останеа со минимално воено присуство и трошоци во Авганистан, како што спомна @Human, доволно за да одржат некаков прокси сојузник, што ќе им овозможи барем некаков гео-политички поврат на ова непродуктивна инвестиција, во иднина.
Според некои проценки, војната во Авганистан го чинела САД, околу 2 трилиони долари. Пари кои владата на САД ги обезбеди преку deficit spending, значи војната се финансирала преку јавен долг. Тие 2 трилиони се повеќе од целиот пакет за опоравување кој владата на САД го потроши во кризата од 2008 и повеќе од 1/3 од вкупниот пакет кој ќе го потрошат за корона кризата. Пари, кои генерално ги позајмуваа од странски инвеститори. Најголем од тие инвеститори беше Кина, конкурентот кој сега има бришан простор да го шири влијанието во Авганистан
Соработката со западот не го кажав како нешто што ќе има ефект врз иднината на Авганистан, туку во контекст како лицемерието се смее директно во наивните фаци, само што они неможат да осетат.Повлекувањето мене ми личи (покрај внатрешно-политичкиот притисок и пренасочување на фокусот на други места) само на кратковида, еден-изборен-циклус вид на креативна, "инвентивна" и некохерентна геополитичка идеја на американските политички елити, конкретно администрацијата на Трамп, продолжена од администрацијата на Бајден. Талибанците да не можат да одржат контрола, поради немање доволна логистика и ресурси, Авганистан да се распадне по племенски и сектаријански линии и пак да стане база за меѓународен исламски тероризам, преку која ќе се дестабилизира Xinjiang со мала помош од ујгурските милитанти таму. Нормално со мало неофицијално охрабрување од нивна страна. Тоа ќе биде само дел од пошироката containment стратегија против Кина, која не даде баш сјајни резултати до сега.
Реалноста е дека, подршката и добрите односи со Запад, ќе имаат многу малку ефект врз иднината на владеењето на Талибанците со Авганистан. Многу побитни се односите со Пакистан, Кина, Русија, Иран и Индија. Кина веќе почна да одобрува милиони долари помош, за "хуманитарни" и "развојни" причини.
Шарени куртони пред месец дена: „Ни доаѓаат умерени, еманципирани, модерни Авганистанци кои се бореа против Талибаните„Мирните, кротки и добри Авганистанци. Им дадовме топол дом и оброк. Ние сме топла и секогаш отворена држава за помош на угнетените муслимани ширум светот.
Кутрите тие жени и деца, но и по "само некој маж". Без никакво криминално досие, чисти како солза.
Така едно утро, по топлиот оброк, решиле да го напуштат убавиот хотел и да се прошетаат до Куманово. Таму наишле на мигрант индијец. Го нањушиле дека има пари, секако ладнокрвно го ограбиле. Среќа што останал жив.
Рано е уште, ова е мачкина кашлица, допрва ќе ни пристигнуваат. Ќе биде весело, сеуште се на нов неистражен терен, што допрва ќе го разгледуваат па ќе вршат редовни криминални дејствија. Како кога се дома.
Но ЕУзаТебе, WeAreNATO ТОА Е БИТНО!!!!![]()
Драма во кумановско: Авганистанци претепале маж, му одзеле 440 евра, а барале и 2.300 евра од брат му за да го ослободат
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво.sitel.com.mk
Нема разлика, само прашање на време е кога ќе си ги покажат квалитетите.Не дека и тие новите нема да бидат такви, но мислам дека ова е настан од пред некој месец и дека овие се илегални авганистански од јужната рута што идат.
Sent from my SM-A217F using Tapatalk