Политички конформизам

  • Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Се прашувам до каде би оделе политички обоени во послушноста кон своите водачи ?
До каде би молчеле на грешките на вашите водачи или пак е неважно граница на толеранција нема се додека вашата партија е дел од власта и вие го добиете тоа што е ветено(работно место)?

А за неопределните оние кои се самоамнестираат од одговорноста кон општеството и својот народ и конформно седат во својата столица и велат дека не си ги валкаат рацете и при тоа молчат за се што се случува?

До кога ќе молчиме за оние кои систематски и безмилосно ни ја уништуваат и експлатираат државата?

До кога сите ниое ќе молчиме и велиме дека ова што се случува во оваа држава е нечија вина и ја одбегнуваме одговорноста ?

Инаку пред некое време почина едно мало девојче по име стефанија ,имаше тема за тоа и сите ја кривеа државата ,докторите итн но никој себе ,никој не рече дека има удел во смртта на тоа девојче ,сите ние имаме сме виновни бидејќи молчевме и дозволувавме да се случуваат овие глупости ,кој поради страв,кој поради тоа што е купен но крај краева сите сме криви и носиме одговорност кон себе си и општеството

Инаку во уставот пишува секој граѓанин има права и обврски ...сите си ги бараме правата а кога ќе ги исполниме обврските ?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Инаку пред некое време почина едно мало девојче по име стефанија............ ,
Не е во ред туѓа несреќа да се користи тука како причина за препукувања....
......има многу прашања без одговори но кога се работи за здраствени проблеми некогаш и сите пари и технологија на овој свет се бескорисни!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Знаеш до кога?
Се додека имаат корист. Дотогаш!
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Bravo za temava MAROVKA alal da ti e,a toa sto snosime odgovornost da pred se sme pravoslavni mislam za tie sto se vistinski hristijani znaat so e griza na sovest.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Bravo za temava MAROVKA alal da ti e,a toa sto snosime odgovornost da pred se sme pravoslavni mislam za tie sto se vistinski hristijani znaat so e griza na sovest.
Јас поинаку ја сфатив МАВРОВКА. Што има врска сега православието со темава која се вика политички а не верски конформизам.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Додека не му пукне филмот на целиот македонски народ и не се дигне на револуција и не ја урне власта (која сака нека биде).
 

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
Додека не му пукне филмот на целиот македонски народ и не се дигне на револуција и не ја урне власта (која сака нека биде).
t o c n o t a k a.

samo mislam deka sega veke e golem rizik.

premnogu e zavladean totalitarizam,drzavata e okupirana od vlasta,premnogu e narodot isplasen i gladen,deprimiran narod so koj lesno se manipulira,zatoa ne veruvam deka bi mozelo nesto da se napravi ,jas sakam da moze da se sluci toa no situacijata e komplicirana.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
ако разбрав убаво, марсовка не пишува против оваа влада (само), туку против сите партиски послушници, од сите партии и сите влади.. така де не се сскајте, само покажувате дека и вие сте од тие.
Јас сум паралелно со законот за лустрација да се донесе уште еден со кој ќе се забрани на сите досегашни функционери и политичари да им се забрани бавење со политика дожувотно!
Значи зборам за сите ешалони, од главатари до потрчкала. Мене ми е преку такво од сите комплет!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom