Ibracadabra
Волшебник
- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 1.299
- Поени од реакции
- 65
Искрено да ви кажам се двоумев дали темава да ја отворам во Политика или во Спорт таму кај типови.. Ама гледам овде има доста активност и доста сте запалени со политикава, многумина од вас 15 - 16 годишни деца, зборуваат како политиката да се мачка на леб.. но исто така има и доста возрасни кои добро ги познаваат политичките состојби со партииве и со рејтинзиве.. па.. да не должам многу ќе преминам на главното..
Денес јас онака случајно застанувам покрај патот во една Неготинска кладилница, (не сум од Неготино), и си викам да уплатам еден талон онака да носи поголема добивка, па ако веќе се вракам пак тука да се вратам за повеќе пари.. и додека чекам девојкава да ми донесе билтен на шанкот забележувам еден лист на кој пишува:
1. Горан Цветков - независен кандидат - коеф. за победа 8
2. Пане Трајков - ВМРО - ДПМНЕ - коеф. за победа 1.85
3. Никола Андов - независен кандидат - коеф. за победа 8
4. Ѓорѓи Кимов - СДСМ - коеф. за победа 1.85
Не можев да поверувам на своите очи кога го видов ова.. па си велам дај и јас една тема да поставам, една доста необична, а поврзана со политиката, да ве оттргнам малку од овие теми кои се нечии дневни изјави или партиски директиви..
Прашањето е.. што мислите кој ќе победи во Неготино? Како таму стојат ВМРО и СДСМ? Можно ли е кладилницата да го намести победникот?
П.С. Ќе ве молам само без партиски препукувања од типот ВМРО или СДСМ се најјаки тие ќе победат! :wink: