Полипи во нос?

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
ajde koj imal iskustvo so vakvco nesto neka pise sve sto ke mu dojde :)
Па добро,убаво би било да пишуваш на кирилица иако по мислењата гледам дека си релативно нова.Ако веќе отвараш тема би било убаво да дадеш некаков вовед и во случај ти да си имала искуство да го напишеш своето.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
jas imam polip i treba da go operiram i sakam da znam kako e operacijata i slicno
Знаев една девојка порано што ми кажуваше за тоа ама неам одамна нејзин број ни контакт со неа.Јас искрено не би знаел да ти кажам нешто повеќе.

Полипите се бенигни тумори кои се формираат на мембраните на слузокожите. Најчесто се јавуаат во носот, на гласните жици и во долниот дел на интестиналниот тракт-во цревата. Кога се појавуваат најчесто се во облик на солза, но како се развиваат добиваат гроздест облик, и се сврзани за слузокожата. Тие обично не даваат никакви симпотми но со нивниот раст и размножување можна е појава на зголемено создавање на слуз и крварење.

Полипи во нос - кога премногу ќе се развијат, можат да го блокираат дишењето, да предизвикаат назален говор (при зборување да звучите како да зборувате на нос) и може да го намали чувството за мирис. Можат долго да постојат во носот без да предизвикуваат никакви проблеми. Доколку создаваат проблеми можат да се намалат симптомите со кортикостероиди, но најчесто бараат хируршко отстранување.
Полипи од нос можат да се отстранат хируршки под локална анестезија но за жал кај најголем број луѓе поторно се јавуваат за неколку години.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
е дечки дајте ми одговор ,каква е операцијата ,како оди,дали е болна..боли ли додека ги вадат полипите..јас имам 2 носни полипи.и знам се околу тоа..но ме инетерсире околу операцијата
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.877
Поени од реакции
11.153
е дечки дајте ми одговор ,каква е операцијата ,како оди,дали е болна..боли ли додека ги вадат полипите..јас имам 2 носни полипи.и знам се околу тоа..но ме инетерсире околу операцијата
Јас имав полипи во носот до пред 3 години негде. Зашто се изглупирав ги оставив и многу големи се направија, тотално затнат бев дишев само преку уста. Правев операција во воена болница и од тогаш да чукнам на дрво добар сум не ми се повратиле. Иди што побрзо среди ги не ги оставај да растат позаебано е после за операција. Иначе мене со целосна аненстезија ми ја правеа операцијата околу 40тина минути мислам ми кажаа дека траела. Седев недела дена во болница после операцијата па ме пуштија дома. Од тогаш нормално дишам и редовно одам на контрола на 2-3 месеци за во случај да се повратат.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
948
е дечки дајте ми одговор ,каква е операцијата ,како оди,дали е болна..боли ли додека ги вадат полипите..јас имам 2 носни полипи.и знам се околу тоа..но ме инетерсире околу операцијата
Нема потреба од страв оди на опарација обавезно.

п.с ако ти ја снимаат операцијата со камера би сакал примерок цд :)
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Полипите на носот се морфолошки формации лоцирани во носната шуплина, но понекогаш може да се најдат и во максиларниот синус и етмоидните простори.




Причини за настанување

Како етиолошки фактори се наведуваат: хронична инфекција, алергија, индвидуална предиспозиција и неоплазми.

Клинички облици

Се разликуваат обични и неопластични типови на носни полипи. Обичните, или мукозни типови имаат едематозна хипертрофична субмукоза, растресита фибриларна строма и интрацелуларен серозен секрет со метаплазија на жлездите. Овој полип може да биде алергиски, вазомоторен или воспалителен. Најчеста е алергиската генеза на полипите. Другиот тип, неопластични полипи, представуваат неоплазми, кои може да бидат бенигни или малигни.

Клиничка слика

Клиничката слика се манифестира со опструкција на носот, аносмија (губиток на чувството за мирис), слевање на секрет, главоболки и др. Некогаш се јавува и кивање, гнојна секреција и во екстремни случаи, проширување на носните коски. Некои болни може да имаат и тешкотии од страна на бронхиите па и астма. Со предна риноскопија се гледа еднострука или повеќеструка овална, мазна, беличеста, сјајна формација во носот, претежно во средниот или заедничкиот носен ходник. Полипот на носот обично е обостран, а може да има и крушковиден или гроздест изглед. Слузницата на носот е бледа.

Дијагноза

Се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, објективниот преглед (предна и задна риноскопија) и радиографија на синусите.

Лекување

Лекувањето е по правило хируршко. Хируршката терапија опфаќа одстранување на полипите, со или без операција на зафатените синуси. Конзервативната терапија вклучува антихистаминици, локални кортикостероиди и вазоконстриктори.
 

^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
како што знам има и ласерско отстранување кое кошта 600евра и е многу поедноставно од хирушкото али 50-50 биле шансите да се повтори пак
 
Член од
17 ноември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
е дечки дајте ми одговор ,каква е операцијата ,како оди,дали е болна..боли ли додека ги вадат полипите..јас имам 2 носни полипи.и знам се околу тоа..но ме инетерсире околу операцијата
--- надополнето: Nov 17, 2011 9:56 AM ---
maz mi ima isto problem so polipi.otidovme vo Belgrad na privatna klinika se operira so FESoperacija.nisto ne se sece se vleguva preku nos i mislam deka se gorat.utredenta go otpustija,plativme 2000evra i nisto.po dve nedeli pak mu se javija istite simptomi,gusenje,zatnat nos,nemanje cuvstvo za miris.Sega od vreme navreme koga ke mu zagusti pie pronizon po sema i sprej -DEXA-RHINOSTOP i tie se povlecat i e miren nekolku mesecI.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom