Полжави во аквариум

Член од
24 февруари 2016
Мислења
348
Поени од реакции
97
Kazete care kako da se kurtulam od polzavi vo akvarium , samo gi vadam sitni se , i non stop se razmnozuvaat
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
688
Поени од реакции
1.752
Kazete care kako da se kurtulam od polzavi vo akvarium , samo gi vadam sitni se , i non stop se razmnozuvaat
Мењај песок и внимавај од каде купуваш риби. Ако не сакаш да смениш песок, извади го од аквариум и измиј го убаво со обичен сјај за миење садови. Сјајот ќе ги убие полжавите и ќе им ги уништи јајцата. После тоа многу внимателно и темелно со чиста вода измиј го песокот , неколку пати преплакни го и остај го во чиста вода да отстои. Многу е битно воопшто сјај да не остане на песокот за да не ги затруеш рибите. Мене таа формула ми помогна , а имав огромна наезда од ситни барски полжави што ми го уништуваа зеленилото во аквариумот.
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.228
Ако одиш на таа процедура поарно мени нов песок. Куписи од тие подните чистачи незнам како им беше името знам дека не растат големи, има шарени и албино (бели) со мустачиња се.
 
Член од
2 март 2013
Мислења
23
Поени од реакции
7
За полжави најдобри се Ботиите, мајстори се за јадење полжави. Има и тн хелена полжави шо јадат полжави ама споро иде. Има на YouTube инструкции за како да направиш стапица за полжави, интересно е :)
 
Член од
21 август 2009
Мислења
118
Поени од реакции
46
Kazete care kako da se kurtulam od polzavi vo akvarium , samo gi vadam sitni se , i non stop se razmnozuvaat
нема потреба од мењање песок, ако ти е мал аквариумот не купувај ботии растат големи и заземаат голем простор.
имаш 3 начини за чистење
1. ботии ( за голем аквариум не за мали)
2. СОЛ( за мал аквариум не за голем) на 100л вода една супена лажица сол раствроена во чаша со вода тури им, после 3 дена смени 70% од водата остај ја 2 дена да се стабилизира па пак повтроија целата процедура додека не ги снема пожавите
и 3.пластичен сад со капак, капакот издупчи го со дупки да може да влезе полжав но не и риба, стави внатре блитва и затвори го. кога ќе изгасиш светло на аквариумот т.е навечер стави го садот и утре ќе имаш милиони полжави во кутијата :D
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
295
Поени од реакции
41
колку сол треба да ставам за во аквариум со отприлика 40 литра вода, имам малечки полжавчиња
 
Член од
21 август 2009
Мислења
118
Поени од реакции
46
колку сол треба да ставам за во аквариум со отприлика 40 литра вода, имам малечки полжавчиња
Другар, би ти препорачал да избегаваш сол доколку имаш треви во аквариумот, ќе ги уништи нив а и полезноте бактерии... кај мене се покажа многу лошо, а и слаб ефект врз полжавите. На крај си отидов во декспорт си купив стапица и исчистив се.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
19 февруари 2016
Мислења
295
Поени од реакции
41
каква е таа стапица и ако се сеќаваш колку чини?
 
Член од
21 август 2009
Мислења
118
Поени од реакции
46
каква е таа стапица и ако се сеќаваш колку чини?
Ја има во декспорт оаза, 500 денари е, со нејзе следуваат 2 таблетки (храна). Побарај ја на google sera snail trap или на youtube има луѓе што напраиле рецензија.


Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
На врв Bottom