Divider
Seraphim
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 27.337
- Поени од реакции
- 3.062
Вчера ЕУ од Брисел излезе со мислење околу кандидатурата на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ. Мислењето е на 140 страници кои лично, денес, Оли Рен, комесарот за проширување на унијата, ќе ги донесе во Македонија и предаде на државниот врв.
Мислењето на ЕУ е релативно позитивно, но со сериозни забелешки во делот околу реформите на судството, полицијата, владеењето на правото, изборната регулатива, спореведувањето фер и демократски избори, корупцијата, монополот, јавната администрација и нејзините реформи, како и (не)способноста засега да се соочи и справи со преговорите за членство и други забелешки, со што се препорачува на декемврискиот самит на земјите-членки на ЕУ да биде прифатена Република Македонија како земја, кандидат за членка, но со недефиниран датум за почеток на преговорите.
Се шпекулира во јавноста дека евентуално, ако се споревдат успешни, фер и демократски парламентарни избори, датум за почнување преговори би следел набргу потоа.
Во дадениов момент тоа значи некаде по 15 септември 2006 година.
Како мал чекор напред, по сите оние чекори наназад, Република Македонија веројатно ќе се соочи со најголемиот предизвик досега.
Како навистина од декларативен настап да се премине на актуелна имплементација на донесените закони, фактичко спроведување на реформите, реална борба против монополот и корупцијата итн со цел заживување на државата, владеење на правото, слободно движење на стоки, луѓе и услуги, економски пораст со цел да се исполнат критериумите за пристапување кон преговори. Сето тоа под будното око на Европа која поучена од последното проширување, не сака повторно да се соочи со нови членки недоволно подготвени.
Исто така, да се разбереме, иако мал чеко нанапред, сепак е чекор нанапред, но уште многу такви ќе бидат потребни. Кој е виновен за сето тоа, знаеме, не е потребно да се елаборира надолго и нашироко, но, ќе може ли Македонија да смогне сили и да ги надмине танталовиве маки и да го стори сизифовиот труд, да ги изоди трњата за да стигне до ѕвездите. Та нели и сонцето е ѕвезда. На нас останува.
Што всушност значи позитивното АВИ? Ќе добиеме ли статус на кандидат во декември? Како до преговори? Како до побрза интеграција? како до постабилна држава во сите сегменти? Кој дотаму може да не одведе? И слични прашања на кои треба што поскоро да се одговори?