Позитивно АВИ пристигна, но со сериозни забелешки!! Статус во декември или кога?

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Најважно е да се започне што порано со користење на пристапните фондови со цел заживување на економијата и се потоа што следи. А, што подоцна актуелно членство!!
Зошто велам така. Додека си кандидат имаш права, а не обврски. Значи се користиш со се она што значи ЕУ, плус субвенциите, фондовите (кои ќе дојдат под една капа, во блиска иднина), а не контрибуираш. Или, земаш средства, се појачуваш на економско-политичко-структурен план без обврските на членовите.
Кога ќе се стане членка, полноправна, започнува уште позаебаното. Тогаш треба да се учествува. како, како што ќе ни се нареди.
Бојан, и јас сум за да не се прифаќаат идиотски услови.
Но, дотогаш, молчешкум, ние да се средиме. Потоа, народот, каков што е, може и да не згласа на референдум согласност за членство (ако му се презентира така идејата соодветно, нели).
 

katia

makedonka, pirinka
Член од
22 март 2005
Мислења
254
Поени од реакции
2
bojan81 напиша:
Garfield, За странскиве инвестиции, и приближувањето на македонија твриш од неко претходно знаење или можеби ги следиш последниве земји што влегоа па твдиш од она што знаеш како било за тие земји? Хмм многу се сомневам. Епа вака, мене пошто повеќе ме интересира а и добро знам како Бугарија и Романија од најкорумпирани и рачиси држави потопени во корупција и беда дојдоа до ова ниво на кое се денес да ти кажам. Бугарија до пред да добие статус кандидат за ЕУ беше бедна и корумпирана каква што ја знаеме. Се почна да се менува оној момент кога стана јасно дека ќе биде земја членка во ЕУ. Огромен број корпораци одеднаш беа многу заинтересирани за вложување во тие земји. Реформите кои не беа во можност да ги остварат добија стручни помошници од ЕУ ги воведоа реформите во полицијата, ги променија пасошите, ги компљутеризираа премините потпишаа договори за радмисија и им ги скинаа визите. Истото сега ќе се случи и во Македонија. Јас ова го тврдам од некое претходно знаење. Мислите ли дека големите корпорации, банки и бизнисмени би вложиле во земја на која не и е дефинирана статусот како што беше Македонија нормално дека не. Ситуацијата која ја имаме сега и кој беше пред тоа е голема разлика. Сите светски економски извештаи деновиве ќе ја пренесат информацијата, со што македонија автоматски станува нивна потенцијална дестинација за вложувања. И се ова што го напишав е така, и тоа е најголемата добивка. А другово што го пишуваш се подразбира. Зошто ако има не гарантираш сопственост и почитување на законите тогаш се е ѓабе.
Бојан, твојта сметка е много точна и вјарна, само ми се струва, че ја правиш без албанците.
Интересно зашто на този македонски форум нјама албанци ? Какво мислјат албанците за членството на Македонија в ЕС ? Дали нјамат нјакакви други желанија и замисли по в'проса ?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Стормејнџел е албанец, катиа чуваш татарлари!!

И не бегај од темата.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Garfield напиша:
2. немаат проблем со малцинствата и целата територија им е под контрола
Fin!

Ич немаат проблем со околу 50 000 Македонци?
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
bojan81 напиша:
А и да не влеземе што и фали на швајцарија и некои други земји што не се во ЕУ?


Со Швајцарија ќе се споредуваме?

Швајцарија Е способна сама да се одржува, а ние, ако сите околу нас се во ЕУ, а ние сме како „оаза„ ќе умреме за јадење за еден месец.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Garfield напиша:
Додека си кандидат имаш права, а не обврски.

Немаш, ама апсолутно, никакви обврски. Германија се воодушевува само поради тоа што посотиме. Какви обврси, што зборуваш, со душа не чекаат.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
katia напиша:
Бојан, твојта сметка е много точна и вјарна, само ми се струва, че ја правиш без албанците.
Интересно зашто на този македонски форум нјама албанци ? Какво мислјат албанците за членството на Македонија в ЕС ? Дали нјамат нјакакви други желанија и замисли по в'проса ?

А вие што ќе правите со МАкедонците, Турците и Ромите?
 
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
yin yang напиша:
Со Швајцарија ќе се споредуваме?

Швајцарија Е способна сама да се одржува, а ние, ако сите околу нас се во ЕУ, а ние сме како „оаза„ ќе умреме за јадење за еден месец.

Ти прво обидисе да ја разбереш поентата па после коментирај. Не ни мислам да се споредувам со Швајцарија, кажав дека не сум којзнае колкав приврзаница за влегуување во тој сојуз, но сум за спроведување на тие реформи кои ги бара ЕУ и дека тоа неопходно да се направи ако сакаме стабилен економски развој. И доколку го го имаме истиот систем не гледам зошто еден ден не би биле развиени како една Белгија, не мислам дека они се попаметни зошто се родиле во белгија а ние поневредни зошто сме од македонија.
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Европа сега!:pos:

За тие што се заслепени и мислат дека утре ќе влеземе во ЕУ: :pop:


Пред 2010-2012 тоа нема да се случи. Секој разумен и неутрален што е познавач на ситуацијата ќе ви го каже тоа.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Е ја, сега не сакам да бришам, ама Бојан и Јин јанг си направија таков муабет кој не е за тука, не знам каде да го префрлам. Нејќам у муабетџилница, а на друго место нема каде. Ми доаѓа да ги опнам на бан поради тоа што седам и мислам што да правам што избегаа од поентата.
Ај. Ај.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Гарфилд, и кој дел не е на темата?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Па што знам, се отиде од АВИ-то и кандидатурата, пристапни фондови и заживување на економијата и државта во анализа и компарација со други земји, и слично. да навистина ми беше до банирања или бришења или преместувања, досега ќе го сторев тоа, нели :):)!

Ај сеа и ја забегав, да си се сконцентрираме сите на политичкиот дел, оти верувале или не, многу нешта тука напишани, клкуи и а ви звучи бледо, сепак се читани и анализирани од политичките субјекти во државава, а многу од идеите се на некој начин употребени. Верувајте, знам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom