- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Значи поводот е постов. Темата е Трендо и неговата личност која ние ја познаваме вака од далеку.MSV напиша:Второ, како може да го наречеш намќор некој што се сомнева во позитивноста на лик како Трендо?!
Мислам, има мал миљион стфари кои што ја поткопуваат неговата позитивност, но ме мрзи сеа да ти ги доловувам, пошо и онака нема да се потрудиш да ги земеш во предвид....
И секако, неможе да наречеш некој лик позитивен само поради фактот дека тој константно е насмеан, или вицкаст... Онака, може таа насмефка да биде лажна, лицемерна, а вицовите што Трендо ги кажува се сексистички вицови за доминантни алфа мажјаци и желни домаќинки....Тоа не е позитивно, како што знам...
Прво (или твое второ), да можам :wink:
Второ, долови ги, ќе ги зеам у предвид :wink:
Трето, не го нарекувам позитивен само затоа што е постојано насмеан или вицкаст, туку затоа што луѓето не ги зема здраво за готово како кретени, туку оние кои вредат да бидат пофалени не ги фрла во истата канта со шупците. Дали се сложуваме ја и ти со неговиот вкус е тотално ирелевантно.
Какви вицови кажува Трендо воопшто не е важно, важна е “аурата“ која владее околу него. Тој е позитивен, за разлика на пример од неговиот драг близок пријател и кум(ми се чини) воедно и автор на “Досие Скопје“ кој е тотален негативец и кој по твојот пример(и како сите фраери и фреромрзачи у градот) ќе критикува се околу него. “Владата не дава пари, работниците се мрзливи, политичарите глупи а народот прост“. Знам дека се. Знаеш и ти, знае и тој знае и Трендо.
Е разликата е што Трендо ќе им обрне внимание и на оние кои не се во таа група негативци. Има и интересни луѓе, има луѓе за почитување (не е важно дали јас и тој се сложуваме кои се тие), кои ќе ги спомне ако има потреба, а нема по секоја цена да се фокусира на лошите работи од секојдневието.
Меѓу другото поврзано со темата од кај што го почнавме муабетот, луѓето кои посветуваат повеќе внимание на кукање отколку на убавината во својот живот, тешко се смеат. И ништо не им е смешно. Негативци во стрипот.
И ако веќе фигурираш како лик на форум, и ако пишуваш мислења, осмисли го напишаното за да не мора ја да му ја мислам што си сакал да напишеш. Комуницирај со мене... не ми викај ме мрзи, само докажуваш дека си негативец.