Позитивни и негативни

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
MSV напиша:
Второ, како може да го наречеш намќор некој што се сомнева во позитивноста на лик како Трендо?!
Мислам, има мал миљион стфари кои што ја поткопуваат неговата позитивност, но ме мрзи сеа да ти ги доловувам, пошо и онака нема да се потрудиш да ги земеш во предвид....

И секако, неможе да наречеш некој лик позитивен само поради фактот дека тој константно е насмеан, или вицкаст... Онака, може таа насмефка да биде лажна, лицемерна, а вицовите што Трендо ги кажува се сексистички вицови за доминантни алфа мажјаци и желни домаќинки....Тоа не е позитивно, како што знам... ;)
Значи поводот е постов. Темата е Трендо и неговата личност која ние ја познаваме вака од далеку.

Прво (или твое второ), да можам :wink:
Второ, долови ги, ќе ги зеам у предвид :wink:
Трето, не го нарекувам позитивен само затоа што е постојано насмеан или вицкаст, туку затоа што луѓето не ги зема здраво за готово како кретени, туку оние кои вредат да бидат пофалени не ги фрла во истата канта со шупците. Дали се сложуваме ја и ти со неговиот вкус е тотално ирелевантно.
Какви вицови кажува Трендо воопшто не е важно, важна е “аурата“ која владее околу него. Тој е позитивен, за разлика на пример од неговиот драг близок пријател и кум(ми се чини) воедно и автор на “Досие Скопје“ кој е тотален негативец и кој по твојот пример(и како сите фраери и фреромрзачи у градот) ќе критикува се околу него. “Владата не дава пари, работниците се мрзливи, политичарите глупи а народот прост“. Знам дека се. Знаеш и ти, знае и тој знае и Трендо.
Е разликата е што Трендо ќе им обрне внимание и на оние кои не се во таа група негативци. Има и интересни луѓе, има луѓе за почитување (не е важно дали јас и тој се сложуваме кои се тие), кои ќе ги спомне ако има потреба, а нема по секоја цена да се фокусира на лошите работи од секојдневието.
Меѓу другото поврзано со темата од кај што го почнавме муабетот, луѓето кои посветуваат повеќе внимание на кукање отколку на убавината во својот живот, тешко се смеат. И ништо не им е смешно. Негативци во стрипот.

И ако веќе фигурираш како лик на форум, и ако пишуваш мислења, осмисли го напишаното за да не мора ја да му ја мислам што си сакал да напишеш. Комуницирај со мене... не ми викај ме мрзи, само докажуваш дека си негативец.
 

MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
Ах, па ти си имал проблем со разбирање на напишаното....
Хихихииииииии, кој е нагативецот таму, јас или ти?!

Затворија темата, иди глеј телевизија, восхитувај се, тепај ја жена ти, дозволи и тебе да те тепаат кога ќе им се посака, смеј се кога всушност ти се плаче, сакај го трендо и сите остали ....

Мислам, јас искрено не чувствувам потреба за дискусија со човек кој шо може да верува на било кој лик од шарениот екран, и да, ги барам со лупа сите позитивни аспекти на таквиот човек, но ги нема колку и да се барани....

Пофторно ќе кажам, пишаното ми е осмислено, твој проблем ако не се снаоѓаш, или ако чекаш да ти го кажам вицкасто и позитивно како трендо... Јас во никој случај нема да вложам дополнителен напор, и тоа нема да ме направи намќор и негативен лик....
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Trendo :

Кретен, што сака да си игра мајтап со народот....

Кажува некој анегдоти кој неможе да ги разбере 90% од читателите бидејќи народот нормално не е во контекст на неговите фалбаџиско ретро анегдоти од времето коа играл флипери у маало....пфффффф абе неможам да зборам за него ме фаќа склет....абе нема пишано едена цела реченица а истата да не содржи некои недоречени негови филмови...и сеа народот шо да праи да си рече:
...аиии ама е паметен овој маме му ебам никако да го разберам шо збори многу иживеан чоек ќе да е....

п.с само некој што сака само да ги гледа сликичките и клиповите од неговата web страна може да даде таков заклучок дека Трендо е ок,позитивен дечко и многуууууу паметен...пу бе
 

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
Трендо е закон бе, нема како него и како Бато(Братислав Димитров од ТЕА),, најдобри колумнисти... не знам дали сте ги читале...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Трендо ми е една од омилените јавни фаци во Македонија. Баш се согласувам дека е позитивен човек и се случувало ко будала да се смеам на цел глас кога ги читав неговите колумни и ептен ми е криво што престана да пишува. Мене ми се свиѓа неговата смисла за хумор и баш ми е онака оригинален.
Сите се смеат на пример на К-15, кои во последно време само вицовите ги форсираат. За разлика од нив, според мене, Трендо е каде каде пооригинален и попозитивен и се разбира дека него би го одбрала да го гледам или читам или било што.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Обично,на ТВ сите се нешто сосем трето од она што се` во приватниот живот зашто тоа се бара од нивната професија.
Ете,има некои кои премногу ја форсираат својата шеговита страна од карактерот што понекогаш делува и антипатично и не толку "хаха" смешно,а Трендо умее да си ја одреди границата каде што шегата преминува во бориииинг и тресење глупости и се држи неколку сантиметри под неа.
Гледајќи некој на ТВ го замислуваме секако онаков каков што тој ни се претставува,или барем нешто приближно на тоа,а кога ќе ги видиме од другата страна на камерата ќе видиме дека и тие се само рандом луѓе и делуваат многу поразлично од што ние сме ги замислувале.
И можам да кажам дека Трендо во живо е комплетна преобразба од тоа што го гледаме на ТВ или читаме(барем така делува,како сосема нормална личност како и сите останати(барем повеќето :pos: ) ),зашто како што нагласив погоре,некои работи човекот ги практикува само како дел од неговата работа.
Можам да се согласам дека делува на позитивна и весела личност на ТВ и успешно си ја врши својата работа.(иако ме нервира тоа што на "Милионер" не дава помош :pos: )
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Секоја чест за Трендо, ама темава е на некој начин инспирирана од некои негови карактерни црти кои ги забележуваме помалку или повеќе, вака или онака.

Не зборуваме за тоа дали ни се допаѓа или не човекот, туку зошто е тоа така-и кои работи во сликата која тој ја остава во медиумите направиле да чувствуваме дека е позитивен. Нормално, не е неопходно да зборуваме конкретно за Трендо туку за позитивните и негативните луѓе,што тоа значи, како влијае на нас... дали сме позитивни или негативни, или пак дали сме доволно искрени према себе кога ќе треба да си го признаеме едното или другото.

Трендо, Васко "Тошо Малерот", Toни Михајловски, Кили.... Јанко Илковски, Чаки Букаро, Латас, Среќко Катанец, продавачката Дафина, дедо Васил, Петко, Трајко и Трпе....

...ги имате луѓето околу вас. И вие сте меѓу нив.

+? -? Wtf?

Your turn...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Пофторно ќе кажам, пишаното ми е осмислено, твој проблем ако не се снаоѓаш, или ако чекаш да ти го кажам вицкасто и позитивно како трендо... Јас во никој случај нема да вложам дополнителен напор, и тоа нема да ме направи намќор и негативен лик....
Па кој кур Форум? иди на блог бриши ги коментарите кои не ти се допаѓаат... :tapp:

Океј еден исфрустиран тип од секојдневието неспособен да се соочи со реалноста најдовме... има уште некој или ни е поважно да бидеме среќни?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Пофторно ќе кажам, пишаното ми е осмислено, твој проблем ако не се снаоѓаш, или ако чекаш да ти го кажам вицкасто и позитивно како трендо... Јас во никој случај нема да вложам дополнителен напор, и тоа нема да ме направи намќор и негативен лик....
Ќе те направи само човек што не знае да си ги брани своите ставови...:toe:
Ако некој не те сфаќа како што треба,а тебе не ти одговара тоа,би било многу нормално тоа да го дообјасниш,нели?
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Јас ке зборувам за Трендо како за позитивен човек со одлична смисла за хумор. Начитан, сестран, лукав, досетлив,со неверојатно голем фонд на зборови. Како можам да не ги сакам неговите колумни кога се оригинални, и до ден денес ми е омилен колумнист иако не е повеќе активен на тоа поле, штета.Абе сум трчала во прва година средно по сите киосци да купам дневник, да му ја прочитам колумната. Сега се бави со нешто друго. Можеби не ви се допаѓаат неговите настапи во ,,Милионер,, или она со кое сега се бави, ама тоа не ја намалува неговата креативност или интелигенција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom