Фала му на горнион што некои навики
ги немам, прифатено од друштвото. Имам другар
ка која го остава капакот кренат ебаго, таква навика да добијам?

Ипак, делам со неа кров, и по домите, и по туѓите доми, и екскурзии, и одмори...
Никогаш не ме терале другар(к)и на алкохол, цигари, дрога, што и да е, од тие негативните. Секогаш кога ми било понудено било што, сум одбивала и уште никој не се осудил да ме тера на нешто што неќам.
Уствари, во моментов ми е појасно од кога и да е, пороците и јас немаме допирна точка со друштвото. Тоа ми беше само најбрзиот начин да дојдам првпат до цигара, самоиницијативно. Што ми се уарни покасно.

Јас не пушев од што многу добро ми стои цигара или убаво ми е низ чад да глеам луѓе. Задоволство е во прашање, вакво или онакво. И покасно - нервоза, наместо уживање. Ги оставив единствено од здравствени причини (на кои од време на време заборавам тотално

).
Дури, другарка која пуши веќе со години, кога запалив пред неа и сe заборавив што е за право, пошто не извадив цигарата од уста и така... Здраво удишав, за малце ќе ме истепаше.

("ти Кристино не си нормална, си се видела како пушиш, остај цигарата на секунда, воздухот кај ти е, диши, ова, она..."
Истото важи и за алкохолот.
А навики од типот на узречици, гестови, смисла за хумор, покрети, ехеее... Милион имам, милион имаат. За некои не сум ни свесна, понекогаш си се фаќам сама себе како правам/кажувам нешто што сум го видела кај другар(ка).
