Позитивни и негативни работи на Скопје

Член од
22 мај 2014
Мислења
88
Поени од реакции
146
Дефинитивно, за жал.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Позитивни: средни школи секакви, факултети, болници, спортски манифестации, културни манифестации, спортски објекти од поголем калибар (стадион, „борис трајковски“..), базени (вон Скопје има само еден „зимски“ во Куманово), институции секакви, зоолошка, театри, филхармонија, опера, балет, дирекции на големите компании (ЕВН, Телекоми, Пошта, ЕЛЕМ, МЕПСО), бизнис, повеќе и поплатени работни места, попрестижни работни места, обрт на пари, подобри улици (барем во „градското подрачје“), медиуми (ТВ, радио,... ако сакаш да си посериозен новинар), снабденост на продавници, ресторани за сечиј вкус и стандард, можност за забава...... ИТН.

Негативни: сообраќаен метеж (кој е ништо према европските и светските метрополи), бучава, загаденост (која ја има речиси во сите градови на МК), превисока цена на недвижностите, паркинг в центар (ама и другите градови не се многу подобри).

Често се кажува дека во „провинцијата“ е поевтино. Ако ги исклучам цените на недвижностите, не се сложувам. Да, луѓето живеат со помалку пари бидејќи ги немаат можностите за трошење и земаат во главно помали плати. Ако родители сакаат децата да ги однесат во зоолошка градина, треба да тргнат сабајле со колата и да појдат во Скопје (битолската не вреди). Е па до Скопје и назад треба да се плати гориво, патарини. Ќе треба да се јаде... И секако, цел ден отепан. Слично е и за разни спортски и културни манифестации. Многу градови немаат кино. Ако сака кино, ќе треба во Скопје.

Не е случајно што и покрај плаќање на (височки) кирии, „провинцијалците“ одат во Скопје да се келнери, чувари (обезбедувачи), градежни работници... со не високи плати.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
281
Поени од реакции
442
За разлика од Велес шо е депресија град Скопје е милина, 4 год живеев СК како студент и беа најдобрите години од животот.

Најголеми проблеми ми беа загадувањето и гужвите насабајле и кога си одеа од работа кај 4-5 али сепак слободата да бираш каков живот сакаш и безгрижен живот вреди. Одиш во дискотека не се замараш кој е таму , дали те знаат, ем доста голем избор дали сакаш техно, хипхоп , србенди, за секое расположение имавме место кај да идеме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom