Позитивни и негативни работи на Скопје

Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Кај си поминал вака неубо?
Имав возено камион еден период и во Прилеп најголемите проблеми ми искочиле. Во два наврата ми викнале полиција оти сум им сметал. Не ни дојдоа со културно да кажат дека сум сметал туку одма полиција викнаа. Цело време слушав побрзо, не паркирај тука, оти со комшиите не стоеле добро. Башка тоа што се фаќаа за некои ситиници за робата.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Имав возено камион еден период и во Прилеп најголемите проблеми ми искочиле. Во два наврата ми викнале полиција оти сум им сметал. Не ни дојдоа со културно да кажат дека сум сметал туку одма полиција викнаа. Цело време слушав побрзо, не паркирај тука, оти со комшиите не стоеле добро. Башка тоа што се фаќаа за некои ситиници за робата.
Ааа, јас помислив проблеми со гласна музика и така нешто. Си видел и сам каков е градот инфраструктурно, сообраќајно и културно, така да... :D
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.884
Поени од реакции
17.488
Позитивно е тоа што напишаа неколку на почетокот е што како главен и голем град, покрај вработувањето нуди повеќе можности за живот и забава.Не знам ако слушам рап или техно, или пак рок имаш места каде што можеш да отидеш и стварно да се забавуваш, едноставно да си го живееш животот како што сакаш, зошто ако сме реални едно одење во Скопје не чини 3 дневници а за секој просечен Македонец тоа е многу пари.Како фан на Вардар исто, многу утакмици кои сакал да сум ги гледал сум ги пропуштил затоа што сум немал пари да одам да ги гледам, многу музички настани и други евенти исто така, затоа кога би се вратил пак во Македонија дефинитивно би се преселил во Скопје и тоа првенствено за овие работи иако свесен сум дека и тоа како е штетна е преселбата во главниот град додека се останато буквално умира и се распаѓа.

Е сега негативности и немам некој туку би се надополнил со тоа дека многу е погрешна политиката на развивање на главниот град а се останато да е мртво, некој требало на време да размислува како да ги развие сите поголеми градови но и малите градчиња од типот на Кичево и Кочани, со што би направил две добра, прво овие нема да се иселат од родните места а второ Скопје ќе си го задрежел стариот шмек и ќе останел град како што некогаш бил.Но пред се и овие од внатрешноста да имаат добра стандардза да си го дозволат Скопје во секоја прилика а не да гладуваат како средношколци за да изгледаат една утакмица(у мојов случај) или пак да отидат на прошетка по Сити Мол, Рамстор и ГТЦ.

Единствено шо ме нервира е некој дебили пцујат без потреба по внатрешноста но истото го има и од другата страна така да тоа не е и негативност на Скопје, не се свесни дека политичарите ги ебат у мозок 30 години и стварно се чудам како може некој уште да пцуе кога ќе види таблички СК или па да нарече сељак оти е друг град и тоа после се шо ни се случило за овие 30 години.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Најголем проблем е лошата сообраќајна инфраструктура, тесни грла, лоша синхронизација на семафори, немање еднонасочни улици во централно градско подрачје. Ми пречи изгубеното време поминато во кола на семафори. Инаку, Скопје си има свој шмек вака или онака. Ниту мал ниту преголем град. Убав со сиот шарен состав од различни етникуми и култури.
 
Член од
22 мај 2014
Мислења
88
Поени од реакции
146
Да ги потрошеа парите за Скопје 2014 на едно метро со 2-3 линии, Скопје ќе беше супер. Исто така му фали еден добар голем парк во источниот дел на градот. Како и да е, и ваков како што е во моментот е доволно добар за мене.

Дефинитивно не би се вратил во помало место (иако потекнувам од помал град).
Како што велат Шпанците - „мало место, голем пекол“. Не ми се допаѓа недостатокот на анонимност што го имаш во мал град. Плус нема што да се прави.

А за живеење во куќа - никој не ти забранува да живееш во куќа во Скопје, иако најверојатно ќе треба да живееш малку подалеку од центар заради цените. За мене идеално е да се живее во стан блиску до центар до некој од главните булевари и да се има една викендичка во близина на градот за викенди. Стан веќе имам, викендичката е во план за 2-3 години, здравје.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.104
Поени од реакции
8.891
ne navleguvam vo pricinite, i kako skopje stanalo toa so e denes. ziveev 4 godini za vreme na studii,
i se nadevam nikogas povekje (barem ne vo momentalnata sostojba)

pozitivno - kariera/rabota, ekonomski prosperitet, nokjen zivot, kulturni nastani, sport (i za gledanje i za sportuvanje)

negativno - nenormalna zagadenost zimno vreme, koja se vlosuva sekoja naredna godina, premnogu soobrakjaen metez koj
isto samo se zgolemuva, nepodnosliva letna gorestina poradi nedostatok na zeleni povrsini.

preubav grad, sto go pravi uste pozalno faktot deka ne e odrzliv. ziveenje vo skopje e izbor na ekonomija i zabava,
pred zdravje i miren zivot.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.050
Поени од реакции
12.936
Исто така, никој не спомна, ама Скопје има огромна природа убавина. Го имаме Водно на една страна, Скопска Црна Гора на друга страна, кањонот Матка, сме ги имале чисти реките Вардар и Треска. Буквално имаш се за спорт и рекреација и да најдеш свој мир, нормално склони сме на самоуништување и од Скопје правиме град кој ќе нема ништо од ова и се ќе е уништено. Муабетот ми беше, кога ќе се спомне природа и убавини, и ќе се рече во Скопје немаш тоа, е многу погрешен муабет, нормално на Рекорд нема природни убавини, како што нема ни на Широк Сокак и во останатите градови во центарот има кафичи, згради, продавници, но од сите страни Скопје е опколен со природни убавини каде што можеш да избегаш, да уживаш и/или да се рекреираш. Пример ако споредиш со други градови, Скопје го има Крстовар(Водно) одма над центарот на градот, а во Штип го имаш Исарот што е каде каде помал простор за рекреација. Ако научиме да ги чуваме и цениме природните убавини на Скопје, наместо да ги уништуваме, тогаш местово би било речиси идеално за македонски стандард. Со ова не сакам да ги навредам жителите на другите градови, јас сум голем противник на целата оваа централизација во Скопје и на тоа што секој инвестира исклучиво во Скопје, додека во другите градови во Македонија згаснува животот, Македонија не е Скопје, само едноставно сакам да нагласам дека треба да се цени тоа што се има.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Добрите страни на Скопје? Најнаселен град, економски, административен и политички центар на Македонија. Некои работи полесно се завршуваат во Скопје отколку во другите градови, бидејќи државата е глупаво централизирана и се развива (ако е тоа развој) главно само во еден правец, насочен кон Скопје (и евентуално, надвор од РМ). Некои нешта полесно се набавуваат во Скопје, а не се така достапни во другите градови. Има поголем избор, се нудат повеќе можности. Понекогаш е убаво да си на есен и на пролет во Скопје. За родените во Скопје пристрасноста и носталгијата додаваат по некоја позитивност, која, за чудо, другите не можат да ја согледаат.

Лошите страни? Најнаселен град, чиј раст ниту е предвиден, ниту е контролиран, ниту има смисла во мала држава. Скопје е загадено во зима, има пеколни лета, културниот и ноќниот живот се преценети, а малограѓанштината изгледа најубаво цвета во најголемиов град. Скопје има истрпено повеќе преобразби. Некои се очигледни (1963, 2014), а за некои треба малку време да станат очевидни, ама повеќето не му одат во прилог на градов.

И така, за некои е бисер балкански, за други загноен чир што само не прснал.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Позитивни работи па по мое голем град е Скопје,еден куп кафани,кафиќи а негативни па многу гужва за движење,загаден воздух
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.524
Поени од реакции
21.367
Да ги потрошеа парите за Скопје 2014 на едно метро со 2-3 линии, Скопје ќе беше супер.
Тоа што се потроши за Скопје 2014 е ситница во споредба колку би чинело метро.
Скопје нема пари за метро. Затоа и не е направено до сега.
 
Член од
22 мај 2014
Мислења
88
Поени од реакции
146
Тоа што се потроши за Скопје 2014 е ситница во споредба колку би чинело метро.
Скопје нема пари за метро. Затоа и не е направено до сега.
За Скопје 2014 се потрошија 700 милиони евра.


Цената на третата линија на Софиското метро (која се гради во моментот) е 500 милиони евра, 200 милиони помалку.

Третата линија ќе има 12 станици, ќе биде долга 12 километри и ќе има 20 возови. 12 км е од Ѓорче до Лисиче.


Можеби една линија нема да биде доволна да го покрие цел Скопје, но многу би придонела да се олесни сообраќајот во градот.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.524
Поени од реакции
21.367
За Скопје 2014 се потрошија 700 милиони евра.


Цената на третата линија на Софиското метро (која се гради во моментот) е 500 милиони евра, 200 милиони помалку.

Третата линија ќе има 12 станици, ќе биде долга 12 километри и ќе има 20 возови.


12 км е од Ѓорче до Лисиче.

Можеби една линија нема да биде доволна да го покрие цел Скопје, но многу би придонела да се олесни сообраќајот во градот.
Е така, само третата линија чини 500 милиони евра. На веќе изградено метро, додатна линија чини толку.
Прашај колку кошта и колку долго ќе треба да се чека за испитувања, па ископувања, па проблеми при ископување бла бла бла. Нашите буквално од нула треба да почнат да го градат.
Јас сум прв ЗА да има метро во Скопје. Ама треба и да бидеме реални кога посакуваме нешто. Плус ете, од 500 милиони, 350 се од ЕУ фондовите за во Софија. Нас кој ќе ни помогне? Мукаетов или Камчев?
Град како Белград има безброј неуспешни обиди да изгради метро, не па Скопје што е можеби четвртина од големината на Белград.
 
Член од
22 мај 2014
Мислења
88
Поени од реакции
146
И за третата линија ќе има ископувања и слично, тие работи не се завршени. Поентата ми беше дека тие пари веќе се потрошени на глупости.

Како и да е, се надевам дека во иднина ќе се реализира со помош на ЕУ. Градскиот превоз е еден од поголемите проблеми на градот.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.524
Поени од реакции
21.367
И за третата линија ќе има ископувања и слично, тие работи не се завршени. Поентата ми беше дека тие пари веќе се потрошени на глупости.

Како и да е, се надевам дека во иднина ќе се реализира со помош на ЕУ. Градскиот превоз е еден од поголемите проблеми на градот.
Па на сите ни е јасно дека се за глупости.
Ете, и да не е метро, сигурно можеле трамвај или да вложат во инфраструктура.
Како и да е, тоа е зад нас, сега овие треба да променат нешто, што реално не верувам.
А особено не верувам дека во блиска иднина Скопје ќе има метро. Бар не во наредни 10-15 год.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom