Позитивни и негативни личности од историјата

Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Позитивни и негативни личности од историјата. Се мисли општо за човештвото. Пронаоѓачи, откривачи, претседатели, воени злосторници и.т.н
Ајде да ја одбереме најпозитивната и најнегативната личност од историјата :cool:
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Уште у старт најнегативни:Адолф Хитлер,и според мене Јозеф Менгеле.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
По мене иако сум македонец и си ја сакам нашата историја сметам дека Аце наш е понегативец од татко му.
Фичо сакал да си направи една стабилна држава со некои си нормални граници во кои живее македонскиот народ.
А овој малиов сакал светот да го освои, и го освоил да, ама кога стигнал во Индија еден мудрец го прашал:
-Ako сега се наоѓаме во пустина низ која си патувал со денови,си огладнел и ожеднел и јас имам шише со вода,
ако те прашам што би ми дал за да ти го дадам шишето вода, што би одговорил на тоа?
Aцета се замислил и му рекол: -половина од моето кралство.
И мудрецот му вика: штом ми нудиш половина од кралството јас ке ти го барам цело, дали би го дал?
И Аце се замислил и рекол: -Да
Мудрецот му вика: -Па што тогаш се замараш ти толку за да освојуваш територија и да убиваш луѓе кога сето тоа би го дал за шише вода?
Гледаш ли сега колкава вредност има ова ти што го правиш?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
За Хитлер знаеме. Раскажи нешто повеќе на Јозеф Менгеле, не биди толку скржавец :P
Нема друже што да се раскажува многу тука,типацов правел експерименти врз евреи во Аушвиц,на пример:
-Пробал да направи сијамски близнаци,со зимење на две деца,сечење на рака на пример,па шиење на двете тела заедно.
-Пробал да создаде нација со плави очи,руса коса,светол тен,со ставање на боја во очите на децата,
-Тестирал колку време ќе издржат под вода....
-итн,итн
 

Opsessive fangirl

Безнадежен интелектуалец.
Член од
14 декември 2009
Мислења
291
Поени од реакции
137
Јозеф Менгеле дефинитивно се наоѓа и на мојата листа на топ злосторници, посебно поради фактот што немал никаков морал и никогаш не ја сфатил сериозноста на делата што ги направил, и успеал да ја избегне казната. Еве нешто повеќе околу него и неговите зли дела:

Озлогласениот Јозеф Менгеле бил еден од главните "доктори" на Шуцштафел (безбедносниот одред на нацистичка Германија) под чиј директен надзор се вршела селекцијата на пристигнатите затвореници. Менгеле одлучувал кој ќе биде убиен, кој ќе биде присилен работник, а кој ќе служи како заморче за неговите експерименти. Помеѓу затворениците, Менгеле бил познат како "ангелот на смртта".
Во Аушвиц, Менгеле извршил бројни студии поврзани со близнаци. Откако ќе завршел експериментот, тие близнаци биле убивани, а нивните тела секцирани. Менгеле водел операција во која две идентични близнаци биле сошиени еден со друг, со цел да создаде "сијамски близнаци".
Алекс Декел, екс-затвореник во Аушвиц сведочи за лудилото на Јозеф Менгеле: "Никогаш не можев да го прифатам фактот дека Менгеле всушност веруваше дека прави сериозна работа. Тој само демонстрираше моќ. Менгеле водеше касапница. Речиси сите операции ги приредуваше без анестезија. Еднаш бев сведок на операција на стомак. менгеле вадеше парчиња од стомакот, без никаква анестезија. Другпат извади срце, исто така без анестетик. Беше навистина ужасно."

Јозеф Менгеле бил нацистички научник кој што бил вовлечен во познатата нацистичка генетска програма која што имала за задача создавање на повисоката раса на Аријци. Задачата на Менгеле, или „Ангелот на Смртта“,како што бил познат, била да изнајде начини да ги зголеми шансите мајките да раѓаат близнаци.
Додека работел во Аушвиц, Менгеле извршил неколку исклучително брутални експерименти врз близнаци; повеќето подоцна умреле како резултат на хируршките зафати или пак од инфекции на раните здобиени од истите.
Една ноќ, Ангелот на смртта го оправдал својот прекар со тоа што собрал 14 пара близнаци и ги заспал во неговата операциона сала. Потоа инјектирал хлороформ право во нивните срца убивајќи ги во истиот момент, за да продолжи да ги сецира, пишувајќи белешки за секое делче од нивното тело, бидејќи Менгеле бил педантен и грижлив во својата монструозност.

Во еден друг таков бизарен експеримент, тој зел ромчиња близнаци и ги сошил едно со друго за да создаде од нив сијамски близнаци, хируршки отстранувајќи делови од вените на нивните раце во процесот на што близнаците се здобиле со гангрена. Едниот близнак успеал да преживее и раскажал како неговиот брат го изгубил својот живот:

„Др. Менгеле секогаш повеќе се интересираше за Тиби. Не би знаел зошто, можеби поради тоа што тој беше постариот близнак. Менгеле изврши повеќе операции врз Тиби. Една операција врз ’рбетот го остави мојот брат парализиран. Повеќе не можеше да оди. Потоа му ги извадија сексуалните органи. По четвртата операција повеќе не го видов Тиби. Не можам да ви опишам како се чувствував. Просто е невозможно да се опише со зборови како се чувствував. Тие ми ги одзедоа мајка ми и татко ми, моите двајца постари браќа, а сега и мојот близнак.“
Во Аушвиц близнаците биле сместени во поудобни бараки од останатите затвореници, биле подобро хранети и ги избегнале гасните комори. На близнаците им се претставувал како „чичко Менгеле“ и ги честел со слатки. Неговите жртви често и му се обраќале така веројатно сметајќи го за пријател, несвесни за тоа што планирал Менгеле со нив.

Повеќето од записите кои ги водел Менгеле биле изгубени или уништени кон крајот на војната, така што обемот на неговите зли дела никогаш нема да биде дознаен. Се знае дека за време на Втората светска војна во Аушвиц завршиле околу 3 000 близнаци, а од логорот успеале да излезат живи само 52.
По војната, Менгеле успеал да избега од Германија откако се здобил со лажен идентитет од работниците на Црвениот Крст кои не сомневајќи се ништо, му издале и нему документи исто како и на илјадниците други бегалци. Измачувачот се престорил на жртва и избегал првин во Аргентина а подоцна се преселел во Јужна Америка во обид да избегне да биде затворен и суден за неговите воени злосторства. Неодамна се појавија гласини дека тој и таму продолжил со своите генетски експерименти за време на шеесеттите од минатиот век, но овојпат на похуман начин. Научниците со години ги збунувало тоа како во малото градче Cândido Godói во секое петто пораѓање се раѓаат близнаци, од кои што повеќето имаат руса коса и сини очи.
Локалните жители тврдат дека Менгеле го посетил нивниот град во повеќе наврати нудејќи ги своите лекарски услуги и давајќи им на жените нови лекарства. Претставуваjќи се како Рудолф Вајс, тој исто така експериментирал и со животни, и се тврди дека постигнал добитокот редовно да раѓа близнаци.

Обично близнаците се раѓаат во секој осми случај на бременост, па изгледа дека Јозеф Менгеле успеал својот сон за повисоката раса да го претвори во јаве во бразилското градче Кандидо Годои.

Еве и резултати од генетските експерименти кои ги вршел во Бразил во текот на неговото криење. Повеќето од нив се со руса коса и сини очи :
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Негативни: Хернан Кортез (ги поништи Ацтеките)
Тед Банди (еден од најозлогласените сериски убијци)
Џорџ Буш (почна војна во Ирак водејќи се од измислени обвиненија)...
Позитивни: Гоце Делчев, Никола КАрев, ЈАне Сандански... Че Гевара, Фидел Кастро, Александар Флеминг, Никола Тесла, Исак Њутон...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Позитивни: Nelson Mandela, Цар Борис I & III, Che Gevara...
Негативни: George Bush, Billy the Kid....
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
позитивни : Fidel Castro, Che Guevara
негативни : George Bush, Josef Stalin, Winston Churchill, Adolf Hitler
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.207
Позитивни - Никола Тесла, Карл Густав Јунг, Жил Верн, Спартак, Јустинијан, Мохандас Карамчанд Ганди, Нелсон Мандела, Хуго Чавез, Мартин Лутер Кинг, Бикот што Седи, Калил Џибран, Артур Ц Кларк, Алфред Хичкок, Ниче, Стенли Кјубрик, Џон Ленон, Борис Трајковски......

Неутрланли (колку позитивни толку и негативни) - Јосип Броз Тито, Адолф Хитлер, Јозев Менгеле, Александар 3 Македонски, Џингис Кан, Алфред Нобел, Фидел Кастро, Енвер Хоџа, Садам Хусеин

Негативни - Наполеон Бонапарта, Фернандо Кортез, Кристофер Колумбо, Сталин, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ, Хомеини....
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Винстон Черчил? Без него Втората светска војна сеуште ќе траеше.
Winston Churchill бил обична пијандура.. и да ја немаше поддршката од америка тикви ќе ја добиеше војната..
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Koj, koj ja dobil vojnata?
Vo vojna, nema pobednici, toa da e jasno.
добра констатација... зошто тогаш се прават војни???
затоа што многу луѓе не се свесни зошто живеат... не им е битен животот.. се палат на национализам...
а ако веќе зборуваме за негативни личности тогаш и черчил и кралицата и сите нејзини предци биле расистички настроени и правеле логори во африка каде било унишувано тамошното население... (за тоа денес многу малце знаат) а па да не отварам уста што правеле истите во индија..
хитлер е мало детенце во споредба со нив бре.. тие пола свет го колонизирале и го направиле да робува за нив а нас ни продаваат прикаски за хитлер како монструм и шо ти ја знам..
 
T

Tetro

Гостин
добра констатација... зошто тогаш се прават војни???
затоа што многу луѓе не се свесни зошто живеат... не им е битен животот.. се палат на национализам...
а ако веќе зборуваме за негативни личности тогаш и черчил и кралицата и сите нејзини предци биле расистички настроени и правеле логори во африка каде било унишувано тамошното население... (за тоа денес многу малце знаат) а па да не отварам уста што правеле истите во индија..
хитлер е мало детенце во споредба со нив бре.. тие пола свет го колонизирале и го направиле да робува за нив а нас ни продаваат прикаски за хитлер како монструм и шо ти ја знам..
Зависи која историја ја имаш читано. Најголемите убијци низ историјата линк према некои луѓе се злосторници, према други се херои.
Од друга страна, историјата е толку извртена, и хитлер и неговите приврзаници се херои, и тито е злосторник, и дедо Киро е издаица, и Љубчо е бугарофил, и Грујо е штетник, и да не должам многу понатаму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom