Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет со индигнација ја отфрлаат изјавата на демократскиот кандидат за претседател на САД, Барак Обама, за поддршка на Атина во геноцидот врз македонскиот народ и барањето за промена на името на државата Македонија и го упатуваат да се присети на геноцидот врз црнците од Африка, неговите претци, кои како робови, европските колонијални сили ги населуваа во Америка.
Македонија не ја прекршува Времената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година, наспроти агресивниот антимакедонизам на Атина која го суспендира пристапувањето во НАТО-Алијансата на самитот во Букурешт со злоупотреба на правото на вето, најавувајќи иста злоупотреба и при пристапувањето на Македонија во Европската Унија, со далекусежни последици по мирот и безбедноста на Балканот.
Државното име на Македонија не е право на Атина, Брисел, Обединетите Нации, Европската Унија или НАТО-Алијансата, туку суверено и неотуѓиво право на македонскиот народ, апсолвирано со антифашиустичката коалиција во Втората Светска Војна и со референдумот од 8 септември 1991 година “за самостојна и суверена држава Македонија”, без додавки и придавки.
Патем, разговорите со цел договор за разликата за името на државата Македонија според Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност и Резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание на Обединетите Нации, не значат задолжителна или билатерално договорена промена на името на државата Македонија!
За жал, Македонија е жртва на грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано и систематски се спроведува од поделбата и окупацијата на Македонија во балканските војни 1912-1913 година до денес.
Светскиот Македонски Конгрес ги упатува американските државјани од македонско потекло на одлучен договор и одговор на наредните претседателски избори во Соединетите Американски Држави. :smir: