Поезија што се слуша

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ана Пејчинова има преведено дел од неговите поеми, на нејзиниот сајт может да се сметнат бесплатно.
http://www.anapejcinova.org/translation.html
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Се повредив сам себеси,
Да видам дали чуствувам сеуште,
Се фокусирав на болката,
Како невин на губилиште
Како игла која пара дупка,
Како насобран домашен трулеш,
Се обидувам да го направам капка,
Но совеста на површина се исчепка.

Во што тоа се претворив,
Мој драг пријателе,
Секој кој го познавам е крив,
И на крајот,
Ти можеш да имаш се,
Мојата империја на ништавило,
Која ќе те фрли во море без кормило,
Која ќе те повреди како острило.

Ја носам оваа круна од трње,
Како Исус на измачување,
Полн со скршени мисли,
Кои не можам да ги ставам во јасли,
Под дамките на времето,
Сите чуства исчезнуваат,
Но ти имаш уште многу,
Јас сум овде затворен во гето

Во што тоа се претворив,
Мој драг пријателе,
Секој кој го познавам е крив,
И на крајот,
Ти можеш да имаш се,
Мојата империја на ништавило,
Која ќе те фрли во море без кормило,
Која ќе те повреди како острило.

Кога би можел да почнам одново,
Милиони милји далеку некаде,
Јас би се чувал себеси,
Јас би фатил друго џаде.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326


Летото се нурна во морето и го задржа здивот,
Зимата изгледа исто, како целиот мој живот,
Погледнав низ прозорот замаглен од здивот,
Те видов, те видов како доаѓаш кај мене.

Некој почнува да чита помеѓу страниците на формата,
Како секвенца на тивка музика во некоја соната,
Покрај дождот во шумата, како низ отворена врата,
Те видов, те видов како доаѓаш кај мене.

Ти не можеш да останеш и да живееш како мене,
Оставајќи ја мојата љубов како лисја во есен да овене,
Ти секогаш викаше дека сакаш да си одиш од мене,
Но ја секогаш знаев што е тоа, тоа што ќе те раскрене.
Луциден сон под покривот на менталната слабост,
Го оставам да тече до апсурдност,
Сега посакувам да немав амбициозност,
Да те видам, да те видам како доаѓаш кај мене.

Лутање по ридови со поглед кон брегот,
Сега сватив колку е краток векот,
Сенката во магла ме свести како врескот,
Те видов, те видов како доаѓаш кај мене.

Зарем не е можно да им ставиме на малите разлики блокада?
Што тоа се случи со нашите желби посакани во sвезда?
Дали тоа што го правевме беше само забава за одмазда?
Те видов, те видов како доаѓаш кај мене.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom