- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.966
- Поени од реакции
- 67.747
Нажалост, не функционира тоа така. Младожењата не ја кажува целосно приказната. Секој стан се купува со префрлање пари од сметка на купувач, на сметка на продавач. Значи има потекло на пари и мора да ги имаш на сметка. Од каде прв пат се појавиле тие пари. Ако родителите му ги дале парите, морало да биде од нивна сметка на сметка на синот, што лесно се докажува и потоа се користи да се докаже дека е подарок. Ако му дале кеш, ке имал проблем при внесување на кешот во банка, зошто ке му бараат потекло на парите моментално.Бреј како се поклопува случкава.
Пари дадени од родителите на младожењата се користат за купување стан. Станот се пишува на име на младожењата.
Пука бракот, и жената бара поделба на станот. Судот не го интересира дека тој стан е "поклон" од родителите на мажот, туку дека е стекнат во време на брак. И станот се "подели" на двајцата. Знам дека го продадоа, и поделија парите.
Така да, консултирај се со адвокат. Прашај дали ќе влијае доказот дека си имал физичка оштета, и добиените пари си ги пренасочил во стан.
Пишував тука на форум дека имав огромен проблем, мои лично стекнати пари, кои 2012-та ги извадив од банка, и ги чував до 2020-та во сеф, да ги вратам назад во банка на сметка, како би уплатил стан. Морав да носам договори за работа, уплати од плати, стар извештај од сметка.
Тато ми даде пари за стан МОЖЕБИ ке профункционира до некоја сума под 10,000Е, но не и со сегашниве цени на станови и со еден куп документација која се потпишува кога внесуваш готовина во банка. Полесниот начин е родителите да го имаат купено станот, и потоа да го препишат на синот, небитно дали е во брак или не, ваков поклон не се дели. Ова со префрлање пари е само додатна компликација.