Повреди на колена, совети, прашања..

  • Креатор на темата ФорцаМилан
  • Време на започнување
Член од
23 март 2011
Мислења
1.040
Поени од реакции
950
Zdravo
jas go imam povredeno kolenoto od skok t.e. me boli vnatre malku koga treniram,ne e ligamentot no e nesto mislam na M bukvata.mi kazaa da odam na magnetna rezonacija,no ne ide red...ima li nekoj nesto slicno vaka.fala pozz sovet molam
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
14
Поени од реакции
1
Здраво јас сум машко, имам 23 години и скоро две години имам проблеми со колената.
Левото го удрив во маса и почна да ми полни вода.
Во десното (после неколку месеци кога ги протегнував наутро нозете) нешто крцна, и тоа почна да ми полни вода.
Во текот на последната година бев кај седум доктори и сите ми кажуваа различни мислења и дијагнози (од ништо не ти е, преку потребно е само пункција, до треба да одиш на операција поради синовитис во коленото. Но после направените испитувања се покажа дека немам ни реума ни синовитис) кај кои само од левото колено сум вадел вода 6 пати додека од десното нешто помалку.
Последниот пат ми извадија вода од двете колена одеднаш ми ставија некаква инексија и по препорака на еден пријател почнав да ги пијам апчињата GLUKOZAMIN од 1500 ml. Ги пијав еден месец и колената целосно ми поминаја. Пред два три дена на промена на времето кон поладно почна да ме боли левиот глужд (поради која болка кривев) а левото колено пак ми се наполни со вода.

Инаку водата од коленото не сум ја испитувал, ниту пак ги заморувам колената.

Дали знаете некое решение, дали цел живот ќе имам проблем со колената т.е. дали може да се излечат и како?
Кои апчиња и инекции кои треба да ги примам?
Дали е во ред постојано да ја вадам водата од колената или0 може самата да исчезни (Без да ја вадам)?
И дали фактот што имам рамни стапала е поврзан со проблемите на колената? Доколку е, кои влошки се најдобри за тој проблем?
 
A

Auditore

Гостин
Гледам не има повеќе со проблеми со колената, што се однесува до мене можам да напашам една трогателна приказна за моите колена.
Ко бев мал, некаде 12-13 години, бев прилично талтентиран за фудбал, тоа ми беше пасија и живеев за тоа, честопати ми велеа иди тренирај имаш огромен потенцијал(локални тренери шо беа) но јас не, не планирав да бидам професионален фудбалер, но еден ден ми свитна у главата дека сакам да бидам про и решив да вежбам напорно кај мене во маала на теренчето, и така еден ден вежбајќи при нафрлување од корнер да лупнам волеј се лизнав и паднав коленото, почувствував ужасни болки, едвај одев, а кога паднав ми требаа 3 минути да се присоберам и да станам.
Потоа продолжив со напорно вежбање и немав никакви болки, но коленото ми се подува ко балон, и си мислев вау сум го развил коленово вежбајќи, мора да продолжам у исто темпо(wtf? xD) и така вежбав скоро цела година.
Еден ден, еден доктор дојде кај нас на гости, на татко ми близок пријател и случајно ме загледа во левото колено и коа го фати само кажа детево има вода во колено под хитно на пукција, оф леле се извадив целиов од памет.
Отидов на пукција, ми ја извадија водата, водата беше чиста, немаше ниту крв ниту ништо, и ми ставија завои и ми рекоа цела недела да не мрдам од кревет, го сторив тоа, и помина цела недела ги вадам завоите коленото пак балон, се извадив од памет, пак бев на пукција, после една недела пак исто, рековме со татко ми идеве по болници да собираме мислења,.
Тука почнува онаа приказна ко на А1, лутавме по ходниците барајќи стручни мислења од доктори, и од секој доктор добивме различна дијагноза, никој точно не знаеше што е проблемот.
Правев и магнетна резонанца, ме снимаа и уште што ти не, коленото ми беше скроз здраво, лигаментите во ред, менискускот во ред, се беше у најдобар ред, и сите се чудеа во што би било проблемот.
И така се изнаслушав со татко ми разни дијагнози и не знаевме што да правиме, мојот проблем со коленото траеше скоро 3 години, не цели, и на 16 ме излечи еден дедо со космичка енергија и од тогаш коленото ми е тип-топ.
Инаку да напоменам дека имав проблеми кога се мењаше времето, имаше периоди кога плачев, кога неможев да спијам од болка во коленото, но со помош на тој дедо сето тоа исчезна.
Јас вера во нашиве доктори изгубив, навистина изгубив со самото тоа што предлагаа секакви сечења на мускули и уште што не знам, и немам никаква вера.
Би ви препорачал доколку имате некои такви луѓе си такви енергие отидете до нив, нема ништо да ве кошта а можеби баш тоа ќе ве излечи, верувајте делува.
Јас од тогаш верувам во се што се нарекува енергија, било каква да е.

Сега излезе нов проблем, еден ден на физичко, играјќи фудбал мислам дека беше изгледа лошо шутнав и нешто ли истегнав не знам што е, и коленото ме боли, неможам да го свиткам, а кога ќе одам ми е превише лабаво и ме фаќа паника после се што имам поминато.
Бидејќи тој дедо што ме излечи е сега починат(нека му е лесна земјата), имам намера прво да идам кај Цакан(во СК), па се надевам дека таму ќе помине се најдобро, за друго несакам да мислам.
 
P

PatoTheDuck

Гостин
Zdravo
jas go imam povredeno kolenoto od skok t.e. me boli vnatre malku koga treniram,ne e ligamentot no e nesto mislam na M bukvata.mi kazaa da odam na magnetna rezonacija,no ne ide red...ima li nekoj nesto slicno vaka.fala pozz sovet molam
Најверојатно се работи за менискус и ке мораш да ја направиш таа магнетна за докторот да може да ти каже што понатака :)

--- надополнето ---

Здраво јас сум машко, имам 23 години и скоро две години имам проблеми со колената.
Левото го удрив во маса и почна да ми полни вода.
Во десното (после неколку месеци кога ги протегнував наутро нозете) нешто крцна, и тоа почна да ми полни вода.
Во текот на последната година бев кај седум доктори и сите ми кажуваа различни мислења и дијагнози (од ништо не ти е, преку потребно е само пункција, до треба да одиш на операција поради синовитис во коленото. Но после направените испитувања се покажа дека немам ни реума ни синовитис) кај кои само од левото колено сум вадел вода 6 пати додека од десното нешто помалку.
Последниот пат ми извадија вода од двете колена одеднаш ми ставија некаква инексија и по препорака на еден пријател почнав да ги пијам апчињата GLUKOZAMIN од 1500 ml. Ги пијав еден месец и колената целосно ми поминаја. Пред два три дена на промена на времето кон поладно почна да ме боли левиот глужд (поради која болка кривев) а левото колено пак ми се наполни со вода.

Инаку водата од коленото не сум ја испитувал, ниту пак ги заморувам колената.

Дали знаете некое решение, дали цел живот ќе имам проблем со колената т.е. дали може да се излечат и како?
Кои апчиња и инекции кои треба да ги примам?
Дали е во ред постојано да ја вадам водата од колената или0 може самата да исчезни (Без да ја вадам)?
И дали фактот што имам рамни стапала е поврзан со проблемите на колената? Доколку е, кои влошки се најдобри за тој проблем?
Појди на лекар брат вака не можам да ти кажам ништо,ти препорачувам во Ре-Медика да си закажеш кај доктор Илиев и да видиш што ке ти каже...
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
Мене при секојдневно играње фудал ми има бегано чашката и сама се враќала околу 3-4 пати во рок од 3-4 год. 2 пати ми имаат правено пункција на државна кај еден стар мислам Џолев се викаше (како Хитлер е). При секоја повреда ме ставаше во завои, одмарав 1 месец максимум и коленото тип топ. Немам никакви проблеми, ниту ме боли, слободно го виткам, само нормално го осеќам малку дека е послабо од другото. Веќе 4 години немам напреавено слична повреда но играм со стегач. Преку цела година спортувам рекреативно (фудбал, кошарка, трчање). После факултет се спремам да одам во некоја приватна клиника да ми направат снимања да видам дали е све во ред, да не имам понатаму долгорочни последици.
 
Член од
5 јули 2009
Мислења
1.123
Поени од реакции
205
Ме боли десното колено повекје од година дена ама онака на периоди а го неам ништо повредено или нешто слично , стварно незнам што му е.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ме боли десното колено повекје од година дена ама онака на периоди а го неам ништо повредено или нешто слично , стварно незнам што му е.
пој си на доктор да те ѕирнат онака
да не биде касно
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
има некој лечено колена кај местачи или биоенергетичари освен confuziOn ?? ме интересира колкава е веројатноста да погоди во што е проблемот пошто имав проблеми со едното од пред 2 месеци имам со двете,го повредив и десното :zid:
 
С

Спенсер

Гостин
Ме боли десното колено повекје од година дена ама онака на периоди а го неам ништо повредено или нешто слично , стварно незнам што му е.
Ти мислам тренираш кик-бокс... а имаш проблеми со коленото?
 
Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
За секакви повреди пред да одите на доктор посетете го Дедо Таир во Ѓорче 2, (физиотерапевт на Фенербахче) ако го начекате тука во Скопје одете и нему ја мислете ја сум бил неколку пати лечи од секакви повреди и зима пари толку колку што ке му дадете вие
 
Член од
10 јули 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
Не знам дали има тема баш за ова,знам дека многу барав и не најдов случај сличен на мојот.Значи,пред недела дена се повредив при играње фудбал.Не можев да газам на коленото,и одма заминав на болница.Ми ставија лонгета,и ми рекоа да мирувам,и после 3 дена да одам на контрола.Отидов,и докторот ми вика се сомневам на лигаментот ова она,дојди си ти на ехо утре,и ќе видиме.Отидов и на ехо утредента и имав излив на коленото и од него не можеа да го видат ни колатералниот лигамент,ни менискусот,и ме пуштија на магнетна резонанца..Си закажав ја за оваа недела во систина,ама имам оток бре на коленото.А ич не ме боли ни при мрдање,си заздраве...Е сеа ако бил повреден менискусот требало да правам артроскопија..Дали некој е запознаен со повреда на менискус,или имал сличен случај нека пише...Многу се плашам:place:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
магнетната резонанца ќе ја даде точната дијагностика........за отокот ставај мраз и држи ја ногата на повисоко - ќе спадни за неколку дена,потоа ако имаш болки,пукања во него или нови отоци тогаш можеби ќе треба и некој зафат.......ако кај тебе станува збор за мало оштетување на менискус или само истегнување на лигаментите,најдобро е да правиш вежби за колено(јачање на квадрицепсот) какви ќе најдиш на ЈуТуб

значи можеш и да одложиш малку со магнетната за да не фрлаш пари,во зависност како ќе оди заздравувањето,а ако сакаш точна дијагноза треба да одиш.........местачи и слично не препорачувам од искуство
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Може и да одиш да ти ја извадат водата од коленото, така ќе ти спадне отокот. Како и да е како што кажаа во секој случај по 5 минути мраз да држиш па пауза извесно време па пак. Отокот нема никаква врска ќе падне целосно за ден два три пет (или како кај мене после еден месец). Штом не те боли не би требало да е нешто страшно (значи не е целосно менискусот или предниот вкрстен лигамент или страничните лигаменти...). ама најдобро е на магнетна резонанса (која што не е пријатна заради звуците ама е мошне корисна така да ќе ги издршиш глупите звуци :) ) и после обавезно вежби препорачани од ортодпед и сл. Како и да е не одложувај направи го се тоа побрзо иако заздравувањето нема да иде баш брзо...
 
Не е вода..Докторот рече дека е крв,која се собрала во коленото, од повреден лигамент или мускул..Во секој случај ако се потребни вежби ќе се изнапливам летово,и онака сум си охриѓанче (A)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom