Повлекување пари од oDesk на Payoneer или Skrill ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Insider_m
  • Време на започнување Време на започнување
Значи, со PayPal сигурно не можам. Можам само да уплаќам средства на PayPal и да плаќам за купување на интернет-страници што го имаат како опција. Друго не можам и не може никој со македонски PayPal.
Значи јас не реков со Македонски paypal. ;) Можеш да избереш земја Словенија или Бугарија и ќе можеш да повлекуваш на картичка.
 
Значи, да ја избришам моменталната, да изберам како земја Бугарија или Словенија, а адресата? Имаш ли ти ваква PayPal сметка и си повлекувал ли пари?
 
Нова отвори си.
 
Значи, да ја избришам моменталната, да изберам како земја Бугарија или Словенија, а адресата? Имаш ли ти ваква PayPal сметка и си повлекувал ли пари?
Имам таква PayPal сум повлекувал многу пати. Ке мора нова да си отвориш.
 
Ај некој поискусен нека ми каже вака, оти некои вака зборат некои онака. Месечно примам некоја си ситна пара на Payoneer. Прашањата ми се:
- Од чив банкомат препорачувате да вадам пари со payoneer картичката?
- Кои провизии и даноци се плаќат спрема државата и спрема банката?
 
Значи јас не реков со Македонски paypal. ;) Можеш да избереш земја Словенија или Бугарија и ќе можеш да повлекуваш на картичка.
Јас ја имам оваа ситуација, дали УЈП може да ги види парите што ми легнуваат на ПејПал т.е. дали Народна Банка има увид во нив (да не ги повлекувам на Виза НЛБ туку да си бидат само на ПејПал? Добив некоја информација дека ДА, но се сомневам дека е точна.[DOUBLEPOST=1483459223][/DOUBLEPOST]Имам Пејонир веќе година дена и сум задоволен се додека не ми го хакнаа профилот пред некој ден и ми ја испразнија сметката. Акаунтот ми е замрзнат и сакам да извадам Скрил Мастер Кард. Има некој искуство со неа? Дали тие пари ги гледаат нашиве лешинари или пак се инкогнито исто како Пејонир?
Фала однапред.
 
Како бе ти го хакнаа?
 
Како бе ти го хакнаа?
Појма немам, не само на мене туку и на уште 2ца што ги знам и на другар колеги.... повеќе луѓе се хакнати со испразнети сметки.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Јас ја имам оваа ситуација, дали УЈП може да ги види парите што ми легнуваат на ПејПал т.е. дали Народна Банка има увид во нив (да не ги повлекувам на Виза НЛБ туку да си бидат само на ПејПал? Добив некоја информација дека ДА, но се сомневам дека е точна.[DOUBLEPOST=1483459223][/DOUBLEPOST]Имам Пејонир веќе година дена и сум задоволен се додека не ми го хакнаа профилот пред некој ден и ми ја испразнија сметката. Акаунтот ми е замрзнат и сакам да извадам Скрил Мастер Кард. Има некој искуство со неа? Дали тие пари ги гледаат нашиве лешинари или пак се инкогнито исто како Пејонир?
Фала однапред.
За да ти проверуваат на пејпал, треба да се работи за големи суми, црни пари, па да водат истрага, инаку обичен смртник не го проверуваат колку има на пејпал, ако ги повлекуваш на картичка/сметка од мкд банка, самата банка е должна да те пријави ако надминеш одреден износ.
 
А колкав е тој износ да не знаеш?

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 
Вака сега,

Дали е потребно да ми биде верифициран акаунтот на Скрил за да можам да повлекувам пари од таму?

Моментално мене не ми е верифициран, за повлекување пари преку bank transfer не ми дозволува, кај износот ми покажува следново (max. EUR 0.00).
Што се однесува до картичката, исто така прво морам да ја верифицирам за да повелкувам преку неа, тоа го пишува. На скрил моментално имам 3.18 евра а сумата која можам да ја повлечам со картичка е (max. EUR 2.96).

Значи дали е потребно за повлекување преку картичка да ми биде верификуват и акаунтот и картичката?

Следно прашање е, како функционира тој начин на повлекување со дебитна картичка, нели на скрил валутата е евра а на картичката е денари. Ке се конвертираат автоматски во денари или преку дебитната картичка ке се префрлат на девизната сметка?

Ви благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom