Ќе пишам овде, да не отварам нова тема за овулација.
Ако порано се плашев од пмс и циклус, сега ми е страв кога ќе дојдат овие денови. Тие 4-5 дена, зависи месец до месец додуша, али скоро секогаш, имам мачнини во желудник, стомак, нагон за повраќање, главоболки, немање фокус. Да надополниме и со болки во јајник, матка и половина.
До пред некое време си немав поврзано дека ова се дешава баш во тој период, обично немав ден, два енергија и си го препишував на тоа дека сум настината. Али мислам дека со тек на време се полоша ми е состојбата, дали е до годините, хормоните, не знам.
Најмногу ми сметаат гадењето и главоболките, ми прави анксиозност и паника тоа некако, и ми смета во нормално функционирање.
Дали некоја има сличен проблем, па со тоа и некакво решение за ова? Испробани чаеви, рецепти, што и да е?