Плаќање данок како Freelancer - IT

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
И тоа што викаш, на памет да се зборело.

Drugarce, od ovie 100k-200k sto si gi zarabotija, ti prvo plakjas danok na upwork (10-20%), pa posle plakjas danok na drzavu (11%) i na kraj pak nemas ni penziju ni zdravstvo.
Da bi gi plakjal i tie pridonesi (native teams) ke ti ostanat samo troshki za tebe. Zasto da branish reketari?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.545
Поени од реакции
66.135

Не се разбираме. Поголемиот дел од изработените часови ми се на 5% Upwork fee, нема данок на Upwork. Данокот што се плаќа на државата е 10%, не 11. Ова, браниш рекетари. Ако ми ги прочиташ поголемиот дел од постовите во врска со данокот, сметам дека фриленсери не треба да плаќаат никаков данок, зашто донасаат пари во државата, направени надвор. АМА, доколку планираш да купиш нешто поголемо во државата, стан, кола над 30,000Е, со фриленсерска плата на која немаш платено данок, ризикуваш да имаш проблем.

Сега веќе, секоја трансакција која се прави над 10,000Е, иде преку адвокат, законски е, и нели и на нотар. Нотар, по службена должност, ке те пријави тебе во агенција за спречување на перење на пари ако купиш нешто што мора да се завери и кај адвокат. Јас продадов кола, и нотарот директно му кажа на дечкото што ја купи колата од мене дека мора да ја пријави трансакцијата. Плаќањето идеше од сметка на сметка.

Пробај утре, појави се во банка со 20,000Е во кеш, и кажи дека сакаш да ги ставиш на своја сметка, и види што ке ти кажат. Ако се обидеш да ги внесуваш по 1000, 2000Е постепено, ке имаш проблем во првиот момент кога ке се обидеш да уплатиш нешто со истите, зашто нотарот те пријавува и пак ризикуваш да те чешлаат за тоа од каде ти се парите.

Види, до пред Ковид периодот, беше многу поопуштено, сега гледам дека полека го стегаат обрачот. Пак ке напоменам, на некој кој само сака од овие заработени пари да плаќа сметки, и да шета низ светот, апсолутно нема потреба да пријавува данок. Ама за поглеми куповини, и те како иде на ризик. Од тој аспект, сметам дека 10% е ок сума, за да си мирен.
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
Замисли во толку коруптирана држава како нашата каде што лидерите одат на баци-рака кај Албанците, стварно да плаќаш данок наместо да најдиш начин како да не платиш данок бидеќи државата ни 1% не се грижи за твоите потреби и за потребите на самото опшество, да беше државата како Финска/Данска и други земји кои всушност вложуваат во народот, со цело срце би плаќал и 30% данок.

Ликов се загрижил за купување на дом... Ако ти работи мозокот 3% ќе најдеш начин како да купиш куќа или стан, а да не бидеш под око. За сите што сте загрижени дека ќе ве исчешла државата, стопете ги во stablecoin крипто USDT или некоја друга која е врзана со еврото и доларот и нека ви го испушат слободно гнидиве државни.

Придонеси да плаќаш за пензиско и здраствено нема 70% од парите да ги видиш никогаш, па пак плаќајте вие ако сакате. Да си паметен, ќе си платиш приватно здраствено на годишна база или вашиот партнер доколку работи има начин да ве осигура (не во сите случаеви).

Да се 400-600 евра ајде не е страшно 10% данок, ама за поискусни професионалци кои земаат по 3000 евра нагоре пример, кога ќе пресметаш 10% * 12 месеци, не се баш малце пари да ги фрлиш на гнидиве во државава наша. Јас не би, па макар и да ме гонат за вас не знам. (y)
Автоматски споено мислење:

Врска немаш што правиш ти стварно ако правите размена на средства преку банка за кола, нотарот ти е лош а ти уште полош си.
 
Последно уредено:

Која причина би имал да не земам легални пари во банка? Јас ја продавам колата. Кој е бенефитот да ми даде кеш на рака, кој потоа ке мора да мислам како да го пуштам во оптек?
 
Член од
12 август 2024
Мислења
184
Поени од реакции
449
Ова за приватно здравство е смешно затоа што сигурно ниту e платил, а и да плаќа не го користи затоа што e млад. Приватно здравствено како поединец со нашите осигурителни компании ако е нешто посериозно нема ни да видиш ни денар поврат. Кога е некој пакет во група има се да ви исплатат зашто не смеат да ризикуваат да изгубат повеќе луѓе. Ви напиша дека си оди се легално и дека тие 10% не му се проблем одма дека бил полош. Братот има на upwork само 11000+ саати и 100% job success, било кој да пребарува да бара работник тој ќе му е во првите и со толку саати најверојатно веќе има и клиенти што го заобиколуваат Upwork и тие нивни 10% затоа што довербата е стекната.

Не дека сум против тоа што правите со затајување, задолжително пензиско во солидарниот фонд се фрлени 11% од бруто во бунар што кога ќе дојдеме во пензија нема да видиме затоа што нема кој да работи за да тогаш ни ги исплаќаат. А па со приватниот пензиски кога се зачитав која минимална камата расте и што се нема си реков и ова ќе е циркуси. S&P500 враќа повеќе од нашиот пензиски фонд.

Еден куп ги имам во оклина вакви со математики за приватно здравствено, приватен пензиски фонд, животно осигурување за да скоро сите(мнозинството де, има и паметни) се водат ко пекари, шофери, продавачи кај фирми на блиски и пријавени на минималец кај што плаќаат на рака на овие газдите за бруто платата. Пајонир и Косова/Грција тераат, овде плаќаат исто со картичката па и некад и од тука си вадат пари. Сега за стан, земаа преку мајки, татковци и жени.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
Не се разбираме. Поголемиот дел од изработените часови ми се на 5% Upwork fee, нема данок на Upwork. Данокот што се плаќа на државата е 10%, не 11. Ова, браниш рекетари. Ако ми ги прочиташ поголемиот дел од постовите во врска со данокот, сметам дека фриленсери не треба да плаќаат никаков данок, зашто донасаат пари во државата, направени надвор. АМА, доколку планираш да купиш нешто поголемо во државата, стан, кола над 30,000Е, со фриленсерска плата на која немаш платено данок, ризикуваш да имаш проблем.

Сега веќе, секоја трансакција која се прави над 10,000Е, иде преку адвокат, законски е, и нели и на нотар. Нотар, по службена должност, ке те пријави тебе во агенција за спречување на перење на пари ако купиш нешто што мора да се завери и кај адвокат. Јас продадов кола, и нотарот директно му кажа на дечкото што ја купи колата од мене дека мора да ја пријави трансакцијата. Плаќањето идеше од сметка на сметка.

Пробај утре, појави се во банка со 20,000Е во кеш, и кажи дека сакаш да ги ставиш на своја сметка, и види што ке ти кажат. Ако се обидеш да ги внесуваш по 1000, 2000Е постепено, ке имаш проблем во првиот момент кога ке се обидеш да уплатиш нешто со истите, зашто нотарот те пријавува и пак ризикуваш да те чешлаат за тоа од каде ти се парите.

Види, до пред Ковид периодот, беше многу поопуштено, сега гледам дека полека го стегаат обрачот. Пак ке напоменам, на некој кој само сака од овие заработени пари да плаќа сметки, и да шета низ светот, апсолутно нема потреба да пријавува данок. Ама за поглеми куповини, и те како иде на ризик. Од тој аспект, сметам дека 10% е ок сума, за да си мирен.
1. Prvata greshka ti e shto nastapuvash vo pravniot promet kako fizicko lice.
2. Vtorata greshka ti e shto nastapuvash vo pravniot promet kako domashen subjekt.

Ako gi nadminavme moralnite prepregi od prethodno, ova sto ostanaa se tehnicki problemi i detali. Ako si seriozen za optimiziranje na sopstvenite finansii, a kako sto vikas da mozes da spies mirno bez sekiracii, togash toplo ti preporacuvam da se obratish vo nekoe dobro smetkovodstveno drustvo i konsalting. Konsalting sto se razbira ne samo od makedonsko tuku i od stranski zakonodavstva. Ke ti pomognat da razmilsluvash vo prava nasoka.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.545
Поени од реакции
66.135
Која причина би имал да не земам легални пари во банка? Јас ја продавам колата. Кој е бенефитот да ми даде кеш на рака, кој потоа ке мора да мислам како да го пуштам во оптек?
@LustingVertigo
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
Не размислуваме исто јас и ти, и мене то не ми смета. Јас лично не сакам да чувам пари во банка и не сакам друг да има поголема контрола на моите пари, верувам во децентрализирани финансиски системи, а не централизирани, како банки. Побрзо пари ќе чувам кеш, отколку на банка, барем така силата на парите ја имаш ти, а не тие, иако сега има многу подобри начини на тоа како да ги чуваш парите.

Неколку пати се имаше случено да побарам поголема сума на пари од банка и немаа ликвидност да ми исплатат, башка тоа имаат смешни провизии на се. Не ќе ги ранам банките јас цел живот. Јас си го решив ова прашање со крипто, за тебе не знам.

Ако мислиш дека единствена опција да набавиш куќа/стан е со пари во банка, тогаш продолжи така како што знаеш. И плаќај и пензиско. И здраствено. И пресметај колку пари ќе видиш од тие пари кога ќе се пензионираш, во оваа наша прекрасна држава, каде што сите наши даноци, ни се вратени назад во опшеството за да ни го подобрат животот, нели? Се гледа тоа насекаде. :pos:

За купување имот ако уште незнаеш loophole во системот за тоа да не биде преку пари на банкарста сметка, ти препорачувам да се консултираш со добар адвокат/консултант.

Поздрав!
 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво дечки, дали некој од вас има искуство со некој сметководител што добро ги разбира овие работи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom