Не се разбираме. Поголемиот дел од изработените часови ми се на 5% Upwork fee, нема данок на Upwork. Данокот што се плаќа на државата е 10%, не 11. Ова, браниш рекетари. Ако ми ги прочиташ поголемиот дел од постовите во врска со данокот, сметам дека фриленсери не треба да плаќаат никаков данок, зашто донасаат пари во државата, направени надвор. АМА, доколку планираш да купиш нешто поголемо во државата, стан, кола над 30,000Е, со фриленсерска плата на која немаш платено данок, ризикуваш да имаш проблем.
Сега веќе, секоја трансакција која се прави над 10,000Е, иде преку адвокат, законски е, и нели и на нотар. Нотар, по службена должност, ке те пријави тебе во агенција за спречување на перење на пари ако купиш нешто што мора да се завери и кај адвокат. Јас продадов кола, и нотарот директно му кажа на дечкото што ја купи колата од мене дека мора да ја пријави трансакцијата. Плаќањето идеше од сметка на сметка.
Пробај утре, појави се во банка со 20,000Е во кеш, и кажи дека сакаш да ги ставиш на своја сметка, и види што ке ти кажат. Ако се обидеш да ги внесуваш по 1000, 2000Е постепено, ке имаш проблем во првиот момент кога ке се обидеш да уплатиш нешто со истите, зашто нотарот те пријавува и пак ризикуваш да те чешлаат за тоа од каде ти се парите.
Види, до пред Ковид периодот, беше многу поопуштено, сега гледам дека полека го стегаат обрачот. Пак ке напоменам, на некој кој само сака од овие заработени пари да плаќа сметки, и да шета низ светот, апсолутно нема потреба да пријавува данок. Ама за поглеми куповини, и те како иде на ризик. Од тој аспект, сметам дека 10% е ок сума, за да си мирен.