Зошто ги викате терористи кога тие само правда бара ништо друго, затоа што челосно беа дискриминирани од некоја стара политика која произлегуваше од Србија а ја имплементираше македонската влада , и ништо, пак вие по старо почнувате и каде ке одиме вака со вакви навредувања „терористи„ незнам но можеби овој збор според вас земал некоја друга опачна конотација, конфликтот во 2001 не беше за чел да се дели Македонија и да се сосдаваат големи држави , но тоа беше сочиетален конфликт, не знаете вие да проценувате дека албанците се тие кои ве признават такви како што сте, а исто така имате голема подршка од албанските политички партии и од тие што се во власта а исто така и од опозицијата за било кој ваш проблелм за решавање... доста веќе вака не чекориме напред , со навредувања..а колку по веќе ке се запознаеме толку повеќе ке се почитуваме меѓу себе ... поздрав до сите
Сакам да те прашам нешто пријателе, ама искрено да ми одговориш.
Дали и во овој случај на албанците им беа ускратени човековите права ? Дали и најголемата демократија во светот, во која се колнете над овие луѓе изврши некоја неправда ? Ќе се јави ли и таму Џезаир Шаќири-Хоџа да им каже да не се заебаваат ?
За овој случај ти зборам:
ЗАВРШИ СУДЕЊЕТО ЗА ПЛАНИРАНИТЕ НАПАДИ ВРЗ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ
Браќата Дука од Дебар виновни за тероризам во САД
Дебраните Дритан (30), Шахин (27) и Елвир (25) Дука, со Јорданецот Мохамад Ибрахим Шневер и со Турчинот Сердар Татар, се соочуваат со доживотен затвор
Цртеж од обвинетите терористи на судењето во Федералниот суд во Њу Џерси, САД
Федералниот суд во Њу Џерси ги прогласи браќата Дритан (30), Шахин (27) и Елвир (25) Дука од Дебар виновни за подготвување терористички напади и убиство на американски војници во базата Форт Дикс и во други воени објекти, како дел од заговорот да се промовира исламска света војна против САД. Обвинетите се соочуваат со казни доживотен затвор, а пресудата ќе им биде изречена во април наредната година. Заедно со дебраните се осудени и Јорданецот Мохамад Ибрахим Шневер и Турчинот Сердар Татар. Четворица од обвинетите се прогласени виновни и за поседување оружје. Шестиот уапсен припадник на групата радикални исламисти, Косовецот Агрон Абдулаху, ја призна вината за помагање на групата, односно дека ги снабдувал со оружје и им помагал во ракувањето со него. Тој во октомври лани беше осуден на затворска казна од 20 месеци. Адвокатите на одбраната тврдеа дека обвинетите никого не нападнале, ниту биле сериозни во врска со напад врз Форт Дикс и дека агентите постојано ги наговарале на коментари што биле тајно снимани. Одбраната го нападна и кредибилитетот на информаторите, еден од Египет, а другиот од Албанија. Двајцата биле нелегални имигранти, кои сведочеле против обвинетите за да добијат регулиран престој во САД и „чисто досие“.
МАСАКР НА РАГБИ-НАТПРЕВАР
Групата беше разбиена во мај 2007 година, откако по 17-месечна истрага агентите на американското Федерално истражно биро (ФБИ) оцениле дека планот на радикалната група за напад врз касарната влегол во завршна фаза. Во групата, која е опишана како изолирана терористичка ќелија без лидер, биле инфилтрирани и агенти на ФБИ. Петтемина радикали ги поврзала заедничката фасцинација од џихадот. Групата не била поврзана со Ал каеда, ниту со која било друга терористичка организација. Сепак, обвинетите биле под големо идеолошко влијание на Ал каеда. Кај нив биле пронајдени фотографии на Осама бин Ладен и филмови со проштални пораки на двајца од терористите што го извршија самоубиствениот напад врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Групата тренирала пукање на полигон на планината Поконо во Пенсилванија, за да се обучат да убијат што е можно повеќе војници при нападот врз историската база на армијата, стационирана 40-ина километри источно од Филаделфија. Терористите планирале со бомби и со рафали од автоматско оружје да убијат што е можно повеќе американски војници во базата. Обвинетите планирале и терористички напад во текот на традиционалниот годишен рагби-натпревар во Филаделфија меѓу припадниците на американската копнена војска и морнарицата.
ШИРЕЛЕ ЏИХАД И ВО ЗАТВОР
Терористите биле откриени во јануари 2006 година, кога продавач во видеотека пријавил во полицијата дека кај него пристигнале група мажи и побарале да префрли видеоснимка на ДВД. Продавачот рекол дека на снимката имало мажи што стрелаат од автоматски пушки и извикуваат нешто на арапски, вклучувајќи ги зборовите „џихад“. Тогаш во истрагата се вклучил и ФБИ, по што било утврдено дека видеото било снимено на полигон во Поконо. Групата подоцна била забележана како вежба на полигони за „пејнтбол“ и како набљудува неколку воени бази. Акцијата за нивно апсење почнала откако двајца од обвинетите пристигнале во договорен објект за да купат автоматски пушки, каде што ги чекале агенти на ФБИ.
Петтемина терористи беа обвинети и дека во затворот се обиделе да ги врбуваат другите затвореници за цели на радикалните исламисти.Елвир Дука им испраќал на другите затвореници пораки во кои било посочено дека „на Божјиот пат борбата прво се води со зборови, а потоа и со оружје“. Тој ги потпишувал пораките со псевдонимот Сулејман. Браќата Дука работеле како градежни работници во Њу Џерси и илегално престојувале во САД. Тие работеле и во импровизиран автосервис во куќата во која живееле заедно со родителите. Тројцата браќа пристигнале во САД легално, но останале подолго отколку што им било наведено на визите. Јорданецот, кој е натурализиран Американец, работел како таксист во Филаделфија, а Турчинот, со легален престој во САД, работел во пицеријата на татка си во Филаделфија.
Вера Тодоровска
Чекам одговор, ама искрен, ОК ?