Пишувам книга, ми требаат ваши коментари

Член од
17 август 2010
Мислења
5
Поени од реакции
3
Тука би можеле да коментираме за наши дела, обиди за пишување книга.

Ова е извадок од книгата која ја пишувам. Би била благодарна доколку ми дадете искрени коментари за стилот на пишување. Едноставно сакам да знам дали треба да продолжам.


...НАЈСЛАТКИОТ ВКУС НА ГРЕВОТ...


1.Слатки лаги

...Веќе месец-два ја користев способноста потајно да навлезам во мислите му, најпрво само за забава, а подоцна за да ја нахранам мојата самодоверба...
Се започна со губење време,веројатно повеќе ми годеше да манипулирам и флертувам отколку да ја оправдам довербата на родителите ми кои ме запишаа на престижен универзитет и уштепрестижна специјалност...

Е, со него е поразлично, сега сум на јасно со себеси дека не лажам, но барем ни мене не ме лажат... Не се добива ни најмалку добар ефект како ефектот кога го изгубив умот по Беланоца или по Анџеле, но... барем се појавува уште некој во животот ми со кој да ги пополнам мислите и секојдневието... Искрено не верував дека толку лесно ке ми падне во мрежите, но и не ми пречи помислата дека уште некој ќе мисли на мене. Бев толку ладна на почетокот што дури му предложив да го прекине контактот со мене ако има намера да ме гледа како нешто повеќе од пријател. Ако треба да бидам искрена ова не беше со манипулативна намера, туку тој период ми беше затруена душата од секаков вид силни чувства. Чудно, но вистинито - немав потреба од машки допир а да бидам искрена и се ужаснував од помислата. Ми требаше мир, хармонија и душевно спокојство. Додуша и не сум многу далеку од вистината, една летна лесна авантура и нема да ми дојде како терет, а и којзнае, може да прерасне во неодолива сласт за која со задоволство би го заменила Унлудере. Повторно ми е креветот до прозорецот како да се надевам дека црномурестиот сосед од кој ми запира здивот ќе го забележи жедното ми тело обвиено во црвената постела во која веќе изветрува мирисот на маж... Само тенката тантелена завеса е спуштена и често настранувана со цел да му се восхитувам на небесното пространство. Е, повторно се лажам себеси - небото е мрачно и исполнето со бели облаци кои не ветуват ниту утешно сонце ниту насмевка на лицето од прекрасната глетка на соѕвездијата. Делумно тивко е... Делумно, ако го исклучиме биењето на срцето и минималниот звук од телевизорот. Толку посакував да ги исполнам очите со небесната светлина или да сум во Јемен кај Алшабиби па заедно да се насладуваме на уметноста на природата како што тој тврдеше дека во неговата татковина небото е секогаш ведро и ѕвезите ги гледаш толку јасно како да ги имаш во рамка. Точно како што си мислев...

Не помина половина час и тој се вклучи на интернет. Не може да дочека до утрешната ноќ. Му дадов до знаење дека не го заборавам:
- Наскоро, сакан... Наскоро...
- Љубена, по пат сум и непрестано мислам на нас... Со нетрпение чекам да бидам до тебе.
- Те чекам мило мое. Мислам на нас... Единствено и само на нас
- Сакана, дали си подготвена?
- Се подготвувам сакан. Кожата ми е врела... Секоја клетка од телото ми те посакува, те посакува толку длабоко во мене правејќи те дел од мене таа ноќ. Дишам се побрзо и побрзо, исто како и срцето ми. Сакан, каде си?
- Близу Тракија мила.
- Ммм.... Утре, утре ќе бидеш мој, само мој.
- Утре во 9.
- Цела ноќ, до утрото... Договорено?
- Секако. Мила, кога ќе водиме љубов?
- Кога сакаш ти момче?
- Утре. Утре, љубена. Уф, не можам да дочекам до утре вечер.
- Ниту јас, најмил мој. Откако оваа ноќ ќе помине ќе бидам во твоите прегратки чувствувајќи те во мене.

Секако,последните некои реченици беа чист филм но ми годеа мене, затоа и ги режирав. Договоривме околку местото, времето па дури и пијалокот, од негова страна веројатно и секој допир и потег беше исцениран, не дека се противам или ми пречи.

- Сакан, што сакаш ти за утревечер? - почнав да навлегувам во детали, мислејќи всушност на пијалокот.
- Тебе шеќерче, само тебе... Посакувам да ти ја почувствувам топлината.
- Ќе ја почувствуваш, сакан, го бодрев истовремено распламтувајќи му ја страста, ќе ја чувствуваш врелината ми цела ноќ.
- Љубена, ме полудуваш.
- Можеш да бидеш сигурен во тоа - го изреков тоа со огромна самодоверба. И те молам, немој да излегуваш од мене... Неизмерно многу сакам да те почувствувам. Не можам да се сетам кога за последен пат некого сум посакувала толку многу. Потребен си ми,момче.

Играта со зборовите одсекогаш ми била проследена со добар улов. Не постои личност од машки пол кој не можам да го натерам да помисли дека е вљубен, па да не скромничам - може во листата да се најде и жена...

Еве, повторно не ме остава да го довршам она нешто кое ми се врти во мислите туку започнува со неговите фантазии како сме веќе заедно... Ми здодева кога морам да барам зборови за да да створам атмосфера за романса. Нетрпеливо ме потпрашува што правам, на што мислам, а јас како и секогаш ги вртам истите филмови кои најчесто се нешто како "Мислам на нас" , "Не можам да те извадам од мисли" , "Никогаш порано не сум се чувствувала вака" , "Те посакувам како што никогаш никого не сум посакувала толку многу"... Од скромното ми љубовно искуство сфатив дека нам луѓето повеќе ни годат слатки лаги отколку горки вистини.... Понекогаш и самите се лажеме себеси и свесни сме за тоа, но на тој начин се поштедуваме себеси од суровата реалност. "Мислам на нас" беа зборовите со кои често возвраќав на прашањето што правам...

- Аха и што поточно мислиш на нас, љубена?
- На допирот ти... Начинот по кој ме правиш твоја...
- Ќе бидеш моја, љубена.
- Не постои нешто кое го посакувам повеќе оваа ноќ, најмил мој.
- Љубена, не можам да истраам, а што велиш да не чекаме до ноќта, да дојдам порано?

Не знам како може да ми поверува во тежината на зборовите на кои не си верувам ни самата, згора на се дури не му го побарав телефонскиот број, ниту се сеќавам кога му е роденден…
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Никој не треба да ти каже дека не треба да продолжиш. Ако тоа е она што те исполнува тогаш прави го, без разлика што другите мислат.
А јас ќе бидам еден од оние кои ќе ја прочитаат твојата книга, кога ќе дојде времето. :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Извадоков само ни покажува каков е твјот начин на пишување.
Напиши сумаризација на твојов роман (кулминацијата, без расплетот) во една реченица, па ќе ти кажеме дали би сакале да ја читаме. :)
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Секој со свој вкус. Мојот е малце поинаков. Јас би те советувал да користиш зборови кои во нормален разговор ги користиш (и на дијалектот кој го користиш), твои омилени фрази и реченици кои се среќаваат во нормален живот. Биди оргинална, за обична љубовна книга-има премногу, ако сакаш да бидеш прочитана направи нешто посебно и оргинално, а да не наликува на шпанска серија - зошто никој нема да ја прочита туку ќе гледаат шпански серии на ТВ.
ПС Љубовта е вечна тема, но некако помалку излитена (барем според мене).
 

MartinFCB

Fcb
Член од
22 октомври 2010
Мислења
317
Поени од реакции
47
Стилот на пишување е баш ок, може да додадеш некои зборови од твојот дијалект, можеш исто така да додадеш зборови што изобилуваат кога ке ги прочиташ. Инаку кога ке ја издадеш книгата, јас ке сум еден од првите читатели се разбира... :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Јас не сакам таков вид литература, така што се што ќе кажам, може д а го земеш со резерва.
Немој да ја користиш кратката заменска форма за индиректен објект поспозитивно:снагата ми, родителите му.
Едноставно штрчи, како да зашиеш џеб на вечерен фустан. Тоа што го пишуваш мора да звучи вистинито, уверливо.
И ако ги употребуваш зборовите сакан, шеќерче мора да има смисла да го правиш тоа. Јас немам чуено во Македонија, дечко на девојка да и се обрати со сакана или пак таа нему со шеќерче.
Сепак, ова што го имаме пред нас е малку, така што можеби кога би ај имала пред очи целата книга, моите забелешки не би имале смисла.
Продолжи да пишуваш. Пишувањето се вежба само со пишување :)
Голем поздрав
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Интересна ти е благата еротика ама искрено некако стилов ми е тежок морав да те прочитам два пати да те сфатам ,но чекам цела книга па да седнам и да те читнам како што треба вака од кратко сиже неможам да имам впечаток ,терај си тоа што си почнала и немој да дозволиш критиките да ти урнат мотивација:)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Леле аман смени си го никот. Ако некогаш станеш позната ќе ти извадат скандал.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
добар е стилот на пишување но нели писателите се сликари со зборови по поимливо
и секако да има нешто интригантно кога пишуваш мисли и на оној кој ке го прочита тоа да биде сликовито а за љубовта иако секогаш е неисцрпна тема е многу тешко да се пишува во секој случај имаш талент let the force be with you respecat
 

Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Јас стално почињам , ќе напишам 30-40 страни и толку , прекинувам!А ќе одам јазичен смер за писател!
 

Bolt0105

Problem?
Член од
3 декември 2009
Мислења
54
Поени од реакции
64
Еве јас пред некое време почнав да пишувам (на англиски), но немам ни 10 страни напишано :D. Се надевам за едно 10 години ќе е готова.(ако продолжам воопшто)
 
Член од
4 август 2011
Мислења
35
Поени од реакции
14
Значи почнав да пишувам книга ако тоа може да се наречe така,но сепак сакам да слушнам мислење и од вас како читатели и да дадете свое мислење дали да продолжам или да ставам точка на веќе започнатово. Вака изгледа почетокот на мојата книга таканаречена : Стариот часовник :noze:


Легендите секогаш мирисаат на лудило,но тоа лудило одсекогаш ме возбудувше особено кога тоа доаѓаше од устата на мојата баба. Беше страшна ноќ, како небото и земјата да се споиле,грмотевиците ги тресеа сите прозорци од нашата куќа,а пак капките дожд како да сакаја да го пробијат кровот. Стариот часовник со своето чукање се повеќе го будеше стравот кој се обидував да го сокријам.Што се однесува до мене одамна би му нашол одлично место на нашиот таван,но часовникот беше предмет кој мојата баба најповеќе го сакаше,во некои случаи можам да речам дека часовникот го сакаше дури повеќе и од мене,а јас пак постојано се прашував што толку има тој дрвен часовник што немам јас? Зошто тој воопшто е сместен во мојата соба? Но како и секогаш мојата баба остануваше нема на овие прашања и нејзиниот одговор беше дека тоа се само луди мисли во мојата мала глава. Невремето како да немаше намера да престане,бев покриен преку глава со моето ќебе кога одеднаш слушнав како нешто крцка. Целата кожа ми се нежи,се тешев мислеќи дека тоа е глупавиот часовник на мојата баба кој постојано ме задева со неговото чукање,но длабоко во себе знаев дека тој звук сепак доаѓа од долниот спрат на мојата куќа. Бев толку љубопитен што излегов од мојата соба и тргнав по старите дрвени скали кои крцкаќи го пратеа тресењето на моите нозе. Ја поминав и последната скала,замижав со очите и наеднаш се свртив и погледнав што има во дневната соба.А таму беше мојата баба седеќи на старата столица која крцкаше на црвосаните штици кои моите родители ги нарекуваа под. Камениот камин беше силно разгорен,а во рацете баба ми држеше чудна книга со црни корици која наликуваше на телефонскиот тефтер во кој беа запишани броевите од целото село.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom