Пишувам книга, ми требаат ваши коментари

Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
Тука би можеле да коментираме за наши дела, обиди за пишување книга.

Ова е извадок од книгата која ја пишувам. Би била благодарна доколку ми дадете искрени коментари за стилот на пишување. Едноставно сакам да знам дали треба да продолжам.


...НАЈСЛАТКИОТ ВКУС НА ГРЕВОТ...


1.Слатки лаги

...Веќе месец-два ја користев способноста потајно да навлезам во мислите му, најпрво само за забава, а подоцна за да ја нахранам мојата самодоверба...
Се започна со губење време,веројатно повеќе ми годеше да манипулирам и флертувам отколку да ја оправдам довербата на родителите ми кои ме запишаа на престижен универзитет и уштепрестижна специјалност...

Е, со него е поразлично, сега сум на јасно со себеси дека не лажам, но барем ни мене не ме лажат... Не се добива ни најмалку добар ефект како ефектот кога го изгубив умот по Беланоца или по Анџеле, но... барем се појавува уште некој во животот ми со кој да ги пополнам мислите и секојдневието... Искрено не верував дека толку лесно ке ми падне во мрежите, но и не ми пречи помислата дека уште некој ќе мисли на мене. Бев толку ладна на почетокот што дури му предложив да го прекине контактот со мене ако има намера да ме гледа како нешто повеќе од пријател. Ако треба да бидам искрена ова не беше со манипулативна намера, туку тој период ми беше затруена душата од секаков вид силни чувства. Чудно, но вистинито - немав потреба од машки допир а да бидам искрена и се ужаснував од помислата. Ми требаше мир, хармонија и душевно спокојство. Додуша и не сум многу далеку од вистината, една летна лесна авантура и нема да ми дојде како терет, а и којзнае, може да прерасне во неодолива сласт за која со задоволство би го заменила Унлудере. Повторно ми е креветот до прозорецот како да се надевам дека црномурестиот сосед од кој ми запира здивот ќе го забележи жедното ми тело обвиено во црвената постела во која веќе изветрува мирисот на маж... Само тенката тантелена завеса е спуштена и често настранувана со цел да му се восхитувам на небесното пространство. Е, повторно се лажам себеси - небото е мрачно и исполнето со бели облаци кои не ветуват ниту утешно сонце ниту насмевка на лицето од прекрасната глетка на соѕвездијата. Делумно тивко е... Делумно, ако го исклучиме биењето на срцето и минималниот звук од телевизорот. Толку посакував да ги исполнам очите со небесната светлина или да сум во Јемен кај Алшабиби па заедно да се насладуваме на уметноста на природата како што тој тврдеше дека во неговата татковина небото е секогаш ведро и ѕвезите ги гледаш толку јасно како да ги имаш во рамка. Точно како што си мислев...

Не помина половина час и тој се вклучи на интернет. Не може да дочека до утрешната ноќ. Му дадов до знаење дека не го заборавам:
- Наскоро, сакан... Наскоро...
- Љубена, по пат сум и непрестано мислам на нас... Со нетрпение чекам да бидам до тебе.
- Те чекам мило мое. Мислам на нас... Единствено и само на нас
- Сакана, дали си подготвена?
- Се подготвувам сакан. Кожата ми е врела... Секоја клетка од телото ми те посакува, те посакува толку длабоко во мене правејќи те дел од мене таа ноќ. Дишам се побрзо и побрзо, исто како и срцето ми. Сакан, каде си?
- Близу Тракија мила.
- Ммм.... Утре, утре ќе бидеш мој, само мој.
- Утре во 9.
- Цела ноќ, до утрото... Договорено?
- Секако. Мила, кога ќе водиме љубов?
- Кога сакаш ти момче?
- Утре. Утре, љубена. Уф, не можам да дочекам до утре вечер.
- Ниту јас, најмил мој. Откако оваа ноќ ќе помине ќе бидам во твоите прегратки чувствувајќи те во мене.

Секако,последните некои реченици беа чист филм но ми годеа мене, затоа и ги режирав. Договоривме околку местото, времето па дури и пијалокот, од негова страна веројатно и секој допир и потег беше исцениран, не дека се противам или ми пречи.

- Сакан, што сакаш ти за утревечер? - почнав да навлегувам во детали, мислејќи всушност на пијалокот.
- Тебе шеќерче, само тебе... Посакувам да ти ја почувствувам топлината.
- Ќе ја почувствуваш, сакан, го бодрев истовремено распламтувајќи му ја страста, ќе ја чувствуваш врелината ми цела ноќ.
- Љубена, ме полудуваш.
- Можеш да бидеш сигурен во тоа - го изреков тоа со огромна самодоверба. И те молам, немој да излегуваш од мене... Неизмерно многу сакам да те почувствувам. Не можам да се сетам кога за последен пат некого сум посакувала толку многу. Потребен си ми,момче.

Играта со зборовите одсекогаш ми била проследена со добар улов. Не постои личност од машки пол кој не можам да го натерам да помисли дека е вљубен, па да не скромничам - може во листата да се најде и жена...

Еве, повторно не ме остава да го довршам она нешто кое ми се врти во мислите туку започнува со неговите фантазии како сме веќе заедно... Ми здодева кога морам да барам зборови за да да створам атмосфера за романса. Нетрпеливо ме потпрашува што правам, на што мислам, а јас како и секогаш ги вртам истите филмови кои најчесто се нешто како "Мислам на нас" , "Не можам да те извадам од мисли" , "Никогаш порано не сум се чувствувала вака" , "Те посакувам како што никогаш никого не сум посакувала толку многу"... Од скромното ми љубовно искуство сфатив дека нам луѓето повеќе ни годат слатки лаги отколку горки вистини.... Понекогаш и самите се лажеме себеси и свесни сме за тоа, но на тој начин се поштедуваме себеси од суровата реалност. "Мислам на нас" беа зборовите со кои често возвраќав на прашањето што правам...

- Аха и што поточно мислиш на нас, љубена?
- На допирот ти... Начинот по кој ме правиш твоја...
- Ќе бидеш моја, љубена.
- Не постои нешто кое го посакувам повеќе оваа ноќ, најмил мој.
- Љубена, не можам да истраам, а што велиш да не чекаме до ноќта, да дојдам порано?

Не знам како може да ми поверува во тежината на зборовите на кои не си верувам ни самата, згора на се дури не му го побарав телефонскиот број, ниту се сеќавам кога му е роденден…
многу ми се допаѓа
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
“Идиот, стоко, говедо!” беа зборовите кои ме разбудија, а шлаканицата беше таа што ме отрезни. Марија врескаше неконтролирано на цел глас, а јас претурајќи по работите барав апче за глава. Собата беше во хаос, флаши шток по земја, искршени чаши, пикавци гасени на паркет, паднати столици, скршена маса, а телевизорот пиштеше без прекин. Едвај гледав во темната соба, замижан продолжив да барам апче, а Марија да вика и да треска со ногата по земја. Не успеав да најдам апче, до мене здогледав една флаша шток која не беше празна, ја надигнав и ја испив во неколку голтки. Штокот ме врати во живот, едвај отворив очи и ја погледнав Марија, скоцкана како и секогаш од глава до пети, облечена во црвено фустанче на прерамки, часовник сваровски со црвено ремче, црни сандали, и огрлица околу вратот, а косата и беше како на Клеопатра црна како катран со шишки до рамена. Хистерично се дереше, а јас не ја ни слушав како и секогаш само климав со главата. Се прашував што бара ваква млада и убава триесет годишна успешна девојка со ваков неодговорен дебил како мене, неизбричен со несредена коса, со искинати фармерки што смрди на цигари и шток, но изгледа се освести и реши да стави крај на врската. Ми рече дека спиела неколку месеци со директорот на фирмата, ме обвини мене за се и рече дека е готово меѓу нас, ја тресна вратата и искочи од собата. Продолжив да седам уште некое време непомрднувајќи се од место, зјапав во една точка и на крајот само се насмеав. Точно беше 23 часот, сите нормални луѓе сега легнуваат а јас станувам, не се сеќавам кога последен пат станав наутро. Ми се сушеше устата и се гушев од кашлање, барав уште шток но сите флаши беа празни, мислев што да правам, станав ги облеков фармерките, маицата и чизмите и набрзина излегов.

Излегов од зградата и едвај тетеравејќи се влечев на влажниот асвалт кој испаруваше во оваа јунска ноќ. Уличките беа тесни, а јас се мавав те лево те десно од излозите на продавниците. Лето беше, пенџерињата беа отворени од домовите, се слушаше џагор од секаде, детски плач, воздишки, смеа, кавги и трескање на врати. Извадив цигара од џебот и тресејќи се како стар дедо едвај ја запалив, повлеков најсилно што можев и дојдов при себе. Се упатив кон барот кој се наоѓаше на крајот од улицата, едвај се гледаше, сијалиците никогаш не работеа таму, навечер се случуваа чудни работи. Стигнав конечно, застанав малку да се одморам смогнав сили и влегов внатре.

Чадот што доаѓаше од сите страни уште толку ме заслепе, ме печеа очите и не гледав ништо, се удирав од луѓето, ѓи газев се извинував и некако стигнав до шанкот. Шанкерот ме знаеше бев редовен гостин, му намигнав, а он си ја знаеше работата, дубли шток со три коцки лед и една чаша вода. Во позадина идеше Summertime oд Miles Davis на моменти измешан со гласното смеење на гоститеи удирањето на чашите, а јас замижан го пиев својот шток. Местово не беше големо ниту многу мало, беше таман за добар помин. Доаѓаа секакви гости, сиромашни, богати, млади, стари и по некој залутан стар директор со својата швалерка. Очите почнаа да ми се навикнуваат на чадот и почнав да гледам нормално, нарачав уште еден дупли шток со три коцки лед, го испив на екс ја оставив чашата и отидов во тоалетот.

Со тешки чекори се движев низ толпата народ кон тоалетот и со погледот лутав додека не здогледав една прекрасна девојка која ме зјапаше директно во очи и не го тргаше погледот. Беше прекрасна, мислам дека се заљубив, имаше крупни очи, најверојатно темни, црна долга коса собрана во реп и беше облечена во црно од глава до пети, црни кожени панталони, штикли и црна маица, и тетоважа на рамото која се спушташе надоле, а најверојатно продолжуваше и на грбот. Упорно ме гледаше во очи на што и јас и возвратив не тргајќи го погледот се до моментот додека не стигнав до тоалетот.

Во тоалетот беше темно исто како во барот, една неонка едвај светеше, се мачеше како мене, плочките беа исшарани со разни натписи, а дел од нив беа откорнати и искршени, се ширеше и непријатна миризба. Откако завршив застанав пред мијалникот,се погледнав на пукнатото огледало и видов брада, бушава темно костенлива коса, подочници и изморени очи, иморени од товарот на животот, пуштив вода го измив лицето и излегов од тоалетот.

Враќајки се на шанкот приметив девојката што ме гледаше не беше таму, сигурно си отишла. Стигнав на моето место и нарачав уште еден дупли шток, но овојпат наместо вода нарачав едно пиво. Го извадив жолтиот камел, и зипото кое ми го подари Марија, единствениот поклон што ми се свиѓаше од неа што сум го добил за сите овие години. Кутијата беше цела изгужвана и цигарите исто, извадив една цигара ја исправив и со зипото запалив, го обожавав тој мирис на зипо. Го испив штокот и пивото и одновно нарачав, ме фати бајаги алкохолот, но убаво ми беше, а во позадина идеше мојата омилена песна Take Five од Dave Brubeck. Ја свртев главата за момент, ја здогледав убавата девојка како седи на истото место и повторно гледа упорно во мене и не го трга погледот. Го испив на брзина штокоти го земав пивото со мене и сакав да отидам до кај нејзе, но видов дека она станува и доаѓа накај мене. Идеше исправено и самоуверено гледајќи директно во мене, а јас само зјапав во неа. Стигна на дваесетина сантима до мене и неколку секунди се гледавме во очи и не трепнувавме, ме фати за раката и ми ја подигна, ја отвори ми стави мал лист хартија и ми ја стисна цврсто раката од што ливчето се изгужва, се сврте и без да проговори ниту еден збор излезе од барот. Го отворив ливчето набрзина на кое пишуваше “ Следи ме” го допив пивото, платив за пијачките и побрзав да ја стигнам.

Излегов од барот и во темницата ја здогледав како оди по уличката ипсравено и тропа со штиклите, и со спори чекори почнав да ја следам. За разлика од претходно сега беше тивко, немаше бучава, беше многу касно, се слушаше само пригушена музика од баровите. Девојката продолжи да оди и во ниту еден момент не се сврте да види дали ја пратам, а јас едвај одев. За момент сврте на една уличка позади една зграда, а јас побрзав за да не ја изгубам од видикот. Кога свртев кај уличката ја видов како влегува во еден од влезовите на зградата, а јас со уште побрзи чекори се упатив кон влезот. Во влезот беше темно и тивко, неа не ја видов, се слушаа само нејзините чекори на скалите, а јас се фатив за гелендерот и почнав да се влечам и качувам нагоре. Одеднаш престана тропањето од нејзините штикли, се качив на следниот кат, ми се чини беше четврти, а пред мене имаше ширум отворена врата, погледнав лево десно и потоа влегов внатре.

Во станот беше тивко, светлата беа изгаснати, стоев во ходникот и за миг слушнав како тропна нешто во една од собите. Се упатвив пополека, стигнав до вратата која беше малку отворена, внатре беше темница, ја турнав вратата и ја здогледав убавицата како лежи гола со раширени нозе на креветот. Се доближив и срипав на креветот и со страсни бакнежи почнав да ја бакнувам, ја бакнував насекаде вратот, градите, стомакот и продолжив надоле. И покрај што бев многу пијан ми се надрви без проблем, ја бакнував се пострасно и влегував во неа, а она врескаше и ме гребеше.


‘’ Крени ги рацете во вис!” слушнав како некој се дере, ги отворив очите и пред мене здогледав неколку полицајци во униформа со вперени пиштоли кон мене, и во тој миг одеднаш се отрезнив. Беше разденето, незнам колку беше саатот, се вртев и со погледот ја барав девојката но нејзе ја немаше во собата, полицајците ме легнаа на земја, ми ги свиткаа рацете и ми ставија лисици. Упорно се дерев, прашував што се случило, каде е девојката, а тие ми викаа да замолчам. Бев гол само по боксерици и лисици на рацете. Полицајците ме изнесуваа од станот, и кога стигнавме во ходникот ја свртев главата кон соседната соба и здогледав машки труп облеан во крв, ми се згади од глетката и повратив во ходникот, а полицајците ме извреѓаа и ме извлекоа како џукела од станот.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Морам да признаам дека ова што го прочитав од форумџииве ми се допадна многу...Добри текстови...Секој од вас може да продолжи...Секој си има свој стил на пишување и од разни места ја црпи инспирацијава...Јас на пример кога сакам да пишувам пишувам но на средина на расказот ми снемува инспирација...Моментално и јас пишувам па деновиве ке го објавам овде.. :)
 
Член од
28 мај 2013
Мислења
37
Поени од реакции
67
Колку од вас продолжија да ги пишуваат своите книги? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom