Питачи-колку се вистински?

Член од
28 февруари 2005
Мислења
33
Поени од реакции
1
Ми се имаат случено неколку ситуации каде што имам налетано на млади како просат,повекето од македонска националност,а исто така и за постарите,по некој ром и ниту еден муслиман.По некогаш на посериозните
што ми изгледаат ке им фрлам по некој денар или нешто продуктно а на понесериозните(со решенија за ова она,болести,тинтири минтири) им затварам врата зш такви ги има на тон(измамници).Дали мислите дека има начин така што би им се помогнало на дел од просјаците зашто стварно е претерано ова што се случува,богатите се више и више се богатат,а сиромашните патат, има ли начин да се организира некое случување, Кајгана манифестација каде што би се собрало по некој денар за да се помогне,што мислите за нешто такво?




п.с. темава не е националистички напишана!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Кога би организирал нешто такво, попрво би им помогнал на децата без родители.
 
Член од
28 февруари 2005
Мислења
33
Поени од реакции
1
па другар,се надевам имаш запратено некоја од емисииве на ТВ за како стануваат од деца без родители(домци) во бездомници т.е. се принудени со полнење на 18 години да го напуштат домот и препуштени сами на себе.Има една НВО(основана од бивши домци) која им помага по нешто, мислам би било фино да се организира нешто,зашто као што гледам доста е посетен порталов па можеби би се собрало нешто.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Можеби, ете првиот роденден на КАЈГАНА (18-ти јануари) планираме да биде одбележан со голема забава, дури и медиумски ќе биде промовирана, да не се летаме сега, ќе имаме на ум и нешто вакво.

Идејата е интересна.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
„Ако ти дадам риба, ќе те нахранам за еден ден. Ако те научам да ловиш, ќе те нахранам за цел живот“.

Со собирање на пари (макар да нешто е повеќе од ништо) не верувам дека било кому ќе се помогне. За тие луѓе е потребно да се најде работа и да им се овозможи да се квалификуваат за нешто - да им се даде почетна точка во животот од кај што ќе тргнат.

Гледав пред ден-два сторија на А1 за млад брачен пар (премлад, според мене) од Домот за деца без родители, кои Мин. за труд и социјала ги сместило во еден стан, им плаќа кирија за првите 5 (мислам) години, а жената (т.е. девојчето) ја примиле на обука и веројатно и на работа во Веро. Според мене, тоа е единствениот начин да им се помогне на социјално загрозените.

Колку што ме нервира индиферентноста на институциите по ова прашање, уште повеќе ме нервира и неспремноста на невработените да се зафатат за работа што не им е по струка. „Јас завршив правен, седум години чекам на биро, никој не ме вработува, државата не чини, бла, бла...“ - кога гледаш дека не оди една година, две години - барај си чаре на друго место! Е*ати и школото и се` ако нема ќар од тоа!
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Идејата е интересна, а донации верувам ќе има доколку медиумски се среди да се направи хуманитарно дејствие.
Верувам дека тие што ја водат кајгана имаат добри планови во врска со ова. Јеби га, за да се добие нешто, треба и да се даде.
 
Член од
28 февруари 2005
Мислења
33
Поени од реакции
1
Имав некои контакти со НВО ИнфоЦентар, мислам дека би можело и јавно медиумски да се представи идејата (ПРЕСС конференција)како идеа на еден форум кој воедно е збирно место на различни луге,по години и националност. Е сега за тоа момциве да размислат дали сакаат да играат така.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Тоа е веќе сериозна работа, не е само една вечер журкање, кој фрли по нешто - фрли и ајде сите по дома. Треба убаво да се размисли за ова и ако одлучиме да прифатиме - контакти, организација, трчање...
 
Член од
2 јуни 2006
Мислења
238
Поени од реакции
6
I sto napravivte kakva bese zainteresiranosta za temata ?
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Заклучок : се повеќе и повее млади невработени... Ако таквите како нас знаат да се снајдат, има луѓе коишто не можат без да има некој позади нив. Ниту смеење треба, а ниту, пак, жалење туку дела.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Ме испровоцира еден настан не толку одамна...
...имено одам накај Седмица и гледам фамилија Роми од можеби 5-6 луѓе меѓу кои имаше 3-4 деца како купуваат сендвичи и кока-кола директно од сендвичарата што е за десет денари поскапа од колонијал,се замислив и си реков...јас штедам 3 дена јадам геврек и јогурт за да си дозволам оброк од таму,но си викам па и тие се луѓе нека си го направат ќеифот...
...продолжувам понатаму и пред ГТЦ гледам млада девојка исто Ромка со мало бебенце во рака проси,таман се фатив да и дадам 10 денари кога во тој момент и заѕвони мобилниот,во ист момент се стаписав и ја вратив парата во џеб,ме интересира што мислите вие? Дали реално немаат,незнаат како со парите,или можеби имаат па и повеќе од нас? :toe:
П.С.Ми текна и една друга сторија кога на семафор ми бара едно мрсулаво детенце 5 денари,гледам во паричникот имав само 500-денарка така да му викам немам ситно жалам...во тој момент детенцето вади туце пари и ми вика немај гајле јас имам ситно ќе ти раситнам :jaj:....коментари?
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
П.С.Ми текна и една друга сторија кога на семафор ми бара едно мрсулаво детенце 5 денари,гледам во паричникот имав само 500-денарка така да му викам немам ситно жалам...во тој момент детенцето вади туце пари и ми вика немај гајле јас имам ситно ќе ти раситнам :jaj:....коментари?
Бизнис си е бизнис :) ...

Има пуно вакви питач-фејкер особи, али можат да се препознаат со малце појше обазривост. Али има и некои што се влечат со скршена нога целата со некоја болуштина кои ти е гад да ги глеаш , а камоли да застанеш да им истовариш ситен кеш. Тие не се фејкери.

Ја не давам пари на питачи. Никад, на никои. Дали е самохрана мајка, дали го згазила кола не ме интересира. Принципот ми е дека ако дадам на еден ќе треба да дадам уште на 1000 такви ко него . . .
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
На инвалид давам,што му земал господ ни едни пари не можат да му вратат.На здрав прав поретко,иако некогаш знам да се сожалам ама повеќе не давам од инат зашто мислам дека сите се лажговци.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Како што кажав членот погоре на инвалид може или ептен стар истоштен човек, инаку нешто најинтересно што ми се случило во Велес пазарен ден на мало мовче седнато девојче едно 15-тина години и проси и до него помало, и сега девојчево јаде лепиње а помалово јаде бурек и бараат пари ?? - Ова ми е нешто незамисливо, кога може они 100 денари да фрлат за едно јадење зошто јас да им давам пари.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Како што кажав членот погоре на инвалид може или ептен стар истоштен човек, инаку нешто најинтересно што ми се случило во Велес пазарен ден на мало мовче седнато девојче едно 15-тина години и проси и до него помало, и сега девојчево јаде лепиње а помалово јаде бурек и бараат пари ?? - Ова ми е нешто незамисливо, кога може они 100 денари да фрлат за едно јадење зошто јас да им давам пари.
Ама брат и ти си се ставил во ситуација да немаш пари а да трошиш:(
Едноставно немаат и кога имаат тоа што им било ќеф го купуваат,зар мислиш дека ако знаеле да штедат немало до толку големо дно да стигнат?
Можеби и сиромаштијата во државата си го прави своето ама јас си знам по мене,сеа неам а коа ќе зеам плата знам на што ќе ги истрошам парите,така е и кај нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom